Archer

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307


Од дамна планриав да отворам тема за серијава, и кога никој до сега не отворил решив сега да ја отворам.

Archer е анимирана серија за возрасни што се емитува на американскиот канал FX. Серијата се емитува од 2009 и до сега има 4 сезони, со веќе склучен договор за 5та сезона.

Серијата се врти околу авантурите на тајниот агент на ИСИС (пандан на МИ6,ЦИА итн.) Стерлинг Арчер.

Стерлинг Арчер не е како сите херои што ги знаеме. Тој сака да пие, да се коцка, да има едно ноќни авантури со проститутки, да се однесува лошо со колегите или со еден збор тој е кошмарниот зет на секоја мајка.

Но и покрај сево ова тој е најдобриот агент на ISIS, агенција која што се бори со тероризмот и злото во светот а е водена од Малори Арчер, мајката на Стерлинг Арчер. Неговата мајка е слична на нејзиниот син. Пие, се коцка, и има безбројни авантури со помлади и постари мажи.Сите овие авантури резултираат со тоа таа да не знае кој е татко на нејзиниот син.



Другиот таен агент на ISIS е Лана Кејн, надарена црнкиња со проблеми со самодовербата. Таа е поранешна девојка на Стерлинг Арчер и воедно е најдолгата врска на Стерлинг со некоја девојка. Нивните заеднички шпионски авантури им носат многу незгодни ситуации заедно.




Останати вработени во ISIS се Сирил Фигис, Шерил/Карол Тант,Пем Пуви, Др. Кригер,Реј а помошник на нашиот херој (?) е (навидум) симпатичниот старец Вудхаус.

Оваа серија е еден вид на пародија на шпионските филмови (како на пр.филмовите за 007) и е позната по преголемиот број на (обскурни) референци кои што се тешко приметливи на прво гледање.

Се надевам дека има други членови на форумот што ја следат серијата а ако нема се надевам дека темава ќе ги натера да ја погледнат оваа анимирана серија. Една епизода трае 20мин.

 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Обично не сум фан на анимирани серии, ама оваа ми фати око после само 1 т.е. половина изгледана епизода, што дефинитивно значи нешто.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ни ја не сум фан на анимирани серии многу многу, али оваа би можел да ја погледнам деновиве.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Ја фатив пред некое време на некој од овие нашиве шкљ телевизии и одма ми фати око, букмарк и напраив, сигурно ја симнувам (y)
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Планирам да ја почнам, еден другар со неизострен вкус за аниме ми ја препорача и не ми беше до крај веродостојна неговата препорака. Иако не сакам анимирани ретко имам пробано лоши серии препорачани на форумов.. :)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Серија со брилијантни ликови, дијалози и one-liners :)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Ако некогаш почнам да ја гледам серијава тоа би било само поради надаренава...:icon_lol:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
VLJ нели ти имаше ваков аватар со овој ??
ми изгледа анимацијава како од некоја аркадна игра на флипери шо игравме, само по хај резолушн
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Со VLJ никако да го натераме ElNinho да ја гледа. :D

Иначе и Сирил е добар а Докторот владее.
Ме дупеше интернетот бе не можев да спуштам асално. Спуштив вчера прва сезона, еве од вечер почињам, Ај промис. А исто вака ми се дешаваше и со Banshee, значи и оваа ќе биде добра! :D
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
VLJ нели ти имаше ваков аватар со овој ??
ми изгледа анимацијава како од некоја аркадна игра на флипери шо игравме, само по хај резолушн
Тој беше на аватар да, Стерлинг Арчер. Ретро анимацијата си е таман и ептен и` одговара на серијата.

На времето кога ја загледав серијата не ми беше многу погодена, ама и` дадов шанса и после некоја епизода ме навлече ептен. Сега после четвртата сезона, според мене најдобрата сезона до сега, серијава ми е една од најомилените комедии.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307
Исто интересно за серијава е што нема некој временско доба во кое што се одвива. Има елементи од 20ти и 21ви век. Ова дури и сценаристите го сфаќаат и го имаат спомнато индиректно во еден дијалог.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307
Еве ви линк на кој што може да ги видите сите референци спомнати во серијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom