Антикампања за Охрид?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Кога се веќе сите охриџани налепени на темава, да прашам, да не имате број од Столе од Охрид, ефтино продавал букови дрва?
Кој Столе бе, не бе си го помешал тој Маларична работит.За букој и дабој со Велгошчани али не вака јавно оти апсаана ќе ти турат.

Полекате бе се испотепавте, шо прајте стопанката.
 
Последно уредено:
Пред неколку години закупив еден дел од ноќен клуб Арена ако си слушнал. Месечно плаќав по 4000 евра само за 5 сепареа и шанк...ако го продавав пивото 60 денари, немаше шанси да ги извадам парите иако работев турбо.
Друг дел малку поубав и поголем имаа двајца скопјани Чомбе и Јоцо (сега мислам дека се менаџери во Ванила, порано беа во Картел), тие плаќаа 8000 евра.
Цените беа:
-100 денари скопско
-150 хајнекен
-водка, коњак, џин 100
- сечени пијачки беа по 130 итн.
Минатата година пак бев во арена, онака на пијачка...истите цени ги имаат од пред 8 години, оваа година можеби се кренати за 10-20 денари и ништо повеќе, а давачките се многу повеќе него порано.
Сакам да кажам, дека охриѓани не се скапи, државата диктира како ние да работиме а не како знаеме.
Бидејќи нема никаква индустрија, огромна невработеност и умерена инфлација, охриѓани можеш да ги експлоатираш и за 200 евра како црнци да работат...ние со малку се заситуваме, не вие како што мислите.

Абе друже се е тоа ОК, свака ти част на ризикот, ама не може цените да се астрономски само ради киријата. Убаво знам колку пари се вадат ако локалот ти работи. За 3 дена во Штип преку раце ми поминаа преку 240 000 денари и тоа само на еден шанк од 9 до 3 вечер. И тоа со штипски цени. Ете ти 4000 евра за три дена. А кај се другите денови од месецот, плус во Охрид секоја вечер има излегување. Ретко кој заглавил у тој бизнис, сеа не зезај и ти.
 
Во Бугарија хотелите се одлични, вилите се одлични, условите се одлични, плажите се одлични, маркетите се 20 пати подобри отколку во Грција, но имаат лошо море и тоа е тоа. За услуга е релативно. Зависи на кој налеташ и тоа е тоа.

Друго е Грција, а друго е Охрид. Живеат Грци во склоп на тие вили, но тие вили се како хотели во којашто секоја соба има одделна тераса, веце, кујна и се останато. Во Охрид дели веце и кујна со уште 5 пара и плус семејство. Ете ти проблем. Грците иако живеат во склоп на таа вила тие не се зависни од тебе да делат простор. Оди во Охрид и изнајми си цел апартман т.е. стан и нема да имаш никаков проблем и никој нема да ти дише во врат. Јас еднашка бев сместен кај една бабичка, секој ден ми готвеше колачи и не частеше. Се зависи на какви налетуваш.

Не е поентата во тоа дали менито е на македонски или грчки, туку почитувањето. Ти знаеш англиски, но многу Македонци не знаат англиски, а особено постарите генерации. Има места во Грција каде што Македонци се и над половина од туристите, а нема мени, музика или било што на македонски. На пример во Битола, Гевгелија многу места се со двојазично мени. Во Грција не е така.



Одите на одмор со 100 евра и сакате да живеете како богови. Нема тоа никаде. Барем од мое искуство се се плаќа во животот.

Искрено, во Бугарија бев само еднаш, на Златни Песоци, во хотел бев (супер беше, одличен хотел), меѓутоа, освен хотелот ништо друго не беше ни задоволително, не па супер.
Барем е такво моето искуство.

Точно, друго е Грција, друго е Охрид.
Ама во Охрид последно платив 800 денари кревет, а добив ништо за тие пари, освен нискобуџетен кревет, баба која во сред ноќ ми влезе да ми го исклучи телевизорот, клима немаше ни ставено, а ВЦто кое требаше да биде само за мене и дечко ми, излезе дека сепак ќе биде за цел спрат. Иначе, бабата живееше на приземје во куќата, а јас бев на 2 спрат... очигледно не случајно забележала дека ми работи телевизорот во 3 сабајле.
Во Грција, за 15 евра по човек, односно 30 евра по соба, имаш ехеее каква услуга, каков смештај итн. За исти пари - МНОГУ повеќе.

Што се однесува до менито, пак ќе ти кажам, сеедно ми е и не обрнувам на тоа внимание, поважна ми е самата услуга како таква, Грците скоро и да не зборат англиски, па се наоѓа начин да се разбереш со нив.
Во Неа Врасна, има кафич кој пушта и македонска музика, да проверам како се вика, па ете, кој сака може да оди (hint, огромен е и бел, на почеток на шеталиште).

За други не знам, ама јас ни до Тетово не би одела на викенд со 100 евра.
Со ист буџет се иде и во Охрид и во Грција (без гориво), само што, услугата е далеку од иста.[DOUBLEPOST=1405694983][/DOUBLEPOST]
Не те разбирам :icon_lol:
Легна кај лежалките што се сместени до Дрим-от, и? Сакаше келнерот да дојде на лежалка да те послужи? :icon_lol: И кафето да е без пари?
Високи очекувања, ало. Сигурно те имат мрзено тој г`зот твој ( ко од кардашијан) да го мрдниш преку мостето... ;)

Па дискутираме за - Острово св.Наум. Реално, то е локација е бр.1 на охридската обала (да не речам во цела Македонија). Подобро немало, нит ќе има.

Услугата е стварно брза, ама цените се повисоки од тоа што треба. Се слагам. Објектот може слободно да функционира и со -30 до -50 денари пониски цени.
Ево јас пример не сум задоволен од вкусот на храната.

Ама то се веќе индивидуални впечатоци. Некој оди само да се прошета од вкрај вкрај 50 пати, и на крајот е воодушевен. Нит зел лежалка, нит јадел, нит пиел...

А споредбиве со Грција ви се ужасни.

Ево во Мајорка ич не се гостопримливи! Па кај го има ова бе! 14 евра за 2 лежалки и чадор. Најефтиното кафе 3,5 евра (несварено. за варењето уште 1,5 ;))

Нека плачат Шпанциве!! Во Охрид е 50 денари еспресо а лежалка не мораТ, на камењата ќе се сунчаме! :vozbud: ПА НОРМАЛНО ДЕКА НИКОЈ НЕМА ШПАНИЈА ДА ОДИ :pos: За таму требаат пари, не гостопримство :)

Прегледај го приврзокот 97776

Чекај сега, озбилно не ме разбираш?

Две лежалки со чадор на Славија плажата се 200 денари, а во тие 200 денари нема вклучено ништо.
Две лежалки со чадор на грчка плажа се 6 евра (360 денари) а во цената е вклучено две лежалки, чадор, маса, столче, две флаширани води и две нес кафиња... нарачани лежејќи на лежалка, донесени до лежалка :) :)
Математиката е таа :)

Што се однесува до Св. Наум, не ни спомнав нешто за природна убавина, тоа е нешто што е меѓу најубавите работи не во Македонија, туку во регионот. Лично, најќеиф мене ми прави воената плажа зад манастирот, најчиста вода има и најдобар песок. Малечка е, ама сепак е најубава.

Затоа е без везе да зборуваш за кој за што отишол. Без оглед, за гостопримство зборуваме не за она што природата го дала :)

Ете, пошто јас сакам со 10 евра да поминам на плажа, не одам на Мајорка, одам во Грција.. Охрид ми е скап, искрено :(
 
Последно уредено:
Како турист во Охрид сум бил неколко пати.
Стварно не разбирам зашто некои луге зборуват за цени,кога никоj не зборува дека тоа е наjголемиот туристички центар на РМ и е нормално цените да са една идеja повисоки.
Цените на храната са наполно нормални за една ваква туристичка дестинациja.
Бев со дружтво и бевме под кириja во цел стан на езерото и не сме имали проблеми,па вода,па клима,па тоа ,па она.... се беше нормално.
Стварно страно,дека сакаш да си земеш пиво или нешто друго со другари от магазин после определено време па не може, закон,тоа она...
Тоа што како туристичко место Охрид мора да се одлучи е дали сака да има туризам со журки,забави и така натаму или сака да развива културен туризам.
Не може се во едно.
За скапо, не е скапо и коj не му бендисва може да оди и другаде, тоа е пазарот и можноста да бираш.
 
Никогаш не сум хејтал, ниту пак сакам да хејтам. Ама тоа што во Охрид пропаѓа сезонава не е воопшто чудно, Охриѓани и државата се криви. Не би сакал да правам споредба ама овој пат ќе направам. Охрид годинава дали ќе има 100.000 посетители, додека Грците ги намалија цените поради кризата и пак очекуваат над 21 МИЛИОНИ туристи!!! Она што за Охрид е разочарувачко е што ги изгубија Македонските туристи со Грција, а странци речиси и да нема. Се додека не се свестат угостителите и државата како треба да се работи со туристичките места никогаш нема да биде подобро.
 
Никогаш не сум хејтал, ниту пак сакам да хејтам. Ама тоа што во Охрид пропаѓа сезонава не е воопшто чудно, Охриѓани и државата се криви. Не би сакал да правам споредба ама овој пат ќе направам. Охрид годинава дали ќе има 100.000 посетители, додека Грците ги намалија цените поради кризата и пак очекуваат над 21 МИЛИОНИ туристи!!! Она што за Охрид е разочарувачко е што ги изгубија Македонските туристи со Грција, а странци речиси и да нема. Се додека не се свестат угостителите и државата како треба да се работи со туристичките места никогаш нема да биде подобро.
Проблемот не е дека нема домашни,а тоа дека странски не дошли. Домашните ке идат 1-2-5-10 години во Охрид, па ке посакат да идат другаде. Цел живот никоj нема да ти оди само Охрид. Треба ти промовиране на Охрид во странство, прво ако треба заедничка тура со балкански држави,па ако треба со културен туризам, па да го научат странците Охрид,па тогава плавно развиваj угостителство за странците па тоа ,па она. Вака от ништо нема да се деси. Традициja ти треба исто, во каков сегмент туристи ке бараш, не можеш да сакаш от сите сегменти да ти доjдат.
Охрид нема како да запре македонските туристи да идат во Грциja или некаде другаде. Тоа е химера и тежко се лаже секи,коj верува во тоа.Не са проблем ни цените, не охригани, коj го мисли тоа исто се лаже.

Некоj запнал за Грциja. Колко ке платите на кеj во Солун за фрапе,за кафе?!
 
Последно уредено:
ја споредувам бутка со бутка, ти спомна ресторан во Пефкохори со исти цени, бутка со бутка цената е иста ако не и поскапа во Охрид.



И што заклучивме овде сега. Заклучивме дека проблемот е меѓу Охриѓани и Државата/Општината. Не е проблемот во Скопјани/ Радовишани, анти-кампањи и масонски ложи. Не може цела Македонија да ви е крива кога не знаете да си се испазарите со нив .
Моменталниве цени не дозволуваат никој нормален човек што планира да тера асален туризам да иде во Охрид кога за тие пари има море.
Бутки во Охрид нема од оваа година, а неверувам дека и ќе има во иднина.
Па оди бе брат на море, кој те брани...и јас одам на море (синуси, крајници итн.)
Охрид нуди историја и ноќен живот, на некој начин наликува на Дубровник затоа се запазува естетиката во стариот дел.
Не дека мене ми е убаво на тие цени да живеам, ама па ај сега да земам и фискални да сликам за форум, не знам уште како не им текнало да прават селфие со фискална за нескафето во Охрид.
Сакам да кажам владата прави анти реклама, зошто ја подржувате?
Ако не сте вмровци не ви е опростено !
Абе друже се е тоа ОК, свака ти част на ризикот, ама не може цените да се астрономски само ради киријата. Убаво знам колку пари се вадат ако локалот ти работи. За 3 дена во Штип преку раце ми поминаа преку 240 000 денари и тоа само на еден шанк од 9 до 3 вечер. И тоа со штипски цени. Ете ти 4000 евра за три дена. А кај се другите денови од месецот, плус во Охрид секоја вечер има излегување. Ретко кој заглавил у тој бизнис, сеа не зезај и ти.
Шанк што прави преку 1000 евра на вечер никој не ти го изнајмува.
Шанковите што се изнајмуваат се неразработени, никој не е будала да изнајми шанк ако му ваѓа пари, ќе стави шанкер и 2 келнерки и ќе прави пари. Многу земаат и многу пропаѓаат, ако не донесиш луѓе на шанкот и истите не ги задржиш- никој сам не ти идет, гостопримливоста и услугата мора да биде на ниво за да успееш, јас на еден србин па и кум му сум на свадбата од таа Арена.
Туку обемна тема е тоа за зборување, какви дешавки имаше во тој бизнис, на некој начин и им завидувам ама и ги жалам тие што работат.
 
Во врска со Потпеш, позадината е наводно многу лежалки итн.

Home / Шо се зборвит / Ќе се гради пешачка патека од пристаништето до Канео

Ќе се гради пешачка патека од пристаништето до Канео
July 18, 2014

Во тек се интензивни разговори меѓу Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски околу нивната иницијатива за градење пешачка патека од градското пристаниште до Канео. За овој проект обезбедени се средства од буџетот на Република Македонија.

Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека прво детално ќе се разгледа проектот на Министерството за транспорт и врски и хеговата намена, а потоа ќе се отвори поширока експертска и јавна дебата, бидејќи по најавата на овој зафат има различни мислења меѓу граѓаните на Охрид.


Во тек се подготовки и за изградба на пешачка патека од пристаништето до Канео.

-Ние во текот на наредната недела ќе имаме состанок со Министерството за транспорт и врски кои што всушност се иницијатори на овој проект и кои што обезбедија средства за изградба на пешачка патека за која што во овој момент можам да кажам дека охриѓани имаат различно мислење. Голем дел од нив од одамна бараат нејзина изградба, а помал дел од нив имаат негативно мислење во однос на изградбата на оваа патека. Ние сепак првично ќе ги разгледаме заложбите на Министерството за транспорт и врски, ќе видиме како ќе изгледа проектот и каква ќе биде намената, па дури потоа можеме на некој начин во една поширока дискусија со граѓаните на Охрид ја разгледаме оваа идеја и потоа да ја реализираме, соопшти градоначаникот Бакрачески
 
Што антикампања?

Вистината боли, знам :(

Охрид е прекрасен град и незаменлив во Македонија, ама и охриѓаните се исто така, уникатни.

На страна од тоа што редовно плаќам цена за пристојно место за спиење (600-800 денари од човек) и во таа цена немам вклучено бојлер јас кога сакам, клима ич на памет да не ми падне, сопствено ВЦ и не дај боже нормален кревет (напротив, некој кауч од дедо Ное), чашата ми се прели лани.

Имено, 2 недели пред да одам си резервирав соба, се договорено, дента кога тргнав за Охрид се чув со издавачот на собата, кој ме увери дека е се ОК и ме чека, за кога стигнав таму пред куќата, да ми каже дека 15 минути пред да дојдам на друг ја дал собата (оти не знаел кај сум, а јас бев стигната пола саат порано од договореното).

Е да му е*** мајката, не антикампања, на секој жив што го знам го кажувам и ќе го кажувам ова.

Сами си ја утепувате работата.
Слично искуство, само на пред да си одиме, се договоривме во 6-7 да си ги подигниме стварите, кога дојдовме од плажа во 5 стварите пред врата, а другарчето требаше да вози 200-250 км. Реално охрид е лош град за туризам, не заради културата туку заради (не)гостопримливоста и сељачизамот (не се сите исти, но барем на еден да налеташ доста е)
 
На велешко езеро по рестораните шише вода од литро е 120 денара па што.
Во Скопје имам пиено нескафе од 120 денара па што.
Во секој поголем град си има скапи места, во кои секако никој не те тера да векуваш.
Ако македонецот нема, некој друг со задоволство би дал.
Сакаш да се курчиш во елитните кафичи, курчи се, но не се жали после.
И ова не е дека го бранам Охрид, ова е критика на глупиот македонски народ.
Охрид си имаат проблем со тоа што и штуро и сакато се издава за страшни цени, а не кафичите.
За малоумните муабети "море си е море", не ми се прави муабет.
Абе буквално, брод злато да ни истовара некој пак гомна ќе пројадеме. Ете толку сме вредни.
 
Добро,е ај сега да напрајме една рокада,морево од Грција да го префрлиме во Охрид,а езерово од Охрид во Грција и тогаш ќе викаше на море е подобро,или ќе викаше шо барам бе Охрид ајкули да ме изедет,дај ќе си одам подобро во Грција на езеро,ем нема да ме печат очи ем побезбедно е за капење.мм?Јас мислам дека е ова второво,ако е така само себеси се лажете и ти и сите ко тебе шо викаат дека за исти пари ќе одат Грчка или Бугарија.
Само мрднат човек може да ти каже дека езеро е подобро од море, или човек што тера инает.
Кај јужниот сосед не сум бил, ни планирам да одам.
 
Само мрднат човек може да ти каже дека езеро е подобро од море, или човек што тера инает.
Кај јужниот сосед не сум бил, ни планирам да одам.
Не се работит ни за море ни езеро.И неморат да ојш кај јужниот сосед за да бидиш на море.Али на глупи љуѓе тешко мојш да му објасниш.
 
Бутки во Охрид нема од оваа година, а неверувам дека и ќе има во иднина.
Па оди бе брат на море, кој те брани...и јас одам на море (синуси, крајници итн.)
Охрид нуди историја и ноќен живот, на некој начин наликува на Дубровник затоа се запазува естетиката во стариот дел.
Не дека мене ми е убаво на тие цени да живеам, ама па ај сега да земам и фискални да сликам за форум, не знам уште како не им текнало да прават селфие со фискална за нескафето во Охрид.
Сакам да кажам владата прави анти реклама, зошто ја подржувате?
Ако не сте вмровци не ви е опростено !

Шанк што прави преку 1000 евра на вечер никој не ти го изнајмува.
Шанковите што се изнајмуваат се неразработени, никој не е будала да изнајми шанк ако му ваѓа пари, ќе стави шанкер и 2 келнерки и ќе прави пари. Многу земаат и многу пропаѓаат, ако не донесиш луѓе на шанкот и истите не ги задржиш- никој сам не ти идет, гостопримливоста и услугата мора да биде на ниво за да успееш, јас на еден србин па и кум му сум на свадбата од таа Арена.
Туку обемна тема е тоа за зборување, какви дешавки имаше во тој бизнис, на некој начин и им завидувам ама и ги жалам тие што работат.
:pos:
Кажуј на шо дроги си брат, нешо сум напнат периодов.
 
:pos:
Кажуј на шо дроги си брат, нешо сум напнат периодов.
Шо не е јасно?
За ноќниот живот или за историјата?
Пиши шо те интересира да те информирам, барем ако не си прошетал теоретски да знаеш што да кажиш кога ќе си зборувате со другарчината пред коперација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom