Апел на верата (Ислам) до човечкиот ум

  • Креатор на темата Креатор на темата Dem
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Dem

Член од
25 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
2

Задача
та на сите Божји пратеници била многу тешка. Тие обично делувале во целосно морално пропадната средина, во која што било тешко да се увери во вистинитоста на своето пратеништво, па затоанекои како доказ имале муџизи (чуда), на пример Муса а.с. имал стап кој се претворал во змија, кај Иса а.с. било лечењето на лепрозни, лекување на слепи од раѓање, оживување мртви.. Тоа не биле нивни натприродни вродени способности, туку дела со време ограничени и за кои Куранот изрично вели дека се правени со дозвола и наредба Божја.

Посебно е интересно тоа дека ни
каде во Куранот не е изразито назначено дека Мухаммед ,а.с., имал муџизи со карактер како оние на Муса и Иса, а.с. Дури и се гледа дека неверниците тоа го барале со муџизи, па- сеедно им било тие пак не верувале, дурина едно место и се истакнува, дека неверниците се такви да кога би го виделе и самиот пекол (без да го почувствуваат), тие повторно не би верувале туку би биле со тврдење дека биле маѓепсани, хипнотизирани.

Куранот
тргнал по еден друг пат, начин: тој му приоѓа на човечкиот ум, настојува со логика да го наведе човекот да го спознае Едниот иЕдинствен Бог - Вечениот, Творецот, Семоќниот. Низ целиот Куран се истакнува дека тој (Куранот) е упатен до разумните луѓе, дека е упатство за оние кои размислуваат.

Куранот најпрво му се обратил на човекот од тогашното време, култура и знаење. Му приоѓа со своите докази од повеќе страни за да го разувери во неговата заблуда. Го опоменува дека Бог е Еден и Единствен; му изнесува едноставен факт дека мноштво на богови не е возможно, бидејќи во таков случај секој би си го зел она што го создал, па меѓусебно би се натпреварувале. Би пропаднале и Земјата и небесата. Ги опоменува идолопоклониците дека нивните кипови неможат ништо да им користат, ниту да им штетат, дека тие работи се пониски од нив самите па ги прашува како можат тогаш да обожуваат такво нешто.

Иако денес во образновниот свет
повеќе не е актуелно паганството, постои многу распространет атеизам и агностицизам. Затоа Куранските аргументи за постоење на Бог го заслужуваат нашето потполно внимание. Иако низ минатите векови, сето тоа учење не слабеело и неговите аргументи ни најмалку не изгубилево својата важност.
Куран
от секогаш го упатува човекот на нешта кои му се на "дофат на неговата рака", со кои е во непрекинато добро, како и на аргументите за постоење на една разумна и неизмерно моќна Сила, којашто со сето тоа управува. Тој му го свртува вниманието кон растенијата, кои никнуваат од семето, го потсетува дека луѓето и животните се развиваат од незнатен заметок, го опоменува на млекото, му укажува на пчелата и нејзиниот труд, на промените на денот и ноќта, на ѕвездите, Сонцето, Месечината и Земјата ... како на резултат на одлука, волја, моќ и мудрост на Една Разумна Сила. Истакнува дека човековото користење на растенијата, животните и работите претставуваат голема милост Божја, па го повикува на благодарност кон својот Дарител.

Зошто ова не би било аргумент и за атеистите од денешно време? Зошто секојдневните случувања во природата, ма
нифестацијата на живот и промените не би биле доказ и за современиот агностик за опстојувањето на некоја Сила, која со својата волја и мудрост управува со сето тоа?
 
зошто замарате со овакви непотребни теми?
 
Зошто ова не би било аргумент и за атеистите од денешно време? Зошто секојдневните случувања во природата, манифестацијата на живот и промените не би биле доказ и за современиот агностик за опстојувањето на некоја Сила, која со својата волја и мудрост управува со сето тоа?

Затоа што најголемиот аргумент на атеистите е дека никој до сега не го видел , а која е целта у непотребно верување у нешто кое никој не го видел.
И не е проблем у тоа кој управува со сето тоа туку кој ги поставил правилата на игра.
 
Значи ним им е потребно да го видат па да веруваат, ако тие го видат Бога тогаш тие неизбежно дека ќе Го обожуваат гледајќи Го бидејќи Тој ќе им биде реалност, тогаш нема потреба од никаква мудрост во животот, нема потреба од користење на разумот и размислување?!?

Како не е проблем тоа кој управува, да не спушташ ти случајно дожд од неботo или .. да не набројувам илјадници совршености и сразмерни создадености???

Кој ги поставува правилата, мислиш на посилниот помеѓу луѓето, не бе, и тој е смртник ќе умре биди сигурен колку и да е силен, ај нека постави правило да не умира ????
 
А мислиш ли дека постојат закони без законодавец?
 
Ne samo da go vidat tuku i pocustvuvaat,da vidat barem nekoj znak, kapka voda vo pustina, ama izgleda od Bog ni traga ni glas vo ova vreme na izopaceni vrednosti, alcnost,globalizacija, kriminal dekadencija...kade e vistinata, pravdata, iskrenosta, humanosta, cesnosta, skromnosta????Dali Bog ja predade bitkata?
Ako ne ja predade i ako postoi, sigurno gi stavil vo fioka, stom so Svetov vladeat, eliti, za koi navedenive devijacii se patokazi kon vladeenjeto so sirokite narodni masi, i platetava vo globala..
Temava me potseti na pesnava :

Тој му го свртува вниманието кон растенијата, кои никнуваат од семето, го потсетува дека луѓето и животните се развиваат од незнатен заметок, го опоменува на млекото, му укажува на пчелата и нејзиниот труд, на промените на денот и ноќта, на ѕвездите, Сонцето, Месечината и Земјата ... како на резултат на одлука, волја, моќ и мудрост на Една Разумна Сила. Истакнува дека човековото користење на растенијата, животните и работите претставуваат голема милост Божја, па го повикува на благодарност кон својот Дарител.

Епа ова го има и во библијата.

Зошто ова не би било аргумент и за атеистите од денешно време? Зошто секојдневните случувања во природата, манифестацијата на живот и промените не би биле доказ и за современиот агностик за опстојувањето на некоја Сила, која со својата волја и мудрост управува со сето тоа?

Бидејќи НЕ Е,како сакате да се голтне нешто без да се соџвака:)

Видете ги Религиите,имаат своја историја,еволуција што пак алудира дека Ентитетот БОГ е "создаден" од ЧОВЕКОТ,првенствено поради незнаење,а потоа со поделбата на трудот и средствата истата РЕЛИГИЈА ЕВОЛУИРА НАМЕТНУВА ЗАКОНИ,НАМЕНУВА КАЗНИ,Губење Време(молење,бла бла)-Истата ВЛИЈАЕ на ДРЖАВАТА и често е Злоупотребувана.
 
DEM твоето излагање е сосема коректно, но сепак тоа е твој начин на гледање на работите. Секој од нас е различен. Доколку спаѓаш во онаа група на верници кои ја истражуваат сопствената вера (искрено се надевам) тогаш сигурно знаеш дека на луѓето им била дадена (подарена) слободна воља. За разлика од оние што сметаат дека слободната воља е да правиш што сакаш, јас сметам дека тој поклон претставува можност самите да бидеме одговорни за своите постапки. Секој наше дејствување има свои последици. И секој треба да ги прифати последиците на своите постапки. Затоа не е потребно да ги убедуваме другите и да се грижиме за нивното спасение. Мислам дека ако навистина сакаш да ги промениш другите, тое треба да го направиш преку личен пример, а не преку убедување. Секој има свој животен пат кој треба да го следи. Патот на Мојсеј (Муса) бил вистинскиот но само за него, патот на Буда бил вистинскиот но само за него, животниот пат на Исус (Иса) исто така, на пророкот Мухамед, на Кришна у уште голем број луѓе кои го пронашле својот вистински пат. Но тој пат бил само нивни. Нивниот пат треба да не инспирира но не и слепо да го следиме и копираме. Јас неможам да го следам патот на Буда бидејќи не сум Буда, ниту патот на Исус бидејќи не сум Исус. Ги почитувам сите горенаведени како и многу други, но ЈАС не сум ниту еден од нив. Јас имам сопствен животен пат кој се разликува од патот на било кој човек што живеел, живее или ќе живее. Исто и ТИ пријателу...твојот пат е само твој.
Треба да престанеме меѓусебно да се убедуваме чија ВИСТИНА е ВИСТИНА. Треба да почнеме да се почитуваме и да сфатиме дека има онолку ВИСТИНИ колку што има луѓе. И секој од тие луѓе е единствен и неповторлив.
 
arakenx вистината е ВИСТИНА и таа може да биде само една како и лагата не постојат повеќе, или е едното или другото.
Но ако ти ја гледаш вистината според луѓето тогаш таа ќе ја има онолку колку што ќе има и луѓе како што веќе си навел, но дали е можно сите луѓе различно да се на вистината, не штима нешто нелогично е ако малце размислиш, од фактот дека таа може да биде само една тогаш таа мора да доаѓа од Некој Еден што е Совршен, Универзален Зналец и Управител, а тоа е Бог и кога ќе се сфати тоа тогаш ЛУЃЕТО ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ СПОРЕД ТАА ЕДНА ВИСТИНА тогаш отпаѓаат другите гледишта едноставно лага се, затоа мора да има појдовна точка, а таа е од Бога потоа сите работи се лесни и логични.

Прашав дали можат да постојат закони без свој законодавец, сигурно дека секој ќе потврди дека не можат да постојат закони без некој да ги направи и издаде!
Велиме и убедени сме дека постојат универзални закони на Универзумот, а го негираме нивниот Законодавец , тоа е нелогично, логично е дека постои и Универзален Законодавец – Бог !!

Не се гледа вистината според луѓето туку луѓето според вистината!!
 
Вистината и вашите религиски "свети книги" немаат ништо заедничко! Науката постојано, континуирано ги руши сите ваши толкувања, но сепак упорно настојувате и се обидувате да најдете некое "толкување" кое ќе го вметнете во таа ваша креација на имагинацијата!
Што се однесува до тоа дека вистината се гледа според вистината, ќе ви пастирам еден цитат од библијата, која мислам дека ја има и во куранот - Приказната за Адам и Ева, па самите одлучете кој ја кажува вистината а кој лаже!
И му заповеда Господ бог на човекот вејеќи: "Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото на спознавање на доброто и злото, од него нејади зошто од оној ден кога ќе вкусиш од него ќе умреш".......Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, па и рече на жената: "Вистина ли е дека бог ви рекол да нејадете од ниедно дрво во рајот?" А жената и рече на змијата: Ние јадеме род од секое дрво во рајот, освен од она во средината, зошто Бог рече не јадете од него и не допирајте се од него за да не умрете! Тогаш змијата и рече на жената: "Не нема да умрете, но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него ќе ви се отворат очите па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро а што зло!".......И Господ Бог рече: "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен. Одкако пак го изгони Адам постави на исток пред градината Едем Херувим и огнен меч кој се вртеше и натаму и наваму за да го пазат патот кон дрвото на животот"
Очигледно е кој лаже во случајов а кој ја кажува вистината! Друга работа е ако според приказнава Адам и Ева незнаеле што е добро а што зло, тогаш зошто се казнети?! Трета работа дали според вас секој што покажува сила на послабите од себе, а се плаши од на себе рамните не е кукавица?
Една работа е да се верува во постоење на ентитет кој е причина за постоењето на универзумот, а тотална бесмислица е да му се придаваат вакви особини на тој ентитет!
 
arakenx вистината е ВИСТИНА и таа може да биде само една како и лагата не постојат повеќе, или е едното или другото.
Но ако ти ја гледаш вистината според луѓето тогаш таа ќе ја има онолку колку што ќе има и луѓе како што веќе си навел, но дали е можно сите луѓе различно да се на вистината, не штима нешто нелогично е ако малце размислиш, од фактот дека таа може да биде само една тогаш таа мора да доаѓа од Некој Еден што е Совршен, Универзален Зналец и Управител, а тоа е Бог и кога ќе се сфати тоа тогаш ЛУЃЕТО ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ СПОРЕД ТАА ЕДНА ВИСТИНА тогаш отпаѓаат другите гледишта едноставно лага се, затоа мора да има појдовна точка, а таа е од Бога потоа сите работи се лесни и логични.

Прашав дали можат да постојат закони без свој законодавец, сигурно дека секој ќе потврди дека не можат да постојат закони без некој да ги направи и издаде!
Велиме и убедени сме дека постојат универзални закони на Универзумот, а го негираме нивниот Законодавец , тоа е нелогично, логично е дека постои и Универзален Законодавец – Бог !!

Не се гледа вистината според луѓето туку луѓето според вистината!!

Sto e za tebe vistina - za drugogo e laga i obratno.

I da te citiram tebe - ic da ne te sekira koj kako patot svoj si go sledi.

Ти како да си го згрешил местото за забава,
Некој за да се покаже јавно серел насред плоштад, останал забележан, ама како серко!

Никој не терал кејф, добро информирај се и читај повеќе, сите врски што ги имал Пратеникот, нека е секој мир врз него, биле валидни и брачни.
А следбениците, тие се тотално опуштени и си го нашле вистинскиот мир, ич да не те секира тоа, и секојдневно само се зголемува нивниот број, што наближува бројката од 2 милјарди муслимани! Ако мислиш да правиш една толкава маса на луѓе будали, грдно си се излажал, треба да се преиспиташ себеси.
 
Вистината и вашите религиски "свети книги" немаат ништо заедничко! Науката постојано, континуирано ги руши сите ваши толкувања, но сепак упорно настојувате и се обидувате да најдете некое "толкување" кое ќе го вметнете во таа ваша креација на имагинацијата!

[FONT=&quot]Навистина! Ај да видам како ќе реагираш на ова?[/FONT]

[FONT=&quot]Две мориња кои не се мешаат[/FONT]

[FONT=&quot]„Ги оддели двете мориња кои само се допираат: меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“[/FONT][FONT=&quot](Ер-Рахман: 55:19-20)[/FONT]
[FONT=&quot]„И Он е оној кој одвои едноподруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“[/FONT][FONT=&quot](Ел-Фуркан: 53),[/FONT]
[FONT=&quot]Ова е од пред 14 века, кажано!![/FONT]

[FONT=&quot]А ова е од минатиот век, откриено![/FONT]
[FONT=&quot]Францускиот научник познат по поморските истражувања, капетан во француската морнарица[/FONT][FONT=&quot] Жак Ив Кусто[/FONT][FONT=&quot]. [/FONT][FONT=&quot]Роден во 1910 година, во Сент Андреја де Кузбак. Преку неговите истражувања со бродот „Калипсо“, стана најпознатиот океанограф на светот во нашето време. Порано бил католик, сега муслиман. Тој [/FONT][FONT=&quot]на крајот од своите истражувања, го рекол следното:[/FONT]
[FONT=&quot]„Направивме анализа на тврдењата на некои истражувачи, за тоа дека постојат одредени бариери кои што одвојуваат различни морски маси. Во текот на истражувањето, видовме дека Средоземното море во себе поседува својствена соленост и густина и како такво е место на посебни живи битиа. Потоа ја анализиравме водената маса на Атланскиот океан и утврдивме дека сосема се разликува од Средоземното море. Иако, од аспектот на соленост, густината и животинските видови кои ги настануваат, би требало да бидат исти или слични, на Гибралтар, местото каде што се спојуваат, дури и на местото каде што се најблиску овие две мориња поседуваат различни структури. При истражувањето се соочивме со ситуација која нè збуни: мешањето на овие две мориња го спречува неверојатна водена завеса, којашто се наоѓа на линијата на нивното допирање. Водена бариера од ист вид откриле и германските научници 1962 година во теснецот Мендеп, каде се спојува Аден со Црвеното море. И при нашите последни истражувања утврдивме дека постои иста бариера на сите линии на спојување на морињата со различни структури.[/FONT]

[FONT=&quot]Овој факт за немешање на водите од морињата коишто меѓусебно се допираат, кој што го збунил Џак Кусто, е истакнат во Куранот уште пред 14 векови. Оваа одлика која што е неможно да се воочи со голо око и која што изгледа нелогична најнапред им е објавена на луѓето од Арапскиот полуостров и кои што немале никаква врска со морепловството.[/FONT]
[FONT=&quot]Како можеле луѓето тогаш да го знаат ова? Како можел ова да го каже Мухаммед (нека е секој мир и благослов врз него) ??[/FONT]
[FONT=&quot]Одговорот е, дека Куранот е од Аллах, кој што сè знае... и ова е еден од доказите.[/FONT]

[FONT=&quot]Аллах, џ.ш., пред 1400 години, објавил:[/FONT]
[FONT=&quot]„Ги оддели двете мориња кои само се допираат: меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“[/FONT][FONT=&quot](Ер-Рахман: 19-20)[/FONT]
[FONT=&quot]„И Он е оној кој одвои едноподруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“[/FONT][FONT=&quot](Ел-Фуркан: 53)[/FONT]

[FONT=&quot]Ако по ова најдеш изговор, значи навистина недостојно е повеќе да се дискутира![/FONT]
 
А што е со апсурдните тврдења дека месечината била разделена, дека дрвја доаѓале до мухамед...дека од прстите му извирала вода! Немој да ми кажеш дека и за ова има научно објаснување! Кој било да почне да пишува пообемна книга, од толку многу кажани работи една ќе му се совпадне што не ја прави компатибилна со науката!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom