- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Денешниот број на Шпиц потпишан од главниот уредник Бранко Героски пишува:
Правдата е над правото Бранко ГЕРОСКИ
Никој не е над законот. Секој може да биде уапсен и притворен, според законот. Кој се буни, тој врши „политички притисок“ врз судот.
Вака вмровците ги оправдуваат апсењата на своите неистомисленици. За жал, истата логика се применува и во Иран. Таму прељубниците се каменуваат до смрт и никој не смее да се буни бидејќи се е според иранските закони.
Фундаменталистите од сите бои се исти. Тие не можат да сфатат дека правдата и слободата се универзални принципи, кои се посилни од правото и од неговата волунтаристичка примена.
"Тие не можат да сфатат дека правдата и слободата се универзални принципи, кои се посилни од правото и од неговата волунтаристичка примена." На Героски мора се да му е измешано во главата за вакво нешто да напише. [FONT="][/FONT]Уште еден доказ за Шпиц не само како перјаница на антимакедонското настроеното новинарство, туку и доказ за Шпиц како дувло на анархистички идеи. Какво правда, слобода може да постои надвор од правото. Се што е праведно и право е внесена во Правото, надвор од Правото секоја слобода е недозволена, ги ограничува слободите на другите и води кон хаос и анархија. Може одредени закони (позитивното право) како некои закони во Иран да се самите противправни и наметнати, бидејќи не се донесено во согласност со мнозинството граѓани туку е наметнато од убедувањето на одделна мала група исламски свештеници. Но тоа позитивно право е насилно, не е правно, туку е противправно.
А ако постои правда надвор од правото што би рекол Геровски кога истото би го рекол јас за Рамковниот договор. Дали и тогаш ќе тврди дека не треба да се применува донесеното право. Дали и тогаш ќе тврди дека тоа зависи од неговата волунтаристичка примена.
Би сакал оваа статија да и ја покажат на експертот по Уставно право г-ѓата Каракамишева која често знаат да ја користат напаѓајќи ги другите.
Ние 17 години си патиме од ваквите гледишта. Наместо право се применува политикантски прагматизам и му се дава сила на некаква моментална потреба или измислена „повисока“ праведност. Така беше оправдано и решението од конфликтот на 2001. Беше признато дека Рамковниот договор и амнестијата не се во склад со правото но го оправдуваа со политичкиот прагматизам за такво решение.
А од друга страна кога младата генерација која поради овие постапки ја изгуби довербата во правото и институциите БИДЕЈЌИ СПОРЕД ГЕРОВСКИ И СЛИЧНИТЕ ШАШНАТИ УМОВИ ПОСТОИ ПРАВДА НАДВОР ОД ПРАВОТО и почнува да ја бара правдата надвор од правото ја осудуваат за национализам кој самите го поттикнуваат. Ако постои правда надвор од правото, со кое оправдување бараме осудениците за разни дела да ја прифатат казната одредена за нивното бесправно дело. Секој од нив ќе се повика дека правдата е надвор од правото и дека никој нема право да го казнуваат, тој си има своја правда која носи поголемо тежина од нивното право.
Јас се надевам дека со текот на времето граѓаните на Македонија ќе се одважат за ова погоре како и за многу други конфузии кои ги шири антимакедонското новинарство предводено од Шпиц, како и за континуирано навредување на националните чувства на Македонскиот народ да се покрене заедничка тужба со барање за забрана на излегување на овој весник и барање неколку новинари да добијат трајна забрана за занимавање со новинарство.