Не бе пријател, се тоа се само безуспешни обиди без некој свој конечен резултат на оние што не сакаат да веруваат во Бога, верувај, науката не е создавач, таа не може да биде ривал на Креаторот, на Бога, таа е само изучување, откривање на она што веќе опстои, таа е само еден дел, етапа, фаза од истражувањето на она што веќе е создадено и совршено креирано.. а конечниот резултат секако и секогаш ќе води и ќе биде Бог.
А бе батко, погледни подобро имаш докази во самиот себеси... едноставно погледни го човековото тело како е совршено, складно и сразмерно создадено, не можело нешто такво по случајност да биде така совршено создадено, доволно е само тоа дека има Совршен Креатор, Бог кој создал..
Да немало Совршен Креатор, и создавањето да одело така од ништо, по случајност, без никаква претходна замисла, знаеш како би било, можеш ли да замислиш кога устата би ти била на теме, со каква тешкотија ќе јадеше?? Рацете или нозете да израстуваа нескладно без мерка, би се влечеле по земја.... и слично да не бројам, нема логика така, туку мора да постои Создател.
Рекол Возвишениот : „Ние човекот го создаваме во најдобар склад.“ (Ет-Тин, 4)
--- надополнето ---
или..
„Создавањето на небесите и Земјата, промената на ноќта и денот, бродот кој по морето плови со корисни товари за луѓето, дождот кој Аллах го спушта од небо, па така животот на земајата го враќа после нејзиното мртвило – по која расеал разноврсни живи битиа, промената на ветриштата, облаците кои лебдат помеѓу небото и Земјата – навистина се докази за оние кои имаат разум.“ (Ел-Бекаре, 164)
Што мислиш ти, кога нон стоп би било ноќ, или нон стоп, ден, што би настанало? ??
„И сонцето се движи до своите определени граници, тоа е одредба на Силниот и Сезнајниот“ (Јасин, 38)
Кога сонцето не би се движело со таква прецизност како што се движи, би се пореметило деноноќието, или пак кога би се доближувало или оддалечувало со несклад, без свој Двигател би ја испржило Земјата и сето она што е на неа, или обратно се би се заледило???
„Аллах, навистина, брани да не се поремети рамнотежата на небесите и Земјата. И да се поремети, никој друг освен Него, не би ја задржал? Тој навистина, е Благ и Простувач!“ (Фатир, 41)