Во Бугарија хотелите се одлични, вилите се одлични, условите се одлични, плажите се одлични, маркетите се 20 пати подобри отколку во Грција, но имаат лошо море и тоа е тоа. За услуга е релативно. Зависи на кој налеташ и тоа е тоа.
Друго е Грција, а друго е Охрид. Живеат Грци во склоп на тие вили, но тие вили се како хотели во којашто секоја соба има одделна тераса, веце, кујна и се останато. Во Охрид дели веце и кујна со уште 5 пара и плус семејство. Ете ти проблем. Грците иако живеат во склоп на таа вила тие не се зависни од тебе да делат простор. Оди во Охрид и изнајми си цел апартман т.е. стан и нема да имаш никаков проблем и никој нема да ти дише во врат. Јас еднашка бев сместен кај една бабичка, секој ден ми готвеше колачи и не частеше. Се зависи на какви налетуваш.
Не е поентата во тоа дали менито е на македонски или грчки, туку почитувањето. Ти знаеш англиски, но многу Македонци не знаат англиски, а особено постарите генерации. Има места во Грција каде што Македонци се и над половина од туристите, а нема мени, музика или било што на македонски. На пример во Битола, Гевгелија многу места се со двојазично мени. Во Грција не е така.
Одите на одмор со 100 евра и сакате да живеете како богови. Нема тоа никаде. Барем од мое искуство се се плаќа во животот.
Искрено, во Бугарија бев само еднаш, на Златни Песоци, во хотел бев (супер беше, одличен хотел), меѓутоа, освен хотелот ништо друго не беше ни задоволително, не па супер.
Барем е такво моето искуство.
Точно, друго е Грција, друго е Охрид.
Ама во Охрид последно платив 800 денари кревет, а добив ништо за тие пари, освен нискобуџетен кревет, баба која во сред ноќ ми влезе да ми го исклучи телевизорот, клима немаше ни ставено, а ВЦто кое требаше да биде само за мене и дечко ми, излезе дека сепак ќе биде за цел спрат. Иначе, бабата живееше на приземје во куќата, а јас бев на 2 спрат... очигледно не случајно забележала дека ми работи телевизорот во 3 сабајле.
Во Грција, за 15 евра по човек, односно 30 евра по соба, имаш ехеее каква услуга, каков смештај итн. За исти пари - МНОГУ повеќе.
Што се однесува до менито, пак ќе ти кажам, сеедно ми е и не обрнувам на тоа внимание, поважна ми е самата услуга како таква, Грците скоро и да не зборат англиски, па се наоѓа начин да се разбереш со нив.
Во Неа Врасна, има кафич кој пушта и македонска музика, да проверам како се вика, па ете, кој сака може да оди (hint, огромен е и бел, на почеток на шеталиште).
За други не знам, ама јас ни до Тетово не би одела на викенд со 100 евра.
Со ист буџет се иде и во Охрид и во Грција (без гориво), само што, услугата е далеку од иста.[DOUBLEPOST=1405694983][/DOUBLEPOST]
Не те разбирам
Легна кај лежалките што се сместени до Дрим-от, и? Сакаше келнерот да дојде на лежалка да те послужи?

И кафето да е без пари?
Високи очекувања, ало. Сигурно те имат мрзено тој г`зот твој ( ко од кардашијан) да го мрдниш преку мостето...
Па дискутираме за - Острово св.Наум. Реално, то е локација е бр.1 на охридската обала (да не речам во цела Македонија). Подобро немало, нит ќе има.
Услугата е стварно брза, ама цените се повисоки од тоа што треба. Се слагам. Објектот може слободно да функционира и со -30 до -50 денари пониски цени.
Ево јас пример не сум задоволен од вкусот на храната.
Ама то се веќе индивидуални впечатоци. Некој оди само да се прошета од вкрај вкрај 50 пати, и на крајот е воодушевен. Нит зел лежалка, нит јадел, нит пиел...
А споредбиве со Грција ви се ужасни.
Ево во Мајорка ич не се гостопримливи! Па кај го има ова бе! 14 евра за 2 лежалки и чадор. Најефтиното кафе 3,5 евра (несварено. за варењето уште 1,5

)
Нека плачат Шпанциве!! Во Охрид е 50 денари еспресо а лежалка не мораТ, на камењата ќе се сунчаме!

ПА НОРМАЛНО ДЕКА НИКОЈ НЕМА ШПАНИЈА ДА ОДИ

За таму требаат пари, не гостопримство
Прегледај го приврзокот 97776
Чекај сега, озбилно не ме разбираш?
Две лежалки со чадор на Славија плажата се 200 денари, а во тие 200 денари нема вклучено ништо.
Две лежалки со чадор на грчка плажа се 6 евра (360 денари) а во цената е вклучено две лежалки, чадор, маса, столче, две флаширани води и две нес кафиња... нарачани лежејќи на лежалка, донесени до лежалка

Математиката е таа
Што се однесува до Св. Наум, не ни спомнав нешто за природна убавина, тоа е нешто што е меѓу најубавите работи не во Македонија, туку во регионот. Лично, најќеиф мене ми прави воената плажа зад манастирот, најчиста вода има и најдобар песок. Малечка е, ама сепак е најубава.
Затоа е без везе да зборуваш за кој за што отишол. Без оглед, за гостопримство зборуваме не за она што природата го дала
Ете, пошто јас сакам со 10 евра да поминам на плажа, не одам на Мајорка, одам во Грција.. Охрид ми е скап, искрено
