Задачата на сите Божји пратеници била многу тешка. Тие обично делувале во целосно морално пропадната средина, во која што било тешко да се увери во вистинитоста на своето пратеништво, па затоанекои како доказ имале муџизи (чуда), на пример Муса а.с. имал стап кој се претворал во змија, кај Иса а.с. било лечењето на лепрозни, лекување на слепи од раѓање, оживување мртви.. Тоа не биле нивни натприродни вродени способности, туку дела со време ограничени и за кои Куранот изрично вели дека се правени со дозвола и наредба Божја.
Посебно е интересно тоа дека никаде во Куранот не е изразито назначено дека Мухаммед ,а.с., имал муџизи со карактер како оние на Муса и Иса, а.с. Дури и се гледа дека неверниците тоа го барале со муџизи, па- сеедно им било тие пак не верувале, дурина едно место и се истакнува, дека неверниците се такви да кога би го виделе и самиот пекол (без да го почувствуваат), тие повторно не би верувале туку би биле со тврдење дека биле маѓепсани, хипнотизирани.
Куранот тргнал по еден друг пат, начин: тој му приоѓа на човечкиот ум, настојува со логика да го наведе човекот да го спознае Едниот иЕдинствен Бог - Вечениот, Творецот, Семоќниот. Низ целиот Куран се истакнува дека тој (Куранот) е упатен до разумните луѓе, дека е упатство за оние кои размислуваат.
Куранот најпрво му се обратил на човекот од тогашното време, култура и знаење. Му приоѓа со своите докази од повеќе страни за да го разувери во неговата заблуда. Го опоменува дека Бог е Еден и Единствен; му изнесува едноставен факт дека мноштво на богови не е возможно, бидејќи во таков случај секој би си го зел она што го создал, па меѓусебно би се натпреварувале. Би пропаднале и Земјата и небесата. Ги опоменува идолопоклониците дека нивните кипови неможат ништо да им користат, ниту да им штетат, дека тие работи се пониски од нив самите па ги прашува како можат тогаш да обожуваат такво нешто.
Иако денес во образновниот свет повеќе не е актуелно паганството, постои многу распространет атеизам и агностицизам. Затоа Куранските аргументи за постоење на Бог го заслужуваат нашето потполно внимание. Иако низ минатите векови, сето тоа учење не слабеело и неговите аргументи ни најмалку не изгубилево својата важност.
Куранот секогаш го упатува човекот на нешта кои му се на "дофат на неговата рака", со кои е во непрекинато добро, како и на аргументите за постоење на една разумна и неизмерно моќна Сила, којашто со сето тоа управува. Тој му го свртува вниманието кон растенијата, кои никнуваат од семето, го потсетува дека луѓето и животните се развиваат од незнатен заметок, го опоменува на млекото, му укажува на пчелата и нејзиниот труд, на промените на денот и ноќта, на ѕвездите, Сонцето, Месечината и Земјата ... како на резултат на одлука, волја, моќ и мудрост на Една Разумна Сила. Истакнува дека човековото користење на растенијата, животните и работите претставуваат голема милост Божја, па го повикува на благодарност кон својот Дарител.
Зошто ова не би било аргумент и за атеистите од денешно време? Зошто секојдневните случувања во природата, манифестацијата на живот и промените не би биле доказ и за современиот агностик за опстојувањето на некоја Сила, која со својата волја и мудрост управува со сето тоа?
