ОХРИД ПРЕПЛАВЕН ОД ХОЛАНЃАНИ
Холандските туристи ја одбележаа годинешнава туристичка сезона во Охрид. Според податоци на општината Охрид, тие се први на листата со странски туристи, со 7.651 посети, а по нив следуваат Србите со 5.723 посети и Турците со 5.546 посети. Заклучно со август остварени се 413.380 ноќевања, од кои 217.877 ги оствариле странските гости. Помал број туристи имало и од другите европски и прекуокеански земји.
ХОЛАНЃАНИ ГО „ОКУПИРААТ„ ОХРИД: 40 КУПИЛЕ КУЌИ И СТАНОВИ ВО ЛАГАДИН И ПЕШТАНИ
Објавено: 09/08/2014 13:06
Четириесетина Холанѓани купиле куќи и станови во Лагадин и Пештани, а неколку семејства Британци, во Рача
Со чартер од Амстердам започнува туристичката сезона, наскоро директен лет до Охрид и од Турција, ХОТАМ смета дека треба повеќе
Вести | Охрид | 01.05.2014 21:37Посети : 1358
Главната туристичка сезона на охридско – струшката ривиера започнува на 2-ри мај со првиот чартер лет на туроператорот „Корендон“ од Амстердам до аеродромот „Св. Апостол Павле“, со кој ќе допатува првата група туристи од Холандија и Белгија. Годинава „Корендон“ ќе оперира со 3-4 лета неделно, а извршен е и поголем закуп на хотелските капацитети во Охрид и Струга.
- Оваа година туристичката сезона започнува на 2 мај и ќе трае до средината на октомври. „Корендон“ ќе има чартер летови со гости од Холандија и Белгија три пати неделно, а во главната сезона четири пати.Туроператорот оваа година го има зголемено закупот на сместувачките капацитети во хотелите, а со тоа може да очекуваме дека бројот на туристи во хотелите во Охрид и Струга ќе бидат побројни од минатата година. Лани имавме околу 10.000 туристи, а оваа година очекуваме зголемување од 20-30 проценти.-изјави Асим Меџедовиќ,извршен директор на “Фибула Ер Травел”.
Зошто некој би одел 7 години по ред во Пефкохори или Ханиоти на пример?
Секој со своја причина...
ЗА ЈОХАНА ШАРП ОД ЛОНДОН ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Е НАЈУБАВО ВО ЕВРОПА
30 години летува во иста соба во ист хотел во Охрид
Во 1981 година јас и мојот пријател Охрид го запознавме преку една реклама, во која беше рекламиран како најубаво место во Европа. Тогаш сe уште не бев мажена, но тогашниот мој пријател Хари, кој подоцна ми стана маж, веднаш се вљуби во Охрид.Тоа се случи и со мене", раскажува Шарп
Пензионерката
Јохана Шарп од Лондон од 1981 година непрекинато доаѓа во Охрид, а својот одмор го поминува во ист хотел и во иста соба. Таа отседнува во "Инекс - Горица" во собата бр. 211, од која се протега прекрасен поглед кон Езерото и кон градот. За неа Охридското Езеро и Охрид се најубави во Европа, рајско место кое може само да се сонува.
"Во 1981 година јас и мојот пријател Охрид го запознавме преку една реклама, во која беше рекламиран како најубаво место во Европа. Набргу донесовме одлука да отпатуваме за Македонија и кога стигнавме во Охрид, нe пречека дожд. Дождот лееше неколку дена, но набргу времето се поправи и градот беше облеан од сонце. Такви сончеви денови немам доживеано никаде.Тогаш сe уште не бев мажена, но тогашниот мој пријател Хари, кој подоцна ми стана маж, веднаш се вљуби во Охрид.Тоа се случи и со мене", раскажува Шарп.
Кога пристигнала во Охрид, Јохана Шарп најмногу била импресионирана од луѓето што ги сретнала.
"Ме освои љубезноста на овдешните луѓе, нивната едноставност. Сите беа пријателски расположени кон нас. Јас многу читав за поранешна Југославија, а имав можност да посетам и повеќе градови, меѓу кои се Дубровник, Љубљана. Донекаде имав претстава каде ќе заминам на одмор, но кога веќе дојдов во Охрид, си реков дека тоа е вистинското место за одмор. Се здобив и со многу пријатели во Охрид, во околината, во хотелот", појаснува госпоѓа Шарп.
Нашата соговорничка, чија сестра има стан во Охрид, кажува зошто доаѓа во истиот хотел и во истата соба.
"
Најпрвин, кога ќе пристигнам во хотелот, речиси сите ме пречекуваат со насмевка и ме прегрнуваат. Таа топлина која ја чувствувате во такви моменти, не можете никогаш да ја заборавите и веднаш си велите: ' Идната година повторно морам да дојдам овде на одмор'. Собата е прекрасна, јас и Хари отседнувавме во оваа соба. Има убав поглед кон Езерото. Оттука го гледам малото парче рај. Ако сакам да бидам сама, не ми пречи цел ден да седам на терасата, да го гледам Езерото. Во тие моменти ништо друго не ми треба. Собата не се разликува многу од другите, но за мене е најубава, тука се чувствувам исполнето и среќно", кажува Јохана Шарп.
Сега, како пензионерка, Англичанката што е вљубена во Охрид вели дека овде има создадено многу пријателства.
"
По толку години, секогаш наоѓам нешто ново, убаво во Охрид, во неговата околина. Со моите пријатели ги обиколувам околните места, сакам да пробам нови специјалитети од македонската кујна, слушаме што ни кажуваат луѓето. Интересни ми се средбите со овдешното население. Имам чувство дека се среќни, иако сигурно имаат свои проблеми. Јас се чувствувам прекрасно, бидејќи кога живеете во Лондон каде што е многу бучно, ова ми е еден вид бегство ќто ме освежува, ми ја враќа енергијата", вели госпоѓа Шарп.
Додека била работно активна, Шарп во Лондон работела во стоматолошка ординација, потоа како државна службеничка.
На разделба на госпоѓа Јохана Шарп и посакавме во Охрид да доаѓа и во наредните три децении, на што таа, со блага насмевка, одговори:
"Можеби толку време не ќе можам да доаѓам поради законите на природата, но
ако организирате директен лет од аеродромот 'Станстед' до Охрид, тогаш во блиска иднина ќе можам да доаѓам овде три до четири пати годишно. За жал, тоа беше можно само во времето кога во Охрид, пред многу години, летував преку 'Југотурс'".
http://www.vest.com.mk/?ItemID=6A5D90E4A605FF44A33522FB2B38990D
Опасна ти е компарацијава.Кој е одговорен од една страна, од друга жал ти било за лоуѓето од приватен смештај.Не брачко, тие го прает најголемиот хаос.Тие се тие примери кога им ветувале соба двокреветна, а добивале кревет и јога на земја.Тие се оние шо те тегнат на сила на автобуска и шо те лажат дека Лескоец е 5 мин. од центар.
Од друга страна хо(с)тел/мотел знајш кај се наоѓат, јавно истакната фиксна цена/понуда и то е то.Ама и тие не чинеле.