Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека не ме разбра. Сопствениците на вилите се Грци :) Работниците што се, не ме интересира многу, од причина што грчки не зборам, па на англиски се разбирам со истите. Кои и да се, добро услужуваат. Блгарите изгледа во Грција само знаат да бидат услужливи, во Бугарија за ништо не ги бива.

Охрид, како што кажав веќе понапред, има неспоредлива убавина. Едно е шетањето на други места, но јас имав навика покрај шетањето надвор од земјата, барем 1 недела да одам во Охрид. Желбата за истото не ми ја уби ниту природната убавина, ниту лошите патишта, туку лошиот однос на угостителите.
За мои пари не сакам некој да ми глуми како он мене услуга да ми прави, онака, за џабе.

Во Бугарија има се, освен квалитет. Нема нит асално море, нит асална плажа, нит асален пијалок, нит асална храна. Хотели има одлични, и веројатно единственото нешто одлично е тоа. Затоа и не ги земам како репер, за мене се мизерија.

Во Хрватска не сум била, во Грција повеќе пати сум била кај што и газдата живее - најискрено ти кажувам дека никој во врат не ми дишел. Еве пред 2 недели бев во куќа каде што си живее и сопственикот, фрижидер, клима, бојлер, светло... 24/7 на располагање. Сопственикот го видовме само кога си одевме и го вративме клучот.

Што се однесува до македонското мени, ме заболе искрено, се додека има на англиски. Не одам на краците, не знам баш како е состојбата таму, но на Тасос има ресторани со македонско мени, тоа ти го гарантирам :) :)

За крај, на одмор не одам за да станам другарка со сопственикот на вилата или келнерката. Одам да си поминам убаво. Не ми е гајле што мислат за мене, важно ми е да ме услужат.
Како помлада, работев келнерска работа, 80 посто од фуфите не ме бендисуваа, ама им се смеев, бев културна и услужлива. Платата ми беше 10 000 денари, ама токму поради насмевката и услужливоста добивав добри бакшиши. И волкот сит, и овците на број :) Чист бизнис е во прашање, а не длабоки чувства и долгогодишно пријателство :)
Во Бугарија хотелите се одлични, вилите се одлични, условите се одлични, плажите се одлични, маркетите се 20 пати подобри отколку во Грција, но имаат лошо море и тоа е тоа. За услуга е релативно. Зависи на кој налеташ и тоа е тоа.

Друго е Грција, а друго е Охрид. Живеат Грци во склоп на тие вили, но тие вили се како хотели во којашто секоја соба има одделна тераса, веце, кујна и се останато. Во Охрид дели веце и кујна со уште 5 пара и плус семејство. Ете ти проблем. Грците иако живеат во склоп на таа вила тие не се зависни од тебе да делат простор. Оди во Охрид и изнајми си цел апартман т.е. стан и нема да имаш никаков проблем и никој нема да ти дише во врат. Јас еднашка бев сместен кај една бабичка, секој ден ми готвеше колачи и не частеше. Се зависи на какви налетуваш.

Не е поентата во тоа дали менито е на македонски или грчки, туку почитувањето. Ти знаеш англиски, но многу Македонци не знаат англиски, а особено постарите генерации. Има места во Грција каде што Македонци се и над половина од туристите, а нема мени, музика или било што на македонски. На пример во Битола, Гевгелија многу места се со двојазично мени. Во Грција не е така.

Одите на одмор со 100 евра и сакате да живеете како богови. Нема тоа никаде. Барем од мое искуство се се плаќа во животот.
 
Во Улцињ ти да се капиш, со браќата. Будва е главно туристичко место во Ц.Гора и да плажата е камен. Сите овие плажи што ги наброја се настрана од градот.

Абе не ме дупи, прво викаш цел Јадран бил катастрофа со плажите и ти давам идеални примери. Сеа браќа ова она, не трескај глупости. У Охрид нема ли браќа? За Струга да не збориме... Збориме за плажи, не за луѓе.
После викаш сите плажи биле настрана од градот... Епа друже бе, Јадранот само Будва ли е бе???
 
Ало, не се прави мутав. Скоро цел јадран е со камен, не само Ц.Гора него и Албанија и Хрватска, едино Драч е со песок ама е никаква плажата.. За тоа дека има Охрид браќа има, околу 5%, и оди капи се во Струга посебно во Дрим да видиш како провоцираат цело време.. А 3 песочни плажи кои патем не се ни цели песокни како во Грција го прават Јадранот песочен? Не ме јеби..[DOUBLEPOST=1405618039][/DOUBLEPOST]Никој не го прави Јадранот катастрофа, јас баш напротив ти викам Јадранот е супер, сакам камења јас
 
А 3 песочни плажи кои патем не се ни цели песокни како во Грција го прават Јадранот песочен? Не ме јеби.

http://www.likecroatia.com/news-tips/eight-croatian-sandy-beaches-and-reason-to-love-them/

http://www.uniline.hr/croatia/beaches.php

http://www.destination360.com/europe/slovenia/beaches

http://www.balkaninsight.com/en/article/sandy-beaches-blue-waters-seaside-secrets-of-the-balkans

Мислам, џабе контраш... Споредуваш Охрид со песочни плажи низ цел Јадран, смешен си
 
http://www.likecroatia.com/news-tips/eight-croatian-sandy-beaches-and-reason-to-love-them/

http://www.uniline.hr/croatia/beaches.php

Мислам, џабе контраш... Споредуваш Охрид со песочни плажи низ цел Јадран, смешен си
Леле сеа и ќе ме убедуваш дека Јадранот е песочен :pos: Абе другар може има, ама ретки се плажите песочни по јадранот, претежно е камен, џабе постираш овде..
И во Охрид има песочни плажи ама изглеа не си бил.. Ајван плажа, Љубаниште, воена плажа св.Наум, си бил? И 3 плажи во Охрид го прават Охрид дестинација со песочни плажи? :tapp:
 
Кога се веќе сите охриџани налепени на темава, да прашам, да не имате број од Столе од Охрид, ефтино продавал букови дрва?
Да ти дам од Јонче од Дебрца и букови и дабови ќе ти прејчит
 
Не ја читав цела тема пошо 90% од постовите се исти како минатите години, нишо битно не сум пропуштила.
За разлика од други години, годинава ќе плукам и по Охриѓани. Одредени локали ги накачиле цените џоа на Ибица сме, Скопско 130 денари алоооо!!!! Во истите тие локали испекција не стапнала со години иако не издаваат фискални, вработените не им се осигурани а музика ечи до 3 сабајле.
Потпеш искрено лајна да јадит, ги исчистиле лежалките и го залепиле тој знакот за капачи само за фотосесијава. Пред една недела поминвев и баш коментиравме околу тоа дека нема место да се разминеш, не па да постелиш пешкир. Настрана муабетот шо ако не нарачаш за јадење те бркаат од маса. Е од ова си патиме.
Од друга страна се редовните и најгласни "противници" на Охрид, Скопјаните. :)
Не знам зошо имате замисла дека ние Охриѓани цела година коваме планој да ве заебиме вас во текот на летото. Па то се масовни организации, тајни вечери организираме....Море ќе им ги креваме колине на скопјанчиштана во јули и август?-Ќе им ги креваме! Ќе им наплаќаме шопска по 250 само нив?-Ќе им наплаќаме! Охрид преку зима ги има истите цени намалени за 10/20 денари. Секако дека никој од вас не знае пошо пиле не пее на зима во Охрид. Охрид е скап град за живот, скоро некаде на исто ниво со Скопје. А нема работа. Една фабрика не работи во градот. Епа не може град со 50000 жители да живее само од 2 месеци сезона. За дел од тоа е крива и државата, али океј, најлесно е охриѓани се криви.
 
Да ти дам од Јонче од Дебрца и букови и дабови ќе ти прејчит

ОК, сеа ми е јасно зашто Охрид имал песочни плажи, Јадранот нема (или ретко имал) :icon_lol:
 
Плажа Оревче Градиште ... опасни лопови ова келнериве :cool:

10500545_303245956524155_127424497279696628_n.png

10520573_303245949857489_5265711287668457640_n.png

И еве една утка - нормално ОД ОПШТИНАТА!

АКО Е ПАРКИНГ, ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ ДА ЛИЧИ НА ПАРКИНГ
НА 17 ЈУЛИ 2014. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

parking%20kuba%20slm3.jpg
Деновиве почна да се наплатува паркинг кај атрактивната плажа „Куба Либре“. Граѓаните затечени од тоа затоа што ништо на просторот не укажува дека станува збор на паркинг.

Лицето кое што наплатува паркинг се претставувало како вработен во ЈП „Билјанини Извори“. Од прпетпријатието велат паркингот е на Билјанини Извори и дека на него легално ја вршат дејноста организирање и наплата на паркинг.
просторот кој најмалку наликува на паркинг е дел од планот за спас на ЈП „Билјанини Извири“. имено во писмениот допис од Локалната самоуправа се вели, цитат:

parking%20kuba%20sl%202.jpg
„Паркингот оваа година после неколку години од како беше доделен, се стави во владение на јавното претпријатие кое сега од него остварува драгоцени приходи , а се со цел финансиска стабилизаија на презадолженото претпријатие кое поранешната локална власт и менаџментот токму со ваквото не одговорно однесување, меѓу другото и со не ставање на паркинзи по плажите во функција го оставија претпрјатието без приходи и во милионски долгови.“

Од ЈП не успеавме да добиеме одговор зошто кога донесле решение да вршат наплата на овој простор не го уредиле и обележале истиот по основните стандарди. Деновиве паркинзите беа актуелни и по реакциите на дека паркирањето во втората зона е поскапено. Од билјанини извори велат дека не е промената цената на паркирањето дошло до промена на зоните односно дел от паркинзите од втора зона со одлука на Управен одбор се префрлени во прва зона. Оваа одлука ќе се спроведува додека во центарот на Охрид на сила е летниот режим на сообраќај.
 
Последно уредено:
Во ресторан во Калитеа, гиро во порција 15 евра... 2 лежалки 8 евра.
Јас ресторани не спомнав, за просечна цена на храна од бутка правам муабет. Иначе за ресторани ако ги спомнеме тие у чаршија тие се тука парирате со Монако и Токио, не со Калитеа и Пефкохори.
Да, важи, лежалка на море и лежалка на ајван плажа кај шт бањаа телиња во тињата до пред 5 години исто е.

Исто така кога кажувате што нуди Охрид не спомињајте Биљанини извори, Плаошници, Самоилови тврдини. Со тоа се импресионира странец, на наш човек све тоа му е видено, докурчено и не му вреди за парите. Цените намалете ги и ќе се врати народот.
 
Па тогаш зошто ги споредувате фискалните од количка за гиро со ресторан во св. Наум?

Еве сега да ве упатам, бидејќи сте многу неинформирани во врска со цените.
Охриѓани плаќаат данок на општината односно годишна кирија на министерството за транспорт и врски. Дали знаеш дека Жиголо (таа малата барака) и наложиа да плати 6 месечна кирија во износ од 40 000 евра- не се сеќавам баш најдобро на сумата но приближно е таа, дури мислам и повеќе дека беше.
Е сега кажи ми ти како жиголо ќе извади толку пари со 20 маси и еден шанк, + вработени + осигурување + придонеси + сметководители + струја/ вода/ ѓубрарина, итн. ако макијатото го продаваат 40 денари.
Дали знаеш дека хотел како Белведере плаќа само ѓубрарина 2000 евра месечно?
Дали знаеш дека секој еден објект после летотот, го дрма инспекција и на некој начин им земаат 20-30% од вкупниот приход во годината преку казни...да се разбериме, ниту една фирма во цел свет, практично не е 100% чиста, теоретски можеби но практично не.

Пред неколку години закупив еден дел од ноќен клуб Арена ако си слушнал. Месечно плаќав по 4000 евра само за 5 сепареа и шанк...ако го продавав пивото 60 денари, немаше шанси да ги извадам парите иако работев турбо.
Друг дел малку поубав и поголем имаа двајца скопјани Чомбе и Јоцо (сега мислам дека се менаџери во Ванила, порано беа во Картел), тие плаќаа 8000 евра.
Цените беа:
-100 денари скопско
-150 хајнекен
-водка, коњак, џин 100
- сечени пијачки беа по 130 итн.
Минатата година пак бев во арена, онака на пијачка...истите цени ги имаат од пред 8 години, оваа година можеби се кренати за 10-20 денари и ништо повеќе, а давачките се многу повеќе него порано.
Сакам да кажам, дека охриѓани не се скапи, државата диктира како ние да работиме а не како знаеме.
Бидејќи нема никаква индустрија, огромна невработеност и умерена инфлација, охриѓани можеш да ги експлоатираш и за 200 евра како црнци да работат...ние со малку се заситуваме, не вие како што мислите.
 
Па тогаш зошто ги споредувате фискалните од количка за гиро со ресторан во св. Наум?
ја споредувам бутка со бутка, ти спомна ресторан во Пефкохори со исти цени, бутка со бутка цената е иста ако не и поскапа во Охрид.

Еве сега да ве упатам, бидејќи сте многу неинформирани во врска со цените.
Охриѓани плаќаат данок на општината односно годишна кирија на министерството за транспорт и врски. Дали знаеш дека Жиголо (таа малата барака) и наложиа да плати 6 месечна кирија во износ од 40 000 евра- не се сеќавам баш најдобро на сумата но приближно е таа, дури мислам и повеќе дека беше.
Е сега кажи ми ти како жиголо ќе извади толку пари со 20 маси и еден шанк, + вработени + осигурување + придонеси + сметководители + струја/ вода/ ѓубрарина, итн. ако макијатото го продаваат 40 денари.
Дали знаеш дека хотел како Белведере плаќа само ѓубрарина 2000 евра месечно?
Дали знаеш дека секој еден објект после летотот, го дрма инспекција и на некој начин им земаат 20-30% од вкупниот приход во годината преку казни...да се разбериме, ниту една фирма во цел свет, практично не е 100% чиста, теоретски можеби но практично не.

Пред неколку години закупив еден дел од ноќен клуб Арена ако си слушнал. Месечно плаќав по 4000 евра само за 5 сепареа и шанк...ако го продавав пивото 60 денари, немаше шанси да ги извадам парите иако работев турбо.
Друг дел малку поубав и поголем имаа двајца скопјани Чомбе и Јоцо (сега мислам дека се менаџери во Ванила, порано беа во Картел), тие плаќаа 8000 евра.
Цените беа:
-100 денари скопско
-150 хајнекен
-водка, коњак, џин 100
- сечени пијачки беа по 130 итн.
Минатата година пак бев во арена, онака на пијачка...истите цени ги имаат од пред 8 години, оваа година можеби се кренати за 10-20 денари и ништо повеќе, а давачките се многу повеќе него порано.
Сакам да кажам, дека охриѓани не се скапи, државата диктира како ние да работиме а не како знаеме.
Бидејќи нема никаква индустрија, огромна невработеност и умерена инфлација, охриѓани можеш да ги експлоатираш и за 200 евра како црнци да работат...ние со малку се заситуваме, не вие како што мислите.

И што заклучивме овде сега. Заклучивме дека проблемот е меѓу Охриѓани и Државата/Општината. Не е проблемот во Скопјани/ Радовишани, анти-кампањи и масонски ложи. Не може цела Македонија да ви е крива кога не знаете да си се испазарите со нив .
Моменталниве цени не дозволуваат никој нормален човек што планира да тера асален туризам да иде во Охрид кога за тие пари има море.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom