ANIME (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата HCL
  • Време на започнување Време на започнување
Нејќам да ви се мешам ако сакате да се отцепите, ако ви дадат властиве право на референдум среќен ви пат, само ме интересира:

- Што фали ако аниме сериите се тука кај останатите серии?
- Што ако утре побараат и љубителите на сит-ком, sci-fi, horror серии... да имаат посебен подфорум? (Зошто се ми се чини дека се помногубројни од вас)
- Дали има некаков проблем со одржувањето на редот и слично? (Бидејќи никој од вас не пријавил проблем до сега.)

Уште еднаш, ако ви се одобри нешто вакво ок, само не разбирам од кои причини овие серии би имале посебен подфорум а сите други би биле во заеднички.
 
Па претпоставив дека ќе се растерети тој дел од форумот,и ќе има поголема прегледност и нема секоја недела да копаме страни уназад барајќи ја темата за некое аниме,а членовите кои се љубители на аниме одамна бараат подфорум.
А сега аниме си е посебен вид на уметност додека sci-fi и хорор се само жанрови.
 
IOsono... има право. Малце сме гледачи, уште да се делиме фали. Супкултурите се надвор од мода. А што да правиме пак со западниот анимиран филм? Јас како почитувач и на западен и на источен ич нема да ми биди по кеиф ако се дели само за аниме. А сметај на форумов има повеќе гледачи на западен (иако повеќето се нередовни гледачи, casual, не треба да се изостават).
Да се формира посебна заедница за аниме или општо за цртан која ќе биди средена и целосно отворена можи, а на форумов нема потреба за посебен подфорум.

И аниме не е посебна уметност туку е дел од филмската уметност, поточно од анимираниот филм и нормално не е жанр туку техника.
 
Ми се допаѓа идеата да се направи фан клуб на аниме гледачи. Мора од некаде да се почне. Па барем за почеток да може да се запознаеме и да размениме мислења и импресии. А подоцна тој клуб би можел да расте и да има поголеми иницијативи пред се отварање на интернет страна на македонски за наиме новости како и блогови.

Сепак мислам дека најпрво би требало меѓу нас да си размениме мсн или skype контакти за да можеме понепречено да комуницираме и да одржиме неколку виртуелни конференции па да видиме до каде може да одиме.

Фан клуб имаше, собиранки постоеа, имаше и интернет страна, и пропадна, и пропадна и втората, и пропадна и третата, и сега форумот што беше направен е пропаднат мање више исто така. Да не звучам песимистички и навредливо, но културно сме неразвиени доволно за да превземаме било каков "голем" чекор. Дружби - да, разменување контакти - да, разменување мислења за аниеа - да, се друго - не. Ни фали комуникација. И нека не ве лаже темава со тоа што има 49 страни како знак за голема комуникација. Со оглед на тоа дека е креирана у факинг 2005, и во која од 49 барем 15 страни се за Наруто њузфид дискусија (за кој лик конечно излегол од шифоњерот и за кој лик конечно сфатил дека има мало петле), тоа е многу слаб резултат.
 
ЛУЃЕЕЕ тукушто открив на мтм им блич!! :vozbud::vozbud: . и да МАКЕДНОСКИ субтајтл!! а на јапански зборат !!! леее ке се утепам од глеење!

-Поздрав.Л.
 
quincy-кинси!
ахахахахах а како сум се смеел на тоа испиен!! хахаха мислам цел свет ме слушнаа!! али сепак е подобре одтколку да трошам нет!! ^^:toe:
 
Знае некој на кој торент тракер ги има Bleach, Naruto и другине мејнстрим аниме серии но без hard subs. Пошто сакам да ги преведам на македонски.
 
а кога тоа има блич на мтм ???!?!?! иначе коуд гиас и дет ноут се најдобри аниме по мене и драгонбол нели легендарното , а овие наруто , ван пис :) , и слично ми се многу такви децки некако неосмислени добро ...
 
сум глеал блич на мтм три пати да се каже,али ки фаќам на тепка.Поима неам кога е терминот! а ти сакаш такви мајнд фак аниме а?? најди си го монстер! али не е за деца,зашто ке нема да можеш да го сватиш.Дет ноут и геас се едни од најдобрите,а за драгонбал .....нема зборови ЛЕГЕНДАРНО АНИМЕ!
 
Seirei no Moribito
20a5kj9.jpg

А must see за сите оние кои сакаат авантури+епска фантастика.

накратко ова е приказната:Балса,воин копјаник си го заработува лебот така што работи како freelance телохранител.Еден ден таа ќе спаси дете,и тоа не било кое дете туку принц,втор по ред наследник на тронот.Како знак за благодарност мајката на детето ќе ја удостои Балса да помине една ноќ во нејзиниот дворец.Тоа служи како изговор:имено кралицата ќе ја замоли Балса да го штити детето од асасините на маж и кои сакаат по секоја цена да го убијат.Балса ја прифаќа работата и оттука почнува аванурата.Одлична приказна,со уште подобри ликови и развој на истите.
 
хахах ова ќе морам да го глеам..интересно звучи..а глеам дека имаш добар вкус за аниме пошто го гледам Гатс на профил слика! :tv: ке се утепам од глееање.. моментално ги глеам Монстер (психолошки бакрачи,мн интересно.) Каубој Бибоп (закон аниме) и Берсерк! ^_^

Поздрав,

Legion6
 
^И ја го гледам Monster, до 30 и некоја епизода сум и многу мрднато аниме е. Многу ми се свиѓа! :)
 
Кога сме веќе кај Мonster-дали го гледате на стрим канали или го имате сочувано на хард/цд?

Многу би сакал да го имам во колекција.
 
Кога сме веќе кај Мonster-дали го гледате на стрим канали или го имате сочувано на хард/цд?

Многу би сакал да го имам во колекција.

Ја ги имам на DVD-CD сите 74 епизоди во .avi формат. Епизодите се subbed.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom