Кога сме веќе кај АМЦ: за годишнина за моето работење во фирмава, од моите работодавци добив подарок ТВ „Филипс„ ЛЕД, 32 цола, 200 хз. модел 4007, за новата 2013 г. За беља, телевизорот не го отворив, скплоив и проверив веднаш по добивањето, туку кутијата ја отворив дури 7 месеци подоцна. Изненадувањето беше непријатно: скапанициве од АМЦ ми утрапиле модел од телевизор кој го имаат користено како изложбен модел, кој веројатно е „работен„ барем 3 смени дневно!
Телевизорот е рекламиран, а скапаниците од АМЦ се прават луди и велат дека телевизорот бил купен „одамна„, небаре е купен пред нашата ера а не за новата 2013-та година.
Она кое не можам да го „сварам„, тоа е простотилакот и дрскоста со која скапаниците од АМЦ продаваат производ на фирма, која има свои газди, кои на скапаниците од АМЦ им платиле, а скапаниците од АМЦ им „тутнале„ користен производ! Безобразлук невиден...
Наравоучение: заобиколувајте го АМЦ во што поголем лак! Лично, у живот нема да влезам во продавниците од тие скапаници, а камо ли да купам нешто од кај нив....