Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Абе се тоа фино, само едно не ми е јасно... од кога О2 стана сигурен* показател на живот на друга планета, ако се земе предвид дека едноставно... живиот свет** таму не дише кислород, или па воопшто не дише, ги разменува материите и енергијата на друг начин, различен од оној нас*** познат.
*100%
**можеби и енергетска форма на живот
***обичниве смртници
О2 еко-системи се ретки и најкомплексни еко-системи во космосот. Почести се тие базирани на метан или хидроген. Јас не знам зошто О2 е земен како репер за живот. Можеби сакаат да најдат интелигентен живот со кој имаме нешто заедничко, :icon_roll ?
Група АТА:
- Beta Canum Venaticorum - ова е првиот избор на Турнбал. Се работи за ѕвезда која е многу слична на нашето Сонце, оддалечена од нас 26 светлински години во соѕвездието Ловечки кучиња (Canes Venatici).
- HD 10307 - оваа ѕвезда од нас е оддалечена околу 42 светлински години. Има скоро иста маса, температура и метален состав, како и нашето Сонце. Но, за разлика од Сонцето, оваа ѕвезда е дел од бинарен систем.
- HD 211415 -оваа ѕвезда е малку поладна од Сонцето, но количеството на метали кое го содржи оди во прилог на потргата по живот во Вселената.
- 18 Sco - лоцирана во соѕвездието Скорпија (Scorpius). Скоро е идентичен близнак на нашето Сонце. - (има живот)
- 51 Pegasus - ова е ѕвездата околу која беше откриена првата екстрасоларна планета, во 1995 година. - (има живот)
Група TPF:
- Epsilon Indi A - оваа ѕвезда се наоѓа во соѕвездитето (Indus), од нас оддалечена 11,8 светлински години. Има само 1/10 од сјајноста на нашето Сонце.
- Epsilon Eridani - нешто поладна и помала ѕвезда од Сонцето. Оддалечена е околу 10,5 светлински години, а се наоѓа во соѕвездието (Eridanus). - (има живот)
- Omicron2 Eridani - оваа ѕвезда е стара исто колку и нашето Сонце. Од нас е оддалечена 16 светлински години.
- Alpha Centauri B - една од најблиските ѕвезди до нашиот систем. Оддалечена само 4,35 светлински години од Сонцето. - (има живот)
- Tau Ceti - ова е ѕвезда од тип „G”, која ја има истата сјајност како и нашето Сонце. - (има живот)
Ќе видиме дали ќе не лажат и кога ќе стигнат таму. Ако претходно не добиеме официјално признание. Останува да се види.