АРЕА unpluged во Универзална сала - 16.04.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
8.549
Веб-сајт
www.flickr.com
Ареа со анплагд концерт во Скопје

Гостиварскиот бенд Ареа по пауза од осум години повторно ќе има самостоен концерт во Скопје. Акустичната анплагд варијанта на концертот е закажана за 16 април во Универзалната сала, бидејќи тој простор е најсоодветен за ваква концертна форма, велат организаторите Авалон продукција.

Бидејќи бендот двапати го полнеше Скопски саем и до денешен ден има повеќе од десетина настапи во електрична варијанта во Скопје, нивна желба беше првиот следен концерт да биде во акустична анплагд варијанта што, секако, е извонредна шанса Ареа да ја видиме во едно поинакво издание, како и сите големи светски бендови.

На концертот ќе имаме можност да ги чуеме композициите од новиот албум на Ареа "Се што сакам си ти", но и култните "Сите мои слики", "Одведи ме", "Колку ми значиш"... што значи сите евергрин-хитови на Ареа во изменети анплагд аранжмани. На концертот ќе бидат ангажирани и други музички имиња, а, секако, ќе има и многу други изненадувања.

(А. Ѓ.)

Извор: Вечер
 
Би присуствувал ако најдам сопатник кој ќе ме дружи за време на патувањето преку цела држава.
Поштовање до Ареа.
 
Ќе ја наретам девојка ми да ми купи карта за ова, 2 дена пред мојот роденден е :)
 
Фала богу. Еден македонски бенд минус што го чекам за концерт. Има време до концертов, се надевам дека ќе присуствувам. Ми текнува кога бев копиљ на времето цело време вртев една касета од АРЕА. :)
 
Јеиииииииииииииииииј :) Супер :):aplauz::bravo::zlo:
 
Алелуја :cuc::cuc::cuc:
Конечно :vozbud::vozbud::vozbud:
Со години им чекам концерт или нешто слично. Се решија да го направат :)
Локал патриотски во први редови ќе бидам :pos:
 
Ејјјјјј ова со братучетка ми у прв ред, ќе скокамееее:vozbud:
 
што сте се усилиле толку? кај ќе скокате на анплагд?
инаку се супер за концертов, ама дај нека направат и еден на саем, ама со електрични гитари и се што иде со тоа, да рокаме малку:smir:
 
Изгледа на дечкиве им снема пари, па си рекле "ај ќе праиме концерт, да зееме некој денар" :nesum:
 
Изгледа на дечкиве им снема пари, па си рекле "ај ќе праиме концерт, да зееме некој денар" :nesum:

А што друго да мислиш за група што 2 пати полни саем, па прави концерт во Универзална? Поздрав до фановите? Или коњ-на-магаре-беспарица синдром? Peh-lease. :smir:
 
Изгледа на дечкиве им снема пари, па си рекле "ај ќе праиме концерт, да зееме некој денар" :nesum:

Да де до тоа е само :)
Да им беше до тоа им снемало пари па ај да собираме, почесто ќе имаа свирки и концерти и се живо :)
Не викам ја дека не е една причина и пари, ама описов твој малце беше престрог :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom