Амбасадорот на САД во Србија вели дека за Балканот ќе биде исто , дали Обама дали Ромни.
Од политички гледна точка, да, САД и понатаму ќе го признаваат балканското Манџуко наречено Косово, и понатаму ќе повикуваат на компромис (читај меѓу редови - менување на уставното име на Република Македонија) помеѓу Македонија и Грција, и така натаму.
Но од економски гледна точка, доколку победи Мит Ромни и почне да ги реализира ветувањата за намалување на непотребните трошења и балансирање на буџетот, тогаш ЕУ ќе изгуби верен и лојален пријател и сојузник во Белата Куќа, кој во моментов е Барак Хусеин Обама, кој во целост ја поддржува ЕУ во нејзиното фрлање пари на Грција за да си ги плати своите долгови, додека Ромни вели дека банкротот е најдоброто решение.
Ромни дури вели и дека Обама го следел неговиот совет за банкрот на Џенерал Моторс, Крајслер и сите останати американски автомобилски компании кои Обама ги купи со народни пари, со разликата што банкротот на тие компании беше амортизиран со народни пари, наместо од нивниот банкрот да профитираа приватните инвеститори, а кристално истото е и со долговите на Грција, која доколку прогласи банкрот, доколку ја напушти евро-зоната и доколку ја врати драхмата како своја национална валута, тогаш нејзината економија ќе зависи исклучиво од приватните инвеститори, а не од економската помош на ЕУ.
Доколку Ромни победи и ги реализира своите ветувања за балансирање на буџетот и престане со американската поддршка кон економската помош која ЕУ и ја пружа на Грција, тогаш таквата промена на надворешната политика на САД не само што ќе има влијание врз државите членки на ЕУ, туку ќе има влијание и врз државите кои не се членки на ЕУ, како Македонија, на чијашто актуелна влада сигурно Ромни ќе и каже дека од фрлање на народни пари за споменици, за административни згради, за панорамски тркала, за вртелешки, за огради за мостови вредни над 1 милион и 200 илјади евра и за ред други глупости, нема да видиме никаков ќар, а тоа ќе има индиректно влијание врз македонската економија и врз македонската политичка сцена.