Apple го презентира iPad

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Пријателе, да се разбереме, Епл си е Епл, маркетинг машина. :)

Ова со iPad се шушкаше намерно низ блогосферата веќе подолго време, последните денови само шпекулации се ширеа, кои точни, кои не...

Стив Џобс рече дека ова е најбитната работа што ќе ја издал во животот. :) А после цела конференција ги убедувал кој е точниот пазар за производов. И Епл се плашат дека нема да се пласира ова бидејќи не е практично, барем не доволно. Ова ти е како дежа ву со Vista, прекрасна идеа, не доволно осмислена. За година очекувам iPad 2 со сите недостатоци пополнети. =) Паралела со Windows 7. :)

Иако е мнооооооооогу закон, сепак е играчка, само голем iPhone. :)

П.С. Има усб адаптери, значи за да поврзеш усб ќе платиш уште за смешен адаптер... глупости. :)
Ај кажи што би сменале во iPad 2?
Самото име кажува дека се работи за таблет писи, формата е таа, каква сакаш да биде?
Значи технологијата се насочува на што повеќе јузер френдли (читај идиотски) интерфејс, ти нема на ова да седнеш и да програмираш.

Нешто како автомобилите, секој за својата намена
 
Епа јас не сум класичен американец и веќе кога давам пари имам право да барам некои основни работи како што е мултитаскинг. ај не заебавај - замена на нетбук а нема мултитаскинг а нема ни флеш :tapp: нашминкан е скроз за тоа нема муабет прекрасно се средени ефектите , особено за сликите менито (ма да ми личи малце на нексус 1 менито за слики ) гестовите се закон. ама ко шо рече ти овај продук баш е за некој американци( а богами и македонци ) да кажат дека го имаат најновиот продукт на ејпл. и јас би сакал таблет итоа многу ама би побарал во него нешто повеќе од убав интерфејс. и мислам и други луѓе би се сложиле со мене.
а бтв очекував повеќе од надворешниот дизајн, епл можат мн подобро од тоа да растегнат еден ипод тач.
:smir:

Не ми е јасно, колку е тешко да сватиш дека не си целна група на потрошувачи? Едноставно не си. Уредот како прво е замислен да биде интуитивен и минималистички за употреба, работи кои што тебе не ти требаат, а многу му требаат на некој обичен корисник кој сака брзо, лесно и прегледно да прочита вести, прочита мејл, гледа видео, прегледува документи. Верувај доста корисници ќе го земат ова само поради тоа што не мора инсталираат Office, Outlook, Browser или Video Player. Не знае народот, не сака ни да знае.
 
ок, не сум. и ти си во право и јас сум во право.само да ти кажам, дека ако иПад не беше на епл, немаше да има успех(ако воопшто има иПад-ов)

иначе болдираново ми интересното во вакви продукти, зошто ми е ит продукт ако нема да чепкам во него :D :smir:
 
Се прашувам која будала ке го купи ова.......
 
Абе и за ајфонот викавте кој ќе го купит, па испадна секој втор да имат.
 
Каде е Милојко ОДМА да потврди дека ова е тоа вистинското што треба секој да го има!

MSI-android-tablet-big.jpg

:smir:

BTW: Не се секирајте и за мултитаскинг и за к*ртаскинг....Чичко ми Џеј Фримен ака Саурик веќе го има враце.Гарант крои нешто :) :helou:
 
Како рече едиторот на Gizmodo, сумирано во една реченица.

You can't chat while you listen to music.

Во една реченица кажа зошто ќе биде еден EPIC iFail.
 
You can't chat while you listen to music.

Нема USB, стварно голем минус. Барем еден порт да имаше. Веројатно следната генерација ќе го има, али до тогаш...
Но, тоа не е толку страшно колку што е страшно ова со мултитаскингот. Се губи поентата да имаш чет клиент и меил клиент инсталирани на него, ако не можат да бидат активни додека читаш весник сабајле на него (еве, да влезам во нивниот филм).

Добрата ствар е што тоа е чисто софтверски проблем на кој што се работи моментално. Постојат шпекулации дека со iPhone OS 4.0 ќе има мултитаскинг поддршка и на телефонот... а, пошто е истиот ОС, и на таблетот.
До тогаш, ова е страшно ограничено парче хардвер, по мои побарувања. Но, (цитат од Хси) јас не сум целна група :)

Сепак, да се надоврзам на Хси и Декс, тоа не е dealbraker за многумина. Сигурен сум дека и пред апдејтот на ОСот (под претпоставка дека шпекулациите се точни), таблетов ќе се продава ко алва.
 
добро нема портови ова она но ЗОШТО iPhone СОФТВЕР??? тебаше да го има Snow Leopard ако сакаат да влезат во пазарот на таблетите а вака имаат еден обичен ОГРОМЕН iPod Touch со поддршка за 3г

искрено да ви кажам побрзо би купил кинеска копија на плееров со windows па макар и хр
 
Кога ќе му направат сега Jailbrake па со то cydia све и свашта може
 
добро нема портови ова она но ЗОШТО iPhone СОФТВЕР??? тебаше да го има Snow Leopard ако сакаат да влезат во пазарот на таблетите а вака имаат еден обичен ОГРОМЕН iPod Touch со поддршка за 3г

искрено да ви кажам побрзо би купил кинеска копија на плееров со windows па макар и хр

точно така. е да беше сноу леопард одма приказката е друга.
 
Мое мислење е дека овие не му имаат ставено usb толку поради таа причина. Дека најверовато може да се пабне xp windows 7 , leopard..... чекајте не брзајте сеуште не знаеме до каде ќе го хакнуваат.
 
Мое мислење е дека овие не му имаат ставено usb толку поради таа причина. Дека најверовато може да се пабне xp windows 7 , leopard..... чекајте не брзајте сеуште не знаеме до каде ќе го хакнуваат.

Тешко ова. ARM процесор има.
 
Тешко ова. ARM процесор има.

Немора фулл верзија да е некоја оптимизирана ќе биде. Затоа ќе си чекаме да видиме :smee:

Дајте линк ако има некој да ја гледам цела презентација ако може.
 
Абе што ќе ти е вин 7 на ова? Се бара нешто едноставно и убаво.
Јас мислам да почекаме импресии од купувачите па ќе правиме муабет. Вака само се кења како што се кењаше за ајфонот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom