Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Просечно IQ на пигмејците е 50-60. Би му дал на некој таков да работи било што освен физичка работа?
Ох леле... стварно ограничено ги гледаш работите... IQ-то се создава врз основа на тоа каде си се родил,како влијаела околината на тебе... и што е најдобро е што тоа не е нешто фиксирано туку може да се менува доколку сакаш да растеш ментално и интелигентно... Земи го тој просечен пигмеец и дади му уште од мал секакви предизвици во животот сам да се снаоѓа... ти само обезбеди му услови тие предизвици да се позитивни за неговиот ментален и инетлигентен развој... Пример Ајнштајн не би бил Ајнштајн доколку би се родил например во македонија... можеби би бил само земјоделец а неговиот потенцијал можеби би останал недопрен... многу зависи околината и највеќе делува во раните години од детството... до 14 години најголемиот дел се оформува и се детерминира каков терк ке земе неговиот живот се знае се зависи и од него понатаму... дефинитивно може да се менува доколку стане доволно свесен... Секогаш има нешто повеќе да се дознае, спознае, развие во секој поединец... се додека смрта не го раздели од телото...
 
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 00:50 ---

Нема да ги потепаме. Зошто би ги потепале. Само нема да изиграваме мајка тереза и да им приуштаме привилегии само затоа што се бедни.
Па јас прашав, дали треба да ги земаме децата од родителите и изиграваме спартанци?

Ова за Пигмејците .............. :D
А за тоа изигравање мајка Тереза ............ кој те тера да изиграваш мајка Тереза и да даваш привилегии ?!
Никој никого не тера да биде хуманитарна помош, мајка Тереза и сл. во државата е клучот ............ не во мене или во тебе или во некој друг поединец .......... поединецот како поединец ништо не може да промени !
Јас ви викам дека има паметни и кај тие заедници по кои плукате, а вие викате не тие сите 100% се глупи и мрзливи !
Абе човек како сакаш некој/некои да цветаат кога со децении биле на маргините на општеството .......... на пр. твоите родители не биле на маргините на општеството, се образувале, работеле, напредувале во животот и затоа ти сега си на некој одреден степен т.е. не си на маргините на општеството, но замисли твоите да биле да речеме на маргините на општеството, да не се образувале, да не работеле, да не напредувале, мислиш дека ти сега ќе си бил нешто подобар од нив, мислиш дека немало и ти да бидеш во тие општествени маргини !
 
И во денешно време постојат екстензии на тие примитивни орди. Дали станува збор за општествени поделби или биолошки мањебитно. Но и покрај тоа, останува фактот дека алтруистички ќе бидеш настроен за да ја зачуваш групата во која битисуваш а тоа нема да го направиш помагајќи ги оние општествени аспекти кои не придонесуваат позитивно.
Во цивилизираниов свет нема повеќе еквивалент на орди. Тоа што ти го викаш алтруистички настроен кон одредена група во која припаѓаш не е воопшто алтруизам, туку рационално користење на соработката во рамките на групата. Алтруизмот сосема напротив е вграден во фирмверот и функционира најчесто во спротивност од твоите интереси (во денешно време, кога не живееме во орди). у ствари кога ќе размислам подобро, она што ти го промовираш е меритократија, а мерит е култен термин, барем на форумов.
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 01:08 ---
А фалсифиабилност теоријава има ли? Чисто за да знаеме дали е наука или проповедање.
Нормално дека има. Прашај некоја мома што се преселила од село во метрополис, многу посликовито ќе ти објасни.
 
Толку е просто и едноставно да се решат општествените проблеми(читај предизвици) ама тоа на статус квото не му одоговара па ги комплицира тотално да “обичниот човек“ не може да ги види нештата од птичја перспектива и целосно согледа и да ги свати едноставните решенија... а имаме изобилие од ресурси да завладее Анархија... ама немаме Свест... јебига тоа ти е... Владее механизмот... и меле се пред себе...
 
Ова за Пигмејците .............. :D
А за тоа изигравање мајка Тереза ............ кој те тера да изиграваш мајка Тереза и да даваш привилегии ?!
Никој никого не тера да биде хуманитарна помош, мајка Тереза и сл. во државата е клучот ............ не во мене или во тебе или во некој друг поединец .......... поединецот како поединец ништо не може да промени !
Јас ви викам дека има паметни и кај тие заедници по кои плукате, а вие викате не тие сите 100% се глупи и мрзливи !
Абе човек како сакаш некој/некои да цветаат кога со децении биле на маргините на општеството .......... на пр. твоите родители не биле на маргините на општеството, се образувале, работеле, напредувале во животот и затоа ти сега си на некој одреден степен т.е. не си на маргините на општеството, но замисли твоите да биле да речеме на маргините на општеството, да не се образувале, да не работеле, да не напредувале, мислиш дека ти сега ќе си бил нешто подобар од нив, мислиш дека немало и ти да бидеш во тие општествени маргини !

Никој не рече дека се сите. Ама кажи ми, како успеала мајка ми работејќи две работи сама да си го плати факултетот а овие не можат ни за леб?
Како успеваат денес да студираат и да работат во исто време, и тоа најбедни работи?
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 01:36 ---
Во цивилизираниов свет нема повеќе еквивалент на орди. Тоа што ти го викаш алтруистички настроен кон одредена група во која припаѓаш не е воопшто алтруизам, туку рационално користење на соработката во рамките на групата. Алтруизмот сосема напротив е вграден во фирмверот и функционира најчесто во спротивност од твоите интереси (во денешно време, кога не живееме во орди). у ствари кога ќе размислам подобро, она што ти го промовираш е меритократија, а мерит е култен термин, барем на форумов.
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 01:08 ---

Нормално дека има. Прашај некоја мома што се преселила од село во метрополис, многу посликовито ќе ти објасни.

Фундаменталиите на алтруизмот влечат потекло од тие праисториски општествени сфаќања, без разлика какви и да се денес. Во општествата на модерниот човек наместо да се формираат групи од луѓе кои се штитат себеси од диви животни се формираат групи кои ги штитат своите интереси во однос на други луѓе. Концептуализацијата е таа.
Зошто не биле ордите алтруистички настроени према диви животни?
Бидејќи не биле дел од ордата.
Каде е разликата денес?
 
Разликата е огромна. Во ордата секој член ти бил близок роднина и штитењето на роднината е во интерес на твоите гени (бидејќи твојот роднина носи огромен број од твоите гени), така да алтруизмот е исплатлива еволутивна стратегија, дури и кога услугата не ти е возвратена. Затоа алтруизмот е вграден длабоко во фирмверот, и не му треба рационално размислување за да функционира, дури сосема напротив, често е и против рационалното размислување.
Групите кои ти ги спомнуваш се базираат на некаков заеднички интерес во општеството а не на тесна роднинска врска како што била ордата. Тоа што ти ќе му помогнеш на член од твојата група се базира на етичкиот код на групата дека тој ќе ти помогне кога тебе ќе ти треба помош. Ова е рационална планирана соработка која иако наликува на таа од ордата, фунционира многу поинаку, и за поинакви цели.
 
Ох леле... стварно ограничено ги гледаш работите... IQ-то се создава врз основа на тоа каде си се родил,како влијаела околината на тебе... и што е најдобро е што тоа не е нешто фиксирано туку може да се менува доколку сакаш да растеш ментално и интелигентно... Земи го тој просечен пигмеец и дади му уште од мал секакви предизвици во животот сам да се снаоѓа... ти само обезбеди му услови тие предизвици да се позитивни за неговиот ментален и инетлигентен развој... Пример Ајнштајн не би бил Ајнштајн доколку би се родил например во македонија... можеби би бил само земјоделец а неговиот потенцијал можеби би останал недопрен... многу зависи околината и највеќе делува во раните години од детството... до 14 години најголемиот дел се оформува и се детерминира каков терк ке земе неговиот живот се знае се зависи и од него понатаму... дефинитивно може да се менува доколку стане доволно свесен... Секогаш има нешто повеќе да се дознае, спознае, развие во секој поединец... се додека смрта не го раздели од телото...

