Океј шефе, не знам што кажа, ама ти сигурно си разбираш.
Еве еден одличен пост од forum.gsm.mk од
Jane, вреди и овде да ви го ставам за да прочитате сите:
Џабе дискутирате за хардвер/софтвер споредби, за едно исто цело време се инатите, а не сте инженери да ги разберете работите како навистина функционираат.
Бокуре упорно се убедуваш за квад/дуал корови, херци и слични глупости
Има ли поента кажи ми? Колку тие бројки на тебе ти значат нешто што цело време ги ставаш во споредби? Знаеш дека од стално сум бил објективен и реално сум ги согледувал работите. И ако ништо друго барем поинженерски пристап имам од вас кон работите, поопиплива ми е.
Еве ако софтверов ти е понесфатлив, земи пример со батеријата. Зашто не ги мериш во ниеден пост амперите на батериите? Зашто не се фалите кој андроид колку ампери има, ајфонот колку има, нокиата колку има? Зашто се ирелевантни бројките, секој телефон различни побарувања има за да го постигне истото. Галакси 3 има преголем и предобар екран, со најјако осветлување кога ќе го наместиш, екранот троши помалце енергија него некој сони ериксон да речеме со упола помал екран, и на средина да е осветлувањето. Што е тука финтата? Екранот на галаксито е подобар и поекономичен од другиот екран, епа така и софтверот се оптимизира да биде подобар и да не бара јак хардвер.
Незнам дали и колку се разбираш во програмирање, сакам да ти пуштам една иста програма, потполно истата функција ја врши, исто добива на влез, исто дава на излез, на исти компјутер ја пуштам, со тоа што разликата е во кодот. Едната верзија е нормална, ако може така да ја наречам за да ме разбереш и завршува за Х време. Кога кодот ќе се оптимизира да ги користи двете јадра од процесорот, времето на извршување на потполно истиот влез се скратува за 10 до 12 пати. Кулерот почнува да лади како луд, се користат двете јадра до максимум и резултатот од мерењето е повеќе од очигледен. Дури тогаш првпат сфатив што значи да се оптимизира кодот т.е. сфатив што значи оптимизиран код и која е разликата.
Е сега не викам дека инженерите што го развиваат андроидот се глупи и незнаат, едноставно целиот андроид е во невиден хаос ради целата таа фрагментација, тотално различниот хардвер и различните производители, па токму поради тоа им е многу потешко и неможат да го оптимизираат да работи толку добро како што тоа го прават инженерите од Епл кои знаат дека тоа што го прават, го тестираат на ајфонот што е пред нив и развиваат за неколку модели кои имаат прецизно дефиниран хардвер, хардвер прилагоден и за нивниот софтвер. Неверојатно е колку повеќе се добива кога хардверот е правен специјално према софтверот и обратно софтверот према хардверот. Кај андроидот се бркаат еден куп производители кој што како направил и што да се прави, затоа поддршката е еднаква на 0, никакви апдејти нема, лоша компатибилност, неискористеност на ресурсите и слично.
Сега ми текна, ете земи ја и Виндоус Виста за пример, полоша од 7цата, побавна, послаби ефекти и сл, а колкаво говедо од компјутер бараше за да ти работи како што треба. 7цата е 1000000 пати поубава за око и на функционалности ама ја оптимизираа до тој степен што по фирмине што ги одржавам и имаат канти компјутери, ХР кај што им сецка, 7цата им вози без проблем со исклучени Аеро ефекти кај што немаат графичка. Е ај сега што ќе кажеш за ова? Незнам што друго да ти споредам за да сфатиш дека не е се во херците и рамот. Ете Фотошоп СЅ6 троши упола рам од што ми трошеше СЅ5.