- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Антимакедонист во Владата на Борисов
Бојко Борисов
Не зборува странски јазици, но секој државник кој ја посетува Бугарија бара да се сретне со него. Бојко Борисов осум години е човекот со највисок рејтинг во земјата.
Во првата половина како генерал во полицијата, во втората како градоначалник на Софија. Каратистот со црн појас, телохранител на диктаторот Тодор Живков во деведесеттите, по убедливата победа на неговата ГЕРБ од пред ТРИ недели, денеска од Станишев ја презеде премиерската функција. Иако не без проблеми.
„Ќе можеме да направиме... Се најубаво... Ќе го направите ли да работи? Инаку ќе ве обвинам за саботажа“, рече Борисов.
Исцрпени и збунети од ужасниот транзициски период, Бугарите во него го гледаат единствениот спас од сиромаштијата и корупцијата. Тој има репутација на човек кој не ги решава проблемите, туку ги пресекува од корен.
„Без европските средства не може да излеземе брзо од кризата и да ја обновиме економијата и животот на Бугарите. Затоа ќе предложам јасни политички мерки“, изјави Бојко Борисов.
Бојко Борисов на почетокот од годината пред бугарската емиграција во Америка, најави стратегија со која Македонија ќе ја враќал под бугарска контрола.
Ќе го користел грчкиот модел, ќе купувал фирми, па така економски зависните Македонци не само што ќе ја обожавале Бугарија, туку ќе ја признале и вистинската историја.
Судејќи според назначувањето на долгогодишниот директор на Националниот музеј, историчарот Божидар Димитров, за министер без ресор задолжен за дијаспората, Борисов не се откажал од намерата.
Димитров е познат по своите антимакедонски ставови, а пред две години издаде и книга „Десетте лаги на македонизмот“.
„Македонизмот немаше шанси да преживее уште 10, 15, максимум 20 години. Македонија ја гледам како што ја гледа и вашиот писател Младен Србиновски - слободна, независна, со признато име, но со преовладувачко бугарско население. Нема ништо страшно во тоа, нема да умрете. Сите нации на Балканот имаат по две држави“, рече на 28.01.2007 Божидар Димитров.
50-годишниот Бојко Борисов е 50-тиот премиер на Бугарија.
A1
Браво , браво не сум знаел дека со толку голем ентузијазам почнува да работи новата влада во Бугарија...