Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
еве
--- надополнето: 21 август 2013 во 19:53 ---
Ај вака сега... некако, ама не знам како, ми се избришаа сите контакти од сим картичка... јас дефинитивно не сум ги избришал. Последно инсталирав еверноте на телефонот и кога направи нешто sync ми пишуваше there is not enough memory to sync your notes, нешто во тој стил.. и нејсе.. отварам контакти, гледам ПРАЗНО !
Дали има НЕКАКВИ шанси да се вратат контактите?
*Темава ја копирам на повеќе теми од форумов.

Скоро сите нови телефони имаат свои моќни таск килери дали тоа значи дека тие телефони не се за купување.(пр. Nexus4, HTC One, S3/4, Galaxy Nexus, Galaxy Grand...) Таск килерот неможе ништо да ти избрише од телефонот, а најпаметно е конатктите да ги зачувуваш на твојот гугл акунт.
 
Значи не го мешај таск килерот со мојот проблем со контактите... тоа 2 се различни работи. само дека пишав два пати едно под друго, ги дава како во еден пост.
-за таск килерот: секој телефон има свој вграден систем за менаџирање на апликации. и секој телефон има таск менаџер како тој на виндовс кој ќе стиснеш цтрл алт и дел. е сега поентата е дека тие ’таск килери’ коишто се инсталираат од страна со цел да ги исклучуваат сите апликации кога нема да го користиш телефонот не чинат. Кога една апликација ќе работи.. таа и кога ќе ја исклучиш останува кеширана во рамот. наредниот пат кога ќе ја уклучиш, ќе ја отвори одма, и притоа нема да се напрега и да го користи многу процесорот, со тоа ќе троши помалце батерија. а со овие таск килери, ти насекое ќе ги отвораш апликациите од почеток, со тоа процесорот работи повеќе и троши и повеќе батерија.
- За моите контакти : Како да ги зачувам на гугл акаунт кога веќе се избришани, а на гугл ми ги има само тие што ги имам зачувувано на телефонот.... мене ми ги нема тие од сим ....
 
ТаскКилерот ги исклучува повеќето апликации кои работат во позадина и ја користат батерија безпотребно.

Ако ти е рутиран телефонот и ако имаш CWM види во recovery mode дали имаш restore poin од некој датум за да ги повратиш контактите.

п.с. Mоже да се порача во Македонија нешто од PlayStore? Anyone:unsure:
 
Зошто на Foursquare не можам да ги означам моите пријатели од ФБ туку ми се појавува листа на пријатели од друг профил а сум вклучен преку мојот?
 
Како да префрлам СМС пораки од Xperia x8 на компјутер?
 
Со AirDroid пробај

Најдов некоја програма Wondershare MobileGo for Android. Одлична е, ептен лесно можат да се префрлат и пораки и контакти и музики и се друго. Плус, ја има на замунда комплетна верзија, па ќе си се најде за секој телефон :)
 
Види во опциите да не ти е направено да ги покажува контактите од некоја апликација а не од телефонот или сим картичката.
Тоа беше прво нешто што го пробав... не сум баш некој аматер кога станува збор за вакви работи. Арно ама... најдов начин да ги вратам контактите.
Имав инсталирано АЕК Именик, тоа што ти ги скенира контактите и ти кажува кој на кој оператор е... и тамо ги имав скенирано пред некое време ( не дека го користам... на претплата сум и имам бесплатно кон сите, ама ете.. ми седело во телефон :D ) и сега случајно разгледував нешто низ менито и ми светна во памет дека може уште ги има контактите тамо... и кога отворив, ми ги покажуваше сите контакти што ги имав скенирано претходно.. односно сите што ги имав во телефон :P И така еден по еден ги препишував од тел во ворд и после ги препушував на телефон еден по еден.
-Школо за друг пат: бекап на контактите на гугл акаунт и во аутлук.
 
друже, па андроид се поврзува со гугл и тука немаш некоја филозофија. секогаш кога ќе бидеш во мрежа (мобилна или безжична) одма само си прави бекап на мејлот.
инаку додека не земав андроид, ми се има на два пати случено да го јадам стапот. првиот пат беше многу лошо, ,скоро 1000 контакти, али затоа вториот пат можда 2-3. цело време си правев апдејт во ексел и .... нормално си ги куцаш после срањето што те задесило
 
Абе дааа... телефонот сам прави бекап на контакти снимени на телефон, односно на гугл акаунт... мојве беа на сим. Не сум се замарал да ги префрлам на телефон кога купив прв пат андроид :)
Ама важно се среди се’... лекцијата си ја научив, нека учат и другите :D
 
кој бре у денешно време чува контакти на СИМ? :pos:
дури и пред андроидот, сите тел прво ги зачувуваше контактите на тел, па после тоа требаше да се префрлат на СИМ. тоа како стандард го прифати и нокиа која последна се приклучи на тоа. пред симбианот. а сега, .... убавини, андроид му е мајката, ...... ништо не се губи(y)
 
Имам неколку слики и еден празен фолдер што ми се на сд картичка ама никако неможам да ги избришам. Ќе ги селектирам и ќе стиснам delete пишува 4 files deleted ама пак стојат. Пробав и преку Clean Master празниот фолдер да го избришам и уште стои. Чаре?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom