Ареа

Незз за вас, но кој беше на Лени Кравиц ( пред него пееше ареа ) ке свати што сакам да кажам.... Лонг лив Ареа ! =Р

Баш на Лени најмалку внимание им обраа, сите беа изнемоштени од чекањето, единствено со песната "Сите мои слики" ја развикаа публиката малку, а потоа кој колку примети и шо пееја:) Хендикеп е да си предгрупа во овој случај...

Ареа се супер инаку, албумот "Сите мои слики" мислам дека нема човек кој го нема во фиока или на компјутер, новиот чекам да го преслушам па ќе го коментирам, иако не се сомневам во нивните исклучително добри текстови.
 
Закон се ареа и новото и старото е супер.
 
Феноменални се и имам голем респект за нив..
 
Ареа unplugged во Скопје
вторник, 02 февруари 2010


Групата Ареа после пауза од осум години повторно со самостоен концерт во Скопје



Бидејќи бендот двапати го полнеше Скопски саем и до денешен ден има повеќе од десетина настапи во електрична варијанта во Скопје, нивна желба беше првиот нареден концерт да биде во акустична unplugged варијанта, што секако е извонредна шанса Ареа да ја видиме во едно поинакво издание како и сите големи светски бендови.
Како најприкладен простор за таков настап избрана е Универзалната сала во Скопје, а концертот е закажан за 16-ти април.

На концертот ќе имаме можност да ги чуеме композициите од новиот албум на Ареа „Се што сакам си ти“, но и култните „Сите мои слики“, Одведиме“, „Колку ми значиш“...што значи сите евергрин хитови на Ареа, во изменети unplugged аранжмани.

На концертот ќе бидат ангажирани како гости и дополнителни музичари, а како што најавија од Авалон Продукција, не очекуваат и многу други изненадувања.
 
Знае некој од каде може да го симнам последниот албум ?
 

Ареа беа многу поактивни на времет сеа нешто послабо, ама сепак немаат некое фалш парче, им симнувам капа :)
 
Ареа во Универзална со гудачи


Откако два пати ја наполнија Метрополис арената во Скопје, одржаа повеќе од 100 електрични концерти низ земјата, Ареа по 8 годишна пауза со големо изненадување за рокерите и почитувачите на рок музиката во Македонија.
16 Април Универзалната сала во Скопје ќе биде местото каде Ареа ќе ги врати Сите мои слики а и ќе ги претстави своите најнови песни.
%20za%20vo%20tekst%20111111.jpg

Покрај Ружица, Ивица, Чеде, Горан и Владе на сцената во Универзалната сала ќе се појават и две виолини и две виолончела. Идејата за овој нов момент на нивниот прв анплагд концерт е заедничка а причината потребата за новитети во овој култен македонски рок бенд. И за да не прераскажуваме, бидете дел од ова Ареа случување на 16 ти Април во Универзалната сала во Скопје. Бекстејџ сигурно ќе ги има деталите од зад сцената.
 
Ај некој да ми каже колку албуми имаат (со се лајв)?

И линкови да ми прати некој, ама шшшт, да не слушне Кискино.:D
 
Ареа ти се баче ко искината фармерка, секогаш се у тренд
 

Мислам дека овие песни им беа од последниот албум.Да не излезе нешто после,некој поупатен?
 
Нешто понепознато
Со песнава победиле на Рок Фест во 1992 година
Од истата година
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom