Обама му го препушти диктирањето на темпо на дебатата на Ромни, но овој реши да остане конструктивен. Ромни ја доби дебатата, но не доби никаков аргумент плус што би му помогнал во изборите. Мораше да биде поагресивен.
Тоа точно, ама рачунај дека ризикуваше па да биде преагресивен, а тоа често резултира со контра-ефект и наклонетоста повторно оди кај против-кандидатот. Барем моите очекувања за дебатава ги надмина и што е најбитно имаше аргументирани ставови, не видов нешто посебно Обама да му побие, освен тоа што кога беше прашањето за економија нон-стоп потенцираше колку ќе биде tax-cut, дупка во економија, само за богатите, па овој му реплицираше не, нема да биде така, па пак Обама истото го повторуваше, а овој истото го одговараше. Тука малце се вртеа во круг.
Ќе видиме, има уште две дебати, иако мислам дека Ромни навистина изненади, а она што ми беше посебно интересно е што Ромни има многу работено на говор на тело и иако до сега Обама беше сметан за американски политичар со изузетно добар говор на тело и Ромни оди во таа насока. Поставеност на раце и гестикулации, грб, истренирани гримаси на лицето, координираност на цело тело за да не се осети несигурност, таа мала насмевка што ја имаше кога Обама зборуваше... Интересно, интересно.
Иначе ко мало дете им се радувам на дебатите, одвај чекам да почнат, а она што ми е навистина уживање беше исто емисијата на CNN саат време пред изборите, такви анализи, интервјуа, муабети, а бе мерак ти е само да слушаш. Така се прават избори и изборни анализи, барем за тоа може да учиме од нив.
Ако гледавте на CNN сигурно приметивте доле каде што стоеја минутите, кој колку збори, имаше и една табела која се движеше горе-доле, затоа што CNN имаа формирано фокус група од неопределени кои требаше да реагираат позитивно/негативно на ставовите кои ги дава кандидатот и беше интересно. Она што приметив дека кај мажите немаше некоја разлика, иако мислам дека во текот на дебатата Ромни им ја привлекуваше поише наклонетоста, за разлика од жените кои повеќе беа наклонети на Обама, а прилично негативно реагираа на ставовите на Ромни, дури истите на моменти одеа во минус.
Али јак стратешки потег на Обама да каже дека му е 20 години од брак. Излага ем дека е посветен сопруг кој ги памети овие работи, ем дека сепак е тука. И Ромни тука добро се извади: Честитки, претседателе, иако можам да замислам дека ова е најромантичното место каде што можете да ја поминете прославата на дваесетгодишнината од вашиот брак
и тоа тука со мене.
Парафразирам сега, не ми текнува точно до збор како беше, ама последното му беше закон.
Во секој случај мислам дека беше добра дебата, Ромни се покажа подобро од очекуваното реално, можеше и подобро, ама за тоа се тука и останатите две. Мислам дека беше добар старт на дебативе.