Ancient Aliens S06E11 Macedonia ,Kokino

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Не викам дека не е можно, можно е................, ама тоа неможе никој да го докаже, затоа сепак Кокино го сметам за природно богатство и чудо:)
Верувај, јас истото го мислам за тебе.

Иначе да, секако, вонземјанци, луѓето немале очи и раце тогаш.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Отсекогаш сме го потценувале човештвото и никогаш не сме му давале доволно кредит и почит за ова што успеале да го направат низ текот на еволуцијата, отсекогаш сме сметале дека нашите претци не биле способни за да ги направат најголемите чуда како што е ова сега со Кокино, пирамидите, Стоунхенџ и уште многу други познати објекти и затоа ни иде самата помисла дека се ова е изградено од виша сила која што не е од планетава, луѓето пошто ги сметале претците за "неспособни" им се вградила таква мисла дека се што е чудно и невозможно да се направи од човечка рака да е направено од друг вид и со таа теорија ги прават и замислуваат "вонземјаните" како многу попаметни од нас, а кога ќе видиме па не се ни знае дали воопшто постојат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.987
Поени од реакции
3.716
Незнам која е логиката кокино да е дело на вонземјани? (настрана тоа што не верувам дека постојат) Ептен е глупаво некој кој бил толку паметен и полн со знаење да направи технологија и да патува до овде од друга планета, друга галаксија и овде да земе да копа по карпите за да примитивно го измери времето на изгрејсонцето или движењето на некое небесно тело. Ние како цивилизација сеуште немаме технологија за да патуваме подалеку од месечината ама уште многу одамна не го гледаме сонцето преку дупки од карпа...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Тоа е има многу градби кои се дела на нашите предци и кои денес ние неможеме да си ги објасниме и по линија на полесен отпор секогаш тоа го препишуваме на некој си натприродни сили или вонземјани. Факт е дека иако текнолошки човештвото оди напред луѓето како единки се се поглупи и поглупи. Најбанален пример е тоа што денес неможеме до ВЦ да идиме без паметните телефони и интернет. Новите генерецаии незнаат два главни града да набројат без да го прашат чичко Гугл сите ние заедно незнаеме два телефонски броеви напамет. Тоа се банални примери но факт е дека развојот од нас прави инвалиди затоа и не можеме да разбереме како фукционирале и како размислувале нашите предци. А во Македонија врие од мистерии направен според мене од човечка рака а ние денес не можеме да си ги објасниме.
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Да бе, еве и како сме настанеле ние македонците:

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Тоа е има многу градби кои се дела на нашите предци и кои денес ние неможеме да си ги објасниме и по линија на полесен отпор секогаш тоа го препишуваме на некој си натприродни сили или вонземјани. Факт е дека иако текнолошки човештвото оди напред луѓето како единки се се поглупи и поглупи. Најбанален пример е тоа што денес неможеме до ВЦ да идиме без паметните телефони и интернет. Новите генерецаии незнаат два главни града да набројат без да го прашат чичко Гугл сите ние заедно незнаеме два телефонски броеви напамет. Тоа се банални примери но факт е дека развојот од нас прави инвалиди затоа и не можеме да разбереме како фукционирале и како размислувале нашите предци. А во Македонија врие од мистерии направен според мене од човечка рака а ние денес не можеме да си ги објасниме.
Не ги разбирам предрасудиве од луѓе кои тврдат дека нивната генерација е најпаметна, а новиве генерации се дебилни и идиотски.
И не ја разбирам фобијата од технологија и технолошкиот напредок.
Читни за Флиновиот ефект, интелигенцијата се зголемува со секоја нова генерација и стандардот за тестовите за интелигенција цело време се зголемува.
А ‘чичко Гугл‘ и интернетот го револуционизираа начинот на кој се информираме и драстично ја зголемија достапноста до информации.

Не постои ама никаков аргумент дека технологијата и интернетот не прават поглупави, туку напротив.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не постои ама никаков аргумент дека технологијата и интернетот не прават поглупави, туку напротив.
Има повеќе видови на интелигенција така да ова е широка тема за дебата. Јас не зборувам за мојата генерација туку зборуваме за генерации пред 3 и повеќе илјади години. Работата е што денеска луѓето се ограничени и се специјализирани во многу тесни области. Луѓето порано биле посестрани и од повеќе агли гледале на работите размислувале самостојно и истражувале без да им биде ставено се на тацна. Затоа од денешен аспект и покрај тоа што како што велиш сме технички понапредни и поинтелигентни никој неможе да разбере како функционирале некој работи во тоа време. Како ги обработувале камењата, како и зошто ваделе руда, како и што пишувале, како го граделе Мачу Пичу или Пирамидите. Како пред 4 илјади години го одредувале времето и годишните времиња и милион други работи за кои ние појма немаме и неможеме да си ги објасниме. Па уште пред 3 илјади години луѓето имале канализации, водоводи, подно парно греење имале градски архитекти, геодети и слични работи кои ние и денес ги немаме или не фукционират како што треба.
 
Инсинуираш дека условите заживот пред 3-4 илјади години биле подобри од сега? Затоа што не се.

Се согласувам дека интелигенцијата сама по себе е бескорисна, информираноста од друга страна е далеку поважна.
Има многу причини зошто специјализирање во одредена област е многу подобар систем од системот на ‘општо знаење‘ каде што сите се разбираат од се, но не се специјализирани за ништо. Посветување на цела кариера за одредена област е далеку поефикасно.
 
Точно тоа е поефикасно но од луѓето прави на германски „Fachidioten" а на англиски е „blinkered specialist" (мене лично германскот израз ми е посоодветен), со други зборови исклучително ограничени во секој поглед. Ако според тебе е интелигенција да незнаеш до тоалет да одиш без навигација според мене не е. Како и да свртиш ако се исклучи технолошкиот напредок во секој поглед цивилизацијата назадува а луѓето се робови на технологијата.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.406
Поени од реакции
4.880
Незнам која е логиката кокино да е дело на вонземјани? (настрана тоа што не верувам дека постојат) Ептен е глупаво некој кој бил толку паметен и полн со знаење да направи технологија и да патува до овде од друга планета, друга галаксија и овде да земе да копа по карпите за да примитивно го измери времето на изгрејсонцето или движењето на некое небесно тело. Ние како цивилизација сеуште немаме технологија за да патуваме подалеку од месечината ама уште многу одамна не го гледаме сонцето преку дупки од карпа...
Можеби биле пратени андеркавер, без технологија и без чуда да не проучуваат?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
„Ееее синко. Што ќе не видиш, што ќе не чуеш.“
- бабето од А1​
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
@IgorChete имаш слушнато за Гугл ефектот? Вика дека пошто информациите се се повеќе достапни, нашите мозоци место да се замараат со памтење огромни информации, само го памтат местото од каде дошле до таквите информации. И секогаш кога ќе имаме потреба од тоа, идеме до таа информација. Мислам дека ова го побива муабетот на @dzonyb за тоа колку едни генерации биле глупи, а други паметни. Пошто и новите генерации размислуваат и се информираат и се интересираат, само начинот на размислување и памтење е сосем поинаков, благодарение на лесната достапност на информации. Ама тоа не ги прави помалку паметни од некој шо ги знае сите главни градови на светот. :)

И не Џони, специјализираноста не прави да бидеш ограничен у размислувања и светогледи. Пошто никој не ти го крати правото да се надградуваш постојано. Денес не само шо е потребно постојано апдејтување на вештините, туку нема области кои не се микс од неколку други области, за кои пак треба да имаш предзнаења од сосем други области.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Видете сега вака децо.
Нема никакви ванземаљци тоа се примитивни опсерватории, кога ловецот и собирачот почнал да се бави со земјоделство и му морал да најде начин за да го смета времето не оти му био гајле туку ради организираното сеење а потоа жнеење.

Соларен календар, не е тешко да се направи; оберете иста таква карпеста формација, набљудувајте го небото секојдневно неколку години и поставете маркери.

Вонзејмјанец може да е тој гркот неписмен.[DOUBLEPOST=1407155731][/DOUBLEPOST]
[DOUBLEPOST=1407174309][/DOUBLEPOST]

Јас не верувам во муабетот за вонземјани, но дека Кокино е многу вредна обсерваторија и тоа на светско ниво тоа е потврдено и од НАСА. Но она што исто така ми е за верување е дека Кокино не е целосно истражено и дека крие уште тајни. Интересен ми е муабетот дека има две точки на набљудување и дека едната е постара која била користена пред поместувањето на земјата од нејзината оска пред повеќе од 10 илјади години. Повеќе од видеото од 13:30 минута па се до 16:20.
Го пуштив видеото слшнав најстари рудници 200.000 години?
Така еднаш го пуштив телевизорот го видов Хитлер во боја и одма го исклучив...
 
Последно уредено:

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Не викам дека не е можно, можно е................, ама тоа неможе никој да го докаже, затоа сепак Кокино го сметам за природно богатство и чудо:)
Сунѓер, Кокино не е природно богатство. Кокино е културно-историско богатство. Кокино не е чудо на природата. Него го направиле луѓе пред мнооогу години. Се претпоставува пред 4000 години. Тоа е многу време пред да се родиме ти и јас, па дури и чичко Анчо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom