Апатијата на младата генерација

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Ако досега не си ги открил придобивките и како го подобруваат човековото секојдневие, нема што повеќе да се дискутира тука.
Еден пример ти побарав, и таму фејлна. Прашај го чатгпт што да му одговориш на СтолеД.
 
Јас лично можам да кажам како 17-годишен средношколец дека неинтересот од младината е вистина. Според моето искуство, сите што излагаат на кафе не знаат што да прават муабет, ќе се гледаат очи в очи и евентуално ќе ги извадат телефоните. Иако прават муабет, најчесто е оговарање за некој друг. Ќе оговараат: оној бил во Италија, друг бил во Грција, оној девојка фатил, итн. итн. Едноставно, не знаат што да прават муабет освен за други. И тоа најчесто е поврзано со љубомора, па исто така смислуваат тактики да ваѓаат муабети и да ја нарушат репутацијата на некого. Кај младинава многу е ретко да се најде некој со емпатија и памет, никој не мисли со нивниот мозок од 2 грама. Јас имам „пријатели“, ама некој да имам што често излегувам, воопшто немам. Едноставно, не можам да се вклопам со сељачизмот што постои во мојава генерација. Сум имал и проблеми кај мојот клас поради комплекси од други.
 
- Излегуваат на кафе/пиво, седат на маса со телефоните, и си пуштаат рилсови во групи, и тоа во тие групите членуваат баш тие што седат на масата.
- Исти фриз сите.
-Никакви манири
-Сеедно му е дали ќе се дружат или цел ден ќе дремат на кафе со телефон.
.-Почит кон постари на минимално ниво.

Е сега едно нешто мора да им се признае, нешто каде што ние потфрливме. Не се плашат да си го кажат она што го мислат (какво и да е нивното мислење), и знаат да си бараат она што е нивно.
 
.-Почит кон постари на минимално ниво.
Имам почит само кон тие што имаат кон мене. Ако некој нема, ни јас немам. Без разлика колку е стар.
Е сега едно нешто мора да им се признае, нешто каде што ние потфрливме. Не се плашат да си го кажат она што го мислат (какво и да е нивното мислење), и знаат да си бараат она што е нивно.
Точно така
 
Е сега едно нешто мора да им се признае, нешто каде што ние потфрливме. Не се плашат да си го кажат она што го мислат (какво и да е нивното мислење), и знаат да си бараат она што е нивно.
А ќе добијат? Или само :kuracc:
 
Со воениов рок сте пресмешни ама ок.

И онака со дронови е веќе војувањето.
На украинцине воопшто не им е смешно.Кои се правата на мажите во Украина кои ги ловат по улици како џукели заловувани од шинтери и ги испраќаат на фронт само поради тоа шо се мажи?Шо е со нивната слобода на избор?Кој ти кажал дека војувањето е само со дронови кога на фронт гинат илјадници мажи месечно?Или феминистките не се замараат со такви небитни работи???
 
Последно уредено:
Имам почит само кон тие што имаат кон мене. Ако некој нема, ни јас немам. Без разлика колку е стар.
Другар, нормално дека ќе го почитуваш тој што те почитува, а не тој што не те почитува, независно од тоа колкава ти е старосната разлика.

Ама оди сега, во маало на игралиште, викни некое детенце од 12-13 години и речи му да појди во продавница да ти купи сокче или вода, Хелсиншки комитет ќе ти викни....
 
Кој сака нека честита.
Нормално кога ЛЛМ моделите се програмирани да удоволуваат, да потврдуваат и да бидат субјективни кон корисникот.. (оно буквално бустаат его ако се опуштиш со нив како кон пријател)

Заеби нормален свет, кај што некој ете има поинакво мислење, или не го прифаќа твоето.. шо ќе се замараат!

А ние "заостанатите" мислевме дека социјалните мрежи беа проблем :rolleyes:
 
priroden tek na nastanite, AI vleguva vo sekoj aspekt na zhiveenjeto, ne go koristat samo mladite tuku i povozrasnite, za raznorazni celi.

nekako mi e nelagodno da se prepishuvaat raboti samo na mladite, raboti koi i postarite gi koristat i od koi se zavisni.
 
Нормално кога ЛЛМ моделите се програмирани да удоволуваат, да потврдуваат и да бидат субјективни кон корисникот.. (оно буквално бустаат его ако се опуштиш со нив како кон пријател)

Заеби нормален свет, кај што некој ете има поинакво мислење, или не го прифаќа твоето.. шо ќе се замараат!

А ние "заостанатите" мислевме дека социјалните мрежи беа проблем :rolleyes:
Уште се..
ВИ е додаток само. Не знаат муабет да направат.

Втв, Чатџпт го прави тоа, и се пушта на некој начин понекад ахахах. Има чудни повратни. А некогаш е скроз во мој стил. Како му се обраќам јас.
 
Уште се..
ВИ е додаток само. Не знаат муабет да направат.

Втв, Чатџпт го прави тоа, и се пушта на некој начин понекад ахахах. Има чудни повратни. А некогаш е скроз во мој стил. Како му се обраќам јас.
Се зависи од тоа каков инпут му дава корисникот!
Ненормално е добар во прилагодување.
Ако му дадеш профи инпут, ќе добиеш профи одговор..
Ако се поставиш пријателски (или па дури и име му дадеш), тогаш и тој ќе се однесува така..
Од човекот и неговите инпути зависи аутпутот.
Може да биде "Her" од филмот, може да биде пријател, другар, да ти се упуцава (како што си приметила..).

Ама пак на крај се сведува на фактот: garbage in, garbage out!
ако тоа некој не може да го сфати.. :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom