Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?


  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Лоши вести за Ромни. Воочи изборите, полека ги губи клучните држави, така да сега коефициентот за победа на Обама е само 1.20, додека на Ромни е дури 5.7.

Од шестте battleground држави, Северна Каролина, Охајо, Невада, Колорадо, Вирџинија и Флорида, се чини дека победата му е извесна само во Северна Каролина. Од другите пет, води само во Флорида. Во Охајо предноста на Обама се зголеми, а во Колорадо, каде што трката беше потполно изедначена, сега во водство е Обама. Во Вирџинија води Обама, иако тесно, додека се чини дека Невада ќе му пресуди на Ромни, каде што сега водството на Обама е скоро недостижно.

Исто и во двете држави каде што се чинеше дека Ромни ќе има шанса, Њу Хемпшир и Ајова, а кои не беа во групата на battleground држави на почетокот, Обама го зголеми водството.

Инаку, можно е ми се чини по четврт пат во историјата, американскиот претседател да биде изгласан со помалку гласови од поразениот, како што беше случај со Буш против Гор.
 
Инаку, можно е ми се чини по четврт пат во историјата, американскиот претседател да биде изгласан со помалку гласови од поразениот, како што беше случај со Буш против Гор.

Во овој случај мислам дека нема да биде така , победата ќе биде тесна но сепак овој преседан на овие избори нема да се случи.
 
Инаку, можно е ми се чини по четврт пат во историјата, американскиот претседател да биде изгласан со помалку гласови од поразениот, како што беше случај со Буш против Гор.

Ова не го разбрав ?
 
Ова не го разбрав ?
На претседателските избори, во дуелот меѓу Гор и Буш, Гор имаше повеќе гласови во однос на гласачки ливчиња т.е од гласачите, но Буш доби повеќе електорати. Затоа и се сметаат за едни од најконтроверзните избори, имаше тука доста скандали, посебно во Флорида.
 
На претседателските избори, во дуелот меѓу Гор и Буш, Гор имаше повеќе гласови во однос на гласачки ливчиња т.е од гласачите, но Буш доби повеќе електорати. Затоа и се сметаат за едни од најконтроверзните избори, имаше тука доста скандали, посебно во Флорида.

Контраверзите не беа заради тоа што Буш имаше помалку гласови од Гор на национално ниво, што е легално, туку затоа што на Флорида се правеа неко махинации со гласовите. Знам дека го знаеш ова :), само некако нејасно му објасни на Дарди...
 
Контраверзите не беа заради тоа што Буш имаше помалку гласови од Гор на национално ниво, што е легално, туку затоа што на Флорида се правеа неко махинации со гласовите. Знам дека го знаеш ова :), само некако нејасно му објасни на Дарди...

Да, да, муабетот ми беше дека општо целите избори сами по себе беа контроверзни и полни со скандали, почнувајќи од Флорида, па потоа имаше и дебати дека не треба да се објавуваат резултати додека секаде подеднакво не се затворат гласачките места, затоа што ако на едниот брег се објават резултати, на другиот брег уште се гласа и тоа би можело да предизвика поместувања и слично. Флорида е посебен момент, се уште не е сосема јасно што се случи. Според едните недоразбирање, според другите крадење, според трети се беше чисто, зависи која страна ја застапуваа. :)

Инаку, обично сите се надеваат дека нема да има такви несинхронизирани моменти од типот, избраниот претседател да има помалку гласови на национално ниво, а повеќе електорати. Најубаво би било кога би соодветствувале и двете.

Додуша имаше многу што и самиот факт што Буш имаше помалце гласови го прогласија за контроверзен, затоа што според нив, тоа не ја отсликува реалната желба и ја поткопува демократијата сама под себе.
 
Генерално се смета во Америка кога некој стане претседател со помалку гласови, со губење на она што тие го нарекуваат popular vote, дека тоа става голем терет врз неговиот мандат, и дека многу лошо влејае врз политичката клима во Америка. Веќе има дебати за тоа дали Обама може да се носи со еден таков притисок.

Инаку, сметам дека изборниот модел во Америка е едноставно глупав, но што е тука е. Секои избори, во 80% од државите однапред се знае кој ќе ги добие гласовите...

Што се однесува до Буш, многумина до крајот на кариерата го именуваа само со гувернерот Буш, затоа што сметаа дека тоа беше последната функција која тој ја имаше легално добиено...

:)
 
Ова не го разбрав ?

Кај нив не се гласа како кај нас. Кај нас победник е оној кој ќе освои најмногу гласови од народот и тука завршува с`е, а кај нив се борат за поени од сојузните држави. Народот гласа во секоја сојузна држава посебно, па после тие гласови се трансформираат во поени кои им се доделуваат на кандидатите. Секоја сојузна држава има одреден број изборни поени, а бројот зависи од бројот на население, од застапеноста во Конгресот и во Сенатот. Оној кој ќе освои повеќе од 270 изборни поени е победник на изборите, другиот ќе си мрчи. :icon_lol:

Пример, Охајо и Пенсилванија носат најмногу гласови, а се „проблематични“ држави. Оној кој ќе ги добие овие две сојузни држави победува, ако ги поделат победите, еден во Охајо, а другиот во Пенсилванија тогаш ќе биде понеизвесно од сега. Најопасни се овие „swing“ држави. На пример, Калифорнија носи 55 поени, Охајо 18, а Тексас 38. Калифорнија е за демократите, Тексас за републиканците, а Охајо е „неопределена“, во превод секои избори има држави кои прават проблеми и се тешки за да се предвиди победникот, а се многу важни, секогаш го одредуваат победникот.
Неопределени држави се: Охајо - 18 поени, Флорида - 29, Висконсин - 10, Њу Хемпшир - 4, Ајова - 6, Вирџинија - 13, Колорадо - 9.

Еве ти подетално!
 
Poglednete go Rasmusen, koj pravi najtocni anketi i najblisku go pogori rezultatot vo 2008ma.

http://www.rasmussenreports.com/public_content/archive/2012_electoral_college_scoreboard

Ne izgleda loso za Romney.

Овие toss up државите не се толку toss up. Koефициентот за победа на Обама во Невада на пример моментално е под 1.10, а тие коефициенти се многу блиски до реалноста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom