Произведен парфем од сперма, пот, мрсули и крв
Парфем, кој во себе содржи измешани мириси на крв, пот, сперма и мрсули, се појавил во продажба во Лондон. “Дали сакате нов парфем, а желбата ви е да бидете сигурни дека нема да мирисате како мнозинството луѓе?
Парфемот “Secretions Magnifiques“, кој содржи измешани мириси на крв, пот, сперма и мрсули е опција. Цената му е 76 фунти (околу 100 евра)“, се вели во текст во британскиот весник Метро.
Новиот парфем на пазарот бил прилично добро дочекан. Засега се продавал само во познатата лондонска продавница “Harves Nichols“.
Производителот “Еtаt Libre d'Оrаnge“, својот нов парфем го нарекува “вознемирувачки и визијата за него е како алтернатива за оние како што се легендарниот “Poison“ на Диор или пак Шанеловиот “Nо.5“.
"Тоа е како љубов или омраза на прв поглед. Исто како и неговите состојки, “Secretions Magnifiques“ е толку раеален како љубовниот однос кој ве “крева во висина“ и ве води до води до совршенство“, рекле надлежните од фабриката “Еtаt Libre d'Оrаnge“
Сепак човечките течности не се единствените состојки на овој парфем. Во него има и кокос.