http://en.wikipedia.org/wiki/Heritability_of_IQ
Нема само nurture или само nature. Производот е склоп од нивната кохезија. Дај им го првиот свет на пигмејците и многу од нив ќе изумрат. Доколку Ајнштајн имал генетски предиспозиции да биде гение, тој би бил таков и тука и во Тунгузија. Не ги буткај под маса биолошките карактеристики сега.
Доколку тие групи беа кадарни за успех ќе успеваа без разлика на нивната финансиска состојба или граѓански статус. Можеш слободно да пројдеш во некој студентски дом и да те зашемети бројката на студенти(Кои вода во очи немаат.) што работат на црно пошто се крајно одлучни да не бидат дел од сметот на општеството.
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 16:48 ---
Разликата е огромна. Во ордата секој член ти бил близок роднина и штитењето на роднината е во интерес на твоите гени (бидејќи твојот роднина носи огромен број од твоите гени), така да алтруизмот е исплатлива еволутивна стратегија, дури и кога услугата не ти е возвратена. Затоа алтруизмот е вграден длабоко во фирмверот, и не му треба рационално размислување за да функционира, дури сосема напротив, често е и против рационалното размислување.
Групите кои ти ги спомнуваш се базираат на некаков заеднички интерес во општеството а не на тесна роднинска врска како што била ордата. Тоа што ти ќе му помогнеш на член од твојата група се базира на етичкиот код на групата дека тој ќе ти помогне кога тебе ќе ти треба помош. Ова е рационална планирана соработка која иако наликува на таа од ордата, фунционира многу поинаку, и за поинакви цели.

Ирелевантна е содржината на групата. Алтруизмот и кај обете е воден од слични интереси бидејќи на крајот на денот одржувањето на групата индиректно е добро за секој поединец во неа. Тоа што алтруизмот е интуитивен не менува ништо во мојава теза. Истиот концепт постои и кај fight or flight системот кој сосема логично е првенствено да се базирал на рационализирање а потоа да прешол во интуиција или инстинкт.
 
Јас лично,анархијата ја сметам за најхумано општествено уредување,но дека некогаш човекот ќе еволуира доволно-ментално,културолошки,социолошки и во секој друг поглед,за да може да живее во такво уредување,јас лично не верувам.Природата на човекот не ја прави подобна оваа идеологија за практична употреба.
 
Тогаш зошто се пишуваш себеси како анархист?
 
Анархијата не е толку општествено уредување, колку што е само принцип на безвластие, но не и безредие...
 
Од проста причина што го сметам за најхумано,најцивилизирано уредување на едно општество,ај нека не биде уредување туку начин,принцип на живеење на луѓето во една заедница.Само во анархија човекот може да живее достоинствено,како што и заслужува и да дојде до израз неговиот вистински потенцијал.Затоа и анархијата ми се допаѓа,но ја сметам за романтичарска идеологија,со оглед на степенот на нашиот развој.А не е дека немаме потенцијал,само многу работи треба да се сменат за да дојдеме до таа цел.Можеби ти прави забуна болдираното,но јас не изразувам експлицитно став дека нема шанси некогаш човештвото да дојде до тој степен,туку гледајќи ги какви се луѓето,лично не верувам.Можеби и грешам во тој поглед.Поточно кажано,би сакал да грешам.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 11:36 ---
Анархијата не е толку општествено уредување, колку што е само принцип на безвластие, но не и безредие...
Те разбирам и се согласувам,немам забуни дека анархијата не е безредие.Таа може да се оствари само со високо совесни индивидуи,кои поседуваат хуманост,алтруизам,човекољубие како највисоки човечни карактеристики.
 
Хмхм.. а што ако не може да се оствари преку тие идеали како „хуманост,алтруизам,човекољубие како највисоки човечни карактеристики“, а истовремено да бара високо совесни индивидуи?

Да не се лажеме, хуманоста, алтруизмот, човекољубието, се доблесни особини, но истовремено се и исоко морални, но и историски гледано, тие како идеја, но и практика постоеле прилично од многу одамна...
Како такви, до сега, помалку или повеќе, смислата за истите се менувала и тоа како, но генерално, она што се подразбира под хуманост, алутруизам, човекољубие, како морални доблесни особини, е општо прифатено. Е сега, земи 100 луѓе ширум планетава, и не сум баш најсигурен дека ќе најдеш идентично мислење, и став за тоа што се тие особини, како се практикуваат, што треба да се направи за да се практикуваат и ценат и сл исл. Особено земи човек од запад, и човек од исток. Моралната основа, самиот концепт на морално-филозофско размислување за овие „доблести“ ќе биде различен..
Да не зборам што самите тие „доблести“ кај повеќето луѓе се прифатени (и се прифаќаат) во вид на догма, што е апсолутно нормално, со оглед да истите се учат, преку христијанството, исламот, па еве земи ја на пример и државата, која преку својот нормативен апарат, наметнува одредено гледиште за тоа што е тоа хуманост, алтруизам, човекољубие. Секако, тоа само по себе претставува догма, затоа што државата како апсолут, ја наметнува генералната воља наспроти индивидуалната, односно, ја зема во предвид индивидуалната (она што се нарекува - слобода на единката) и ја генерализира! Како беше она, „Владеење на мнозинството, права на малцинствата“?!

Оттука, со самото тоа што моралот е толку релативна категорија (а да не зборам дека денешното сфаќање за морал и етика се толку драстично променти и толку се менуваат) па практично е неможно да се врзе човек за идеал кој што е нужно да претрпи промена.

Така и со анархијава...

Заради тоа, можда поправилно е да се каже..
Што ако на анархијата не и се потребни тие човекови „доблести“, а при тоа, нивното отсуство да не значи и безредие, туку безвластие, со оглед да самото догматизирање на „доблестите“ што ги наброја, се токму тие што се апсолутот што е наметнат од власта?
 
Целата работа е што во сегашнава состојба на ментална, емотивна психолошка... свесна состојба е уствари несвесна и самото тоа придонесува да се живее и да се прифати како оправдано денешното општествено и државно уредување и владеење на владата(со коорпорациите на врв...) и да моралните нешта се наметнати од надвор(влада, црква, психолози, едукација, домашно воспитување...) оти доколку како што викаш ти би се воспоставило безвластие самото тоа ке си повлече безредие... размисли малце и ќе ти текне... мислиш дека грото од луѓето во денешнава ситуација се доволно свесни да би можеле да се движат без надворешнни кординати од некој друг наводно авторитет донесени... Не е финтата да се внесуваат морални концепти и догми тоа веќе доволно длого се пробува да се направи но како што гледаме се тапка во место, истото безредие владее сега како што владеело секогаш... војни има многу, локални глобални секакви... војни не само со оружје има војни во самото општество... се водат меѓу брат и сестра, роднини, пријатели, познати не познати... со самата амбиција која владее во психата на луѓето не е возможна анархија...
За анархија потребна е промена на свеста во секој поеднинце... секој засебно... ама тоа сепак е малце тешко... добро би било доколку би се организирале т.е. погрешен збор употребив, доколку повеќе луѓе кои размислуваат на еден поинтелигентен и посвесен пристап кон животот создадат посебни заедници каде што не би имало систем на владеење(сепак нели ке има некакви основни правила, ама) туку поради висoката инелигеницја и свест секој би знаел од себеси што е морално што не... кога би постоеле тие заедници како пример сигурен сум дека би ги заинтересирало тие од надворешниот свет, како е можно без никакви пороблеми да се живее без закони и власти во хармонија и прогрес... и така полека ќе расте свеста во се повеќе луѓе од светот за тоа како може секој човек да еволуира во свесно битие... Свеста е битниот клуч не само за ова прашање туку за секое прашање кое постои на светот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom