Ареа 51, Невада

  • Креатор на темата Креатор на темата gale_vlae
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека мисли на поинаков начин дека не ја изгубиле.

За ова си dean on.

Нивните следбеници ќе ја продолжат. А во последно време ги има се повеќе и повеќе. А и си имаат причини. Стварно добри причини.

Кои добри причини?

ДМТ се лачи додека спиеш.

А негова злупотреба и не е баш добра.

Да, но се лачи во големи количини кога се раѓаш, и кога умираш. Исто и кога имаш NDE (Near Death Experience) и медитација. Сум имал NDE неколку пати а практикувам и медитација, така да ги имам осетено ефектите, знам што зборам. А сигурно не зборам за злоупотреба.

Ја имам гледано аутопсијата на наводниот вонземјанин...нема покажано ниту орган,ниту некој дел освен телото-единствено нешто што одговара е просторијата каде се врши аутопсијата-часовник од 50-сти,таква опрема...

значи тоа е само за промовирање туризам.

Тоа со аутопсијата беше FAIL од почеток, уште кога прв пат ја видов снимката. Инаку имало 5 тела од кои ДВЕ преживуваат. А Случајот Розвел бележи две урнувања, не едно. Во другото нема преживеани.

12 убиства-Во САД годишно гинат луѓе од огнено оружје околу 10000 толку немаат америте изгубено во војниве..

Абе батали стистики, те прашав зошто тие 12 луѓе се убиени? Што е тоа што го виделе што го натерало да се обидат да ја известат јавноста по секоја цена, па и животот?

Колку има ванземско во Б-2,толку и во овие чинии,едноставно тие биле феарфактор,а и се планирало да можат да транспортираат тенкови...но феил.

Велиш германците не ја изгубија втора светска војна-ами оти беа поделени на источна и западна германија...тие од источна германија ризикуваа живот да преминат во западна за кока кола и мк доналдс.

Батали Источна и Западна. Ти зборам од општа гледна точка, ако мислиш дека ја изгубиле војната, гадно си се излажал. НИКОЈ не ја изгуби војната ниту ја доби. Играа по сценарио и не знаеја каков крај да стават па решија да ипровизираат. После 2ра светска војна, наци научници се транспортирани во Америка да работат со американски научници на разно разни тајни проекти. Еден од првите проекти беше 'умствена контрола' и 'техники на перење мозок.' Некој од вас забележал која популарност меѓу научниците и истражувачите добива психоанализата? Тогаш некаде почнуваат и оние реклами со сублиминални пораки, кои ги имаме до ден денес.

епа баш таму сите дроги се прает бе... шо ти е чудно :) иначе мислам дека се е некое маркетиншко срање... ќе кажит времето...

Како не таму се правеле сите дроги. Да не се прават и во Каучу племињата? Абе ај не заебавај.
 
Кои добри причини?


Мислев за неонацистите(of course). Причини? Имигрантите од Африка и други земји. Знаеш какви протести имаше во Париз. Италијанците веќе почнаа да ги бркаат. Па сето "ѓубре" од Африка влезе во Европа. Океј, не се сите ѓубре, ама поголем дел од нив стануваат криминалци (најмногу дилери, а и др.). Се знае како живееле во Африка, а кога ќе дојдат тука ја "пренесуваат" Африка во некој кварт во Париз или Лондон. Кој ги сака нив? И затоа почнуваат екстремните организации со кампањи... примери има многу, еве да го спомениме ККК од САД (иако тие не се неонацисти), кои не ги сакаат црнците. (проблемот со ККК е многу поопширен)
И уште нешто, црнците ги избркаа белците од Африка. Правда?
 
паа ова место веќе е добро чувано и такви ми ти работи.. ако влези некој на територијата нивна шо е обележано со знаци, чуварите имат дозвола да пукат и да го убијат без да одговарат пред суд и бла бла.. само ме чуди како сите велат дека е тајна а цел свет збора за неа и шо се дешава во неа.. ма изглеа е само една "напредна" воена база под помош од виша интелегенција...
 
ма изглеа е само една "напредна" воена база под помош од виша интелегенција...

Напреден центар (база) за воени истражувања без виша интелегенција.....само луѓе.:wink:
 
Напреден центар (база) за воени истражувања без виша интелегенција.....само луѓе.:wink:

јас сум во криво за ова реченица.. неосмислена е баш.. под дејство на алкохол пишев :PPP хех..:vozbud::vozbud:иначе то го напишаф само поради то шо многу луѓе тврдат дека тика се испитват вонземјани марсофци еднооки сучтества и бла бла.. и биле напраени бомбардерите овај она.,. еми керата тие ги напрајле Б-1, Б-2 и ред други а не ентерпрајс од стар трек или спејсшипот на хан соло.. ништо чудно.. ама има и ред други работи шо не ги иам разгледано јас и така..
 
Хммммм....интересно не сум запознаен со ова ама би сакал ако знае некој да ми даде линк да погледнам некаде подетално за што се работи!! ФАЛА ОДНАПРЕД!!:smir:
 
Прв дел

OFF
Од кога ја прочитав целата тема од почеток до крај дојдов до заклучок дека само пар јузери делумно ја допреа вистина, а останатите се вртат во круг.

Време е да ја разоткриеме мистеријата. Мислам дека одговорниот модератор ке треба да ја премести темава во Авијација.

ON

Митот за "Ареа 51" и тајната USAF Ескадрила RED EAGLES

Што кријат Американците во најстрого чуваната воена тест база во Невада

21if9.jpg


Ова е една од најтајните места на земјината топка. Тоа е строго чувана територија која му припаѓа на американското ВВ (USAF) и кое побудува многу фантазии и прашања што се крие зад оградата на тајната база наречена "зона 51".

Случајот Rosswell

1947 година се појавија наслови во американскиот печат за падот на непознат летечки објект во близина на градот Rossvel во Ново Мексико. Многу набрзо од владата и воените власти доаѓа демант со исправка дека не е НЛО туку се работи за пад на еден метеоролошки балон.

1980 година, двајца американски автори, го вратија случајот на насловните страници објавувајки докази дека на територијата на воената база, се уште се наоѓаат остатоци од НЛО-то и телото на вонземјанинот. Се верува дека целата приказна е оркестрирана од ЦИА по налог на Американската влада, за да се прикријат тамошните вистински активности, а локалното население да се држи во страв.

(USAF – Red Eagle)

За жал на сите љубители на научната фантастика најновите истражувања откриваат една, за Американците, и поголема и построга тајна е дека всушност не се работи за НЛО-и, туку за овоземски идентификувани летала од од времето на Студената војна.

Сето тоа започна со Корејанската војна, каде што големата супериорност на рускиот Миг-15 во сите видови воздушни борби над тогашните американски соперници им задавало големи грижи на американските воени стручњаци. Американските разузнавачки служби од највисока инстанца добиле наредба по секоја цена да се докопаат до руските авиони и детално да ги испитаат. На огромна среќа на истите, еден руски пилот одлучува дека би му било многу поубаво на запад и заедно со еден МИГ-15 слетува во американска воена база.
Во најголема тајност МИГ-от е префрлен на територијата на посочената воена база во близина на Лас Вегас, каде што се спроведувале големи и најстроги испитувања и правење на копии на рускиот авион со цел тренажа на американските пилоти и борба со вистинскиот МИГ-15, односно неговите копии.

Тогаш пламна фамозната Израелско-Арапска војна која траеше само 6 дена. Израелците запленуваат 3 нови МИГ-21 и неколку постари модели. Потпишуваат голем договор со Американците, кој и ден денес важи, каде што Американците и ден-денес се должни на Израелците да им ја испорачуваат најновата воена техника, додека Израелците се што е запленето испорачуваат во споменатата тајна воена база.
Тогаш е основана тајната воена ескадрила Ред Игл, со задача за што поуспешна борба против оригиналните Советски машини.

Со потпишување на споразум помеѓу Индонезија и УСА, УСАФ добива уште десетина во тоа време најсовремени Советски апарати, но кулминацијата дојде тогаш кога Египет потпишува воен договор за соработка со УСА и ги трампа тогаш најсовршените модели на светот МИГ-23 за американскиот фантом.
Едноставно Американците многу полесно доаѓаа до Советските авиони, додека Советите единствениот модел до кој што дојдоа буквално мораа да го украдат од една германска база.

Летечка фотокамера

На територијата на воената база Ареа 51 вршени се испитувања (често и во присаство на ЦИА) на прототипови на шпиунски авиони, од кои се издвојува случајот кога еден У-2 малку "излетал" од воздушниот простор на базата при што бил виден од локалното население кое што веднаш го поврзало тоа со веке познатата приказна за НЛО. Ова од друга страна многу им погодувало на американските власти за да ги сокријат сите тестирања под копрената на необјасниви околности.

Многу се ретки доказите за оваа теорија, бидејки се било под ТОП СИКРЕТ категорија, но покасно се појавуваат приватни слики на пилотите на кои што во позадина се гледаат авиони од руско производство. Најголемото откритие се сликите на израелски пилоти сместени во кокпити што доведува до заклучок дека тие глумеле руски пилоти.

Испитувањата и тестирањата течат и понатаму. Дури после десетина години доаѓаме до некои информации, и покрај тоа што денес е многу полесно со сателитската шпиунажа. А Русите љубоморно го кријат тоа што таму го гледаат и знаат бидејки спремаат адекватни преговори.


Ова е содржината на емисијата History, емитувана на Германскиот втор канал ZDF на 22.11.2009 година.

Не е битен лошиот превод, туку содржината на колумната

Втор дел

Мала исправка во последната реченица во колумната. Стои:
А Русите љубоморно го кријат тоа што таму го гледаат и знаат бидејки спремаат адекватни преговори.
А треба да стои:
А Русите љубоморно го кријат тоа што таму го гледаат и знаат бидејки спремаат адекватни одговори.


10ftlz7.jpg


MIG-17 FRESCO i F-106 vezba

fmtf9t.jpg


MIG-21 hangar
wtulol.jpg

2djap3s.jpg

30t04yo.jpg

2z4kawh.jpg

rhqt5d.jpg

s5vfr7.jpg

2eftld0.jpg

1zcpwfn.jpg

2qmhqv9.jpg

2qmhqv9.jpg

30uwf2u.jpg

2zjl6wk.jpg

nq32e.jpg

291eura.jpg





Еден од изворите кои се користени
http://www.abovetopsecret.com/forum/thread233946/pg1
 
Во овој контест се обвинувањата што паѓаат врз Боб Лазар (ваљда знаете кој е), дека всушност е подметнат од владата, да се појави во јавноста, за да го засили прикривањето, односно да ги зголеми сомнежите околу наводните НЛО-а што се наоѓале во базата.
 
Во овој контест се обвинувањата што паѓаат врз Боб Лазар (ваљда знаете кој е), дека всушност е подметнат од владата, да се појави во јавноста, за да го засили прикривањето, односно да ги зголеми сомнежите околу наводните НЛО-а што се наоѓале во базата.

Токму така Бети.

На сликите каде што е МИГ-21 е "characteristic US UHF antenna under the fuselage". Еве го паркиран засекогаш во музеј во Киртленд, УСА:

http://www.aero-web.org/database/museums/getimage.htm?id=5219
http://fjphotography.com/constantpeg/forum/index.php?topic=74.0
Уште неколку извори
http://fjphotography.com/constantpeg/forum/index.php?topic=91.0
http://fjphotography.com/constantpeg/forum/index.php?topic=48.0
Хронологија на Ред Игл ескадрилата
http://fjphotography.com/constantpeg/forum/index.php?topic=26.0

Ова е Nellis Threat Training Facility. Американските пилоти го викаат Контејнер. Јасно се гледа гомила оружје од Варшавскиот пакт.
5otqo3.jpg


А внатре во еден од хангарите е и еден МИГ-21 одлично сочуван
10wu1vl.jpg
 
У Гта Сан Андреас го начекав и ова како и градот Ел Дорадо.. само што тука не го убив тој џандарот Пуласки туку тука го украдов тоа Џет Пак леталото и му го однесов на мрднатиот хипик, само што многу ниско ме одјеба, Џет Пакот коштал 3.000.000$ а мене за завршената мисија не ми дае ни динар.. а сам сум влегов у таа Ареа 51, сам потепав милијарда војници, и сам го украдов тоа чудото. :baeh:
 
Област 51 (Area 51)...... Chariots of the Gods?

1)Областа 51 е воена база во Невада каде наводно има вонземјани и врз нив се вршат испитувања,па дали сте прочитале или слушнале нешто околу тоа?

2) Chariots of the Gods е книга од познат германски научник кој се занимава со НЛО и суштества со поголема интелигенција од нашата(немора да се марсовци)
во која има безброј и безброј факти и докази дека тамо горе има нешто....

Во неа се отворени прашањата на пирамидите,на местото Наска,на брзиот развој на технологијата во последните 30 години ....

Па што мислите дали е ова само едно шоу за лугето или има нешто тука?Секој што гледал или прочитал нешто го молам да пише(да постира) за темава да биде читлива и интересна преку факти и конкретни сопствени мислења.
Ова се како две прашања во една тема бидејки двете се поврзани па за двете можеме да дискутираме.
 
Знам дека до скоро неможеше да се гледа од гугл мапс... ама сеа отворија да се гледа на гугл мапс...


Суштества со поголема интелегенција.. хмм.. сеа со вештачково вкрстување... ке ги има тука... ке вкрстат зигот од татко со iq 160 и мајка iq 160.. па за 2-3 генерации... ке имаме фрикови....
 
Суштества со поголема интелегенција.. хмм.. сеа со вештачково вкрстување... ке ги има тука... ке вкрстат зигот од татко со iq 160 и мајка iq 160.. па за 2-3 генерации... ке имаме фрикови....


Не дај боже да дојде до тоа:smeshko:
 
Back
На врв Bottom