@IgorChete имаш слушнато за Гугл ефектот? Вика дека пошто информациите се се повеќе достапни, нашите мозоци место да се замараат со памтење огромни информации, само го памтат местото од каде дошле до таквите информации. И секогаш кога ќе имаме потреба од тоа, идеме до таа информација. Мислам дека ова го побива муабетот на
@dzonyb за тоа колку едни генерации биле глупи, а други паметни. Пошто и новите генерации размислуваат и се информираат и се интересираат, само начинот на размислување и памтење е сосем поинаков, благодарение на лесната достапност на информации. Ама тоа не ги прави помалку паметни од некој шо ги знае сите главни градови на светот.
И не Џони, специјализираноста не прави да бидеш ограничен у размислувања и светогледи. Пошто никој не ти го крати правото да се надградуваш постојано. Денес не само шо е потребно постојано апдејтување на вештините, туку нема области кои не се микс од неколку други области, за кои пак треба да имаш предзнаења од сосем други области.