Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар. За себе го задржал кралството западно од денешна Србија.
Делот кој го отстапил на Паон, кој станал крал на споменатите територии и ги прогласил за кралство Паонија, а народот кој живеел таму за паонци кои покасно низ времето се стекнале со своите посебности кои и ден денес се присатни меѓу жителите на тие територии но и во записите кои сведочат за нивното минато.
Додека на крајот на југ на Балканскиот полуостров кралство создал синот на Илириј и Електра, Јасион или Јасин кое како што рековме го нарекле Јасонија со народ Јасонци или Јаси кои можат и денеска да се сретнат на просторот околу Крстина, Хрватска населени од Епир во денешно време.
Многу автори во своите дела напишани за подемот на македонската држава особено под раководство на кралот Филип втори Македонски и неговиот син Александар трети Македонски споменуваат дека со своите војски војувале со соседните народи како што се: Перхеби, Тауланти, Дардани, Паонци, Трибали и Трачани.
Знаеме дека Филипа дошол на кралска позиција во Македонија во 361 год. п.н.е, а тоа е податок дека и покрај тоа што за неколкуте милениуми години пред него се измениле многу кралеви како во овие држави така и во неговата, народот под раководство на тие кралеви го менувал името, и името на својата територија, но сепак успевал и да си го врати некогашното.
,,Таулантите биле моќно илирско племе населено околу Епидамна, денешен Драч, во денешна Албанија,,.
,,Автаријатите биле исто така илирско племе населени северно од Таулантите,,.
Аријан во истото поглавје вели: ,,дека Александар со војската се движел по реката Еригон, денешна Црна Река во Паонија - кон градот Пелиј, град во Илирија, кој кралот Клито го држел во свои раце како најдобро утврден во тоа време, со обѕир на неговата локација во планината Пелиј. Кога Александар ста- сал до реката Еордика, сега Девол, се улогорил.
Реката Еордика била во Илирија,,.
Квинт Куртиј Руф во своето дело: ,,Историја на Александар Македонски,, во книга прва, глава 5 наведува:
,,Кога се враќал Филп од Скитија со голем воен товар, минувал низ земјата на Трибалите, а тие ги зафатиле погодните места и не му допуштале да премине ако не им даде од пленот,,.
Во војската на Филип втори Македонски имало и Грци како наемна војска, кои тешко ги поднесувале неволјите, како и лишувањето од привилилигиите што ги уживале. Поради тоа се јавил бунт во кој изгинале многумина од двете страни, а кралот Филип бил ранет во бедрото. Раната била многу тешка и му остава трага се до неговата смрт.
Еве што пишува таканаречениот татко на Историјата, Халикарнишанин Херодот, во своето дело:
,,Херодова,Историја,,.
,,Од моето време до Тројанската војна има најмногу осумстотини години,од моето време до Дионис, синот на Кадмовата ќерка Самела, има илјада и шестотини години,,.
Дионис, запишан во многу истории како најславен и најголем освојувач, живеел и творел приближно пред повеќе од четири илјади год. п.н.е. Тој имал син по име Македон, кого по враќање од Медија го поставил за крал на Тракија и по кого подоцна своето пошироко кралство го нарекува Македонија.
Поаѓајки од овој податок може да се заклучи откога потекнува името на Македеонија и колку време го носи тоа име, како и дека пред тоа народот бил и останал со исконско потекло од родоначалникот Илириј.
Наведеното нека послужи како вовед во она што значи ориентација за времето во кои настаните подоцна добиваат свои димензии.
Авторот на Историјата за која станува збор во делото наведува дека конечно Паонците, односно племињата паонски што живееле околу езерото Прасијада, Сиропаонци, Пајоплите и др. биле протерани од своите живеалишта додека тие што живееле околу планината Паонгај, Доберите, Агријаните, Одоманите, како и тие што живееле на самото езеро, не биле покорени.
Кога сме кај планината Паонгај да спомениме дека градот Амфипол опфаќал еден огранок од оваа планина, сместен на 4км. од Белото Море, кој се префрла на на десниот брег на реката Стримон-Струма. Сместен на Виа Игнација, главен пат за комуникација меѓу Рим и Истокот. Овој град господарел над единствениот лесен премин за да се продре од бреговите на заливот Контеса во низината Македонија. Стримин-Струма прави еден полукруг околу него и го заштитува на тој начин од север, запад и од југ. На исток градот се поврзува со планината. Понатаму Херодот раскажува: ,,Откако ги покорил Мегабиз Паонците-Пеонците испраќа пратеници во Македонија кај кралот Аминта да бараат земја и вода за кралот Дареј. Од езерото Прасијада има еден сосема краток пат за Македонија .Прво нешто што е до езерото е рудникот од кој подоцна Александар први Филхеленот секојдневно му доаѓало по еден талант сребро. По рудникот зачекоруваме на планината што се вика Дисарон и веќе сме во Македонија,,
пратешли ме лет1,2,3, уште не сум завршил за формирање на македонија.
Се обидовме преку овие извадоци-цитати од делата на Аријан, Јустин или Помпеј Трог, Квин Куртиј Руф, Херодот да ја прикажеме состојбата на Балканот врзана со настаните што се случувале непосредно пред и за време на почетокот на создавање на македонската империја.
Постојат и други авттори како што се Плутарх, Тукидит, Страбон, Псевдо, Калистен од античкиот свет, кои главно пишуваат за идентични состојби. Нивниот пример е следен и од поновите автори на античката историја, бидејќи тие им се извори, но со присуство на субјективизам и невистини што најверојатно доаѓаат од политички причини. Не е напразно ако се обидеме некои работи што се изнесени во овој матерјал ги дообјасниме, и бидеме поблиску до читателите.
Херакле, античкиот јунак од Арголида – синот на Амфитрион и Алкамена е историска личност која завзема видно место во престројувањата меѓу народите пред и по Тројанскатса Војна. Ние немаме намера да се занимаваме со неговите патешествија, но преку нив доаѓаме до сознанија интересни за нашето писание.
Чичкото на Херакле, Евристие бил крал на тогашната држава Арголида. Самиот Херакле се стекнувал со голема храброст од која дури и Евристие се плашел и сакал внукот да му биде што подалеку од неговото кралство, и од тие причини му давал задача како војсководец да војува надвор од Арголида за да не изврши удар во кралството.
Од тие причини јунакот Херакле ги направил подвизите во тогаш познатиоѕ свет. Меѓу другите историчари и Јустин го наведува во своето дело: ,,филипова историја,, и во книга 42. глава 2 вели:
,,Арменија се протега од Каподокија до Каспиското Море,, Основана е од Тесалиецот Армениј, придружникот на Јасон кој што кралот Пелиј сакал да го погуби поради неговата исклучителна храброст што ја сметал опасна за неговото кралство. Одкако му објавил војна тој му заповедал на Јасон да замене на Халкида и да го донесе она знаменито за сите народи ,,овново руно,,.
Пелиј се надевал дека Јасон ќе загине. Кога се слушнало за овој толку славен поход и кога кај него се насобрале влдечките првенци речиси од целиот свет, тој од нив составил војска од многу храбри мажи кои биле наречени Аргонаути.
Откако Јасон извршил многу подвизи се вратил назад жив и здрав и синовите на Пелиј повторно го изгониле од Тесалија. Тогаш Јасон со огромно множество луѓе кои откако слушнале за неговата храброст секојдневно доаѓале.
Имено, рековме дека Илириј имал девет синови и една ќерка. Времето во кое се појавил Илириј на европска сцена може да се лоцира меѓу четвртиот и петиот милениум, почнувајки од денес на назад.
Ако тврди Херодот дека од него до Дионис имало разлика во време од илјада и шестотини години, тоа се заедно со тие читиристотини години пред појавата на Херодот два миле- иума. Ако е точно, а треба да веруваме дека е така, должината на владеењето на тогашните кралеви е седумдесет години, тоа значи дека треба да се додадат годините на Дионис, околу дваесет, на Самела, неговата мајка, како и годините на Кадмо, од тоа произлегува дека се работи за околу четири илјади и двесте години на држави како што се: Автарија, Дарданија, Македонија, Перхебија, Паонијa, Тавлантија, Кадмеја, Тракија ,чии родоначалници произлегува дека се нивните први кралеви, синови на Илириј.
Додека кралот Дионис во историјата на тогашниот свет се појавува во разни имиња како што се: Рамзес први, Рамзес втори, Озирис ,Амон Ра, Ороталт, Рампсинит, Загреј, Апид, Серапис, Бекхос, Усире и др.
Овој крал – бог Дионис познат како најголем освојувач во тогашно и сегашно време кој во својот долг живот, изродил со своите вонбрачни жени, љубовници многу машки потомци меѓу кои и самиот Македон. Македон го имал со својата немажена свеска.
Постојат и други предпоставки дека родоначалникот на македонците потекнува од други родители, но спрема: Домазетовиќ ,,Античка Македонија,,
Како најприфатлива предпоставка која се совпаѓа со времето кога и јасите се преименуваат во македонци како што и бил обичај во тогашно време се ставаат имиња на држави и народи спрема името на кралот во случај со Македон крал на трачаните и македонците.
Понатаму Македон има два сина Пиер и Емат по чие име биле именувани териториите со кои владееле.
Авторите на тврдењата дека Македон е основоположник на името на Македонија делимично се разидуваат во времето на појавувањето на Македон, но како и да е, се птретпоста- авува дека времето може да се лоцира помеѓу 1 500 год.п.н.е Што значи дека оваа територија на денечна Македонија, денешна Грција и Тракија некогаш имале заедничко име Македонија.
Историјата како наука не може точно да даде одговор кога и каде се одиграла Тројанската Војна, со што многу се отежну- ваат работите околу утврување на последователните настани од тој временски период, што навистина само по себе претставува чудо. Некои научни работници од таа свера тврдат и застапуваат едно мислење, а на спроти нив други го тврадат спротивното, односно целосно го негираат претходното тврдење, од што произлегуваат несигурности кај обичните читатели на историјата од тој период.
Кнкретно нам ни се наметнува да бираме меѓу сите научно историски тврдења дека највистини се оние кои нудат логичност помеѓу нештата како на пр: дека Јонското Море е меѓу Грција, Албанија и Италија, а не покрај бреговите на Мала Азија, каде што некои историчари ја лоцираат Јонија како држава, или пак таа е настанала по одвивањето на граѓанска војна како еден вид светска војна.
Од постојаната историска литература до колку истата внимателно и објективно се прочита и протолкува ќе се заклучи дека кралот Дионис со своите дејствија на воен и економски план, како да бил предвесник за случувањата врзани пред и после Тројанската Војна.
Лет1,2,3,.................................зошто се исклучи уште не сум завршил за доказите за Македонија.
Споменатата војна спрема мислењето на некои историски истражувачи навистина била светска војна со оглед дека во тоа време го зафатила познатиот свет исфрлајќи протагонисти од типот на Херакле, Пријам, Хелен и др.
Македонија во тоа бурно време како и останатите држави ја зафатила борбата за опстојување што е многу тешко да се опише во еден ваков временски и просторен теснец.
Ќе напомениме дека таа не можела да ги одбегне настаните на процесите кои траеле повеќе десетици години и каде доаѓало до менување на кралеви и територии како на филмска лента.
Било како било историјата како наука ќе истражува и ќе докажува некои тврдења ќе ги потврдува, а некои ќе ги негира и така во недоглед, но сепак евидентно е дека Македонија е држава која менувала кралеви, кои и го менувале името раководени од нивното име, но народот кој живеел во неа од некои па до сега останува со исти или слични традиции, особености и посебности во однос со сите од подалечното соседство.
Ќе ни треба многу време и простор да ја презентираме историјата на Македонија и нејзините соседи во времето од Тројанската Војна па до појавата на македонските кралеви од династијата Темениди почнувајќи од Пердика први но затоа пак ќе се потрудиме да напоменеме за периодот во кој се појавува кралот Хелен, син на Пријам кралот на Троја.