AMC фатени на дело ! BIG FAIL !

Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
Зашто?
ја на пример све што зиам, зиам од АМЦ и не планирам да ги мењам за жива глава...
Првиот ПЦ што го имав купено некаде 2002 го користев до 2012 немаше ни еден ебан дефект се додека не му цркна напојувањето по 9 години користење.. после му го сменив и сеа пак ми работи без проблем ама ретко го користам коа ќе идам во село..
А овој сеа што го земав пред 1ипол година сум стварно задовлен пак.. ниеден дефект ништо расипано си тера нема гајле..
А што знам другарчиња што имаат зимано од нико компјутер секоја трета недела на сервис му беше...
Може тоа е како ќе ти се погоди прозиводот али ја неам за што да е жалам од нив :)
Еден од ретките си значи што си имал ксмет да ти работи тип топ од кај нив......јас зборам од мое и од туѓо искуство а и од самата компанија какви превари со делови прават.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Треба или да си ептен неинформиран или да не си при здрав разум за да купиш од АМЦ...без навреда на сите што го напраиле ова али така е :)
Па од кај да купуваме тогаш? Која е компанија е подобра?

Еден од ретките си значи што си имал ксмет да ти работи тип топ од кај нив......јас зборам од мое и од туѓо искуство а и од самата компанија какви превари со делови прават.
Ја лаптопов кој го користам сега го купив есента 2010 и до сега немал ниеден дефект, ама ниеден, ништо.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ја лаптопов кој го користам сега го купив есента 2010 и до сега немал ниеден дефект, ама ниеден, ништо.
Проблемот не е ако нема никаков проблем.

Доколку ти се случи некаков проблем ќе видиш низ што ќе поминеш.
Катастрофален и самобендисан сервис што ќе ти измисли миљон причини како да ти остане расипан лаптопот а сепак они да се во право.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Па од каде да зимаме па и вие тоа не чини тоа не чини.
Инаку од АМЦ стварно катастрофа мониторот ми се расипа еднаш не се уклучуваше и го носев на едно место не во амц ми зедоа 900 денари, ламбичката светеше али слика не покажуваше, во врска со куќиштето имам сменето 2 хард диска и едно напојување.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Како немало шанси, сигурно бил под гаранција мониторот. Ако пак неќеле да го вратат или да го заменат требало да ги тужиш фино лепо.
мислам дека гаранцијата опфаќа ако се прегорени повеќе од Х пиксели (не знам колку) ... за еден два не важи ... барем така беше пред 5-6 години
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Проблемот не е ако нема никаков проблем.

Доколку ти се случи некаков проблем ќе видиш низ што ќе поминеш.
Катастрофален и самобендисан сервис што ќе ти измисли миљон причини како да ти остане расипан лаптопот а сепак они да се во право.
Јас мислам дека АМЦ не е ништо полош од останатите... Имам слушано и искусено и добри и лоши примери (повеќе лоши од добри) скоро со сите поголеми дистрибутери/трговци со хардвер. Генерална констатација е дека сите фирми во Македонија (без разлика од кој сектор) треба да поработат малку на својот однос со муштериите, и нормално, на своите законски обврски во случај на дефекти на производи што се под гаранција од фирмата кај што си ги набавил. Но со оглед на нашето срање судство, и немање конкуренција, ќе си тераме онака како што ни свират и ќе се молиме работите што ги купуваме да немаат посериозни дефекти :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кога сме веќе кај АМЦ: за годишнина за моето работење во фирмава, од моите работодавци добив подарок ТВ „Филипс„ ЛЕД, 32 цола, 200 хз. модел 4007, за новата 2013 г. За беља, телевизорот не го отворив, скплоив и проверив веднаш по добивањето, туку кутијата ја отворив дури 7 месеци подоцна. Изненадувањето беше непријатно: скапанициве од АМЦ ми утрапиле модел од телевизор кој го имаат користено како изложбен модел, кој веројатно е „работен„ барем 3 смени дневно!

Телевизорот е рекламиран, а скапаниците од АМЦ се прават луди и велат дека телевизорот бил купен „одамна„, небаре е купен пред нашата ера а не за новата 2013-та година.

Она кое не можам да го „сварам„, тоа е простотилакот и дрскоста со која скапаниците од АМЦ продаваат производ на фирма, која има свои газди, кои на скапаниците од АМЦ им платиле, а скапаниците од АМЦ им „тутнале„ користен производ! Безобразлук невиден...

Наравоучение: заобиколувајте го АМЦ во што поголем лак! Лично, у живот нема да влезам во продавниците од тие скапаници, а камо ли да купам нешто од кај нив....
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Од кај ти даваат за безпари телевизор уште сакаш и неотпакуван да ти биде

ТВ-то е подарок до мене па секако дека не сум го платил, но платен е од моите работодавци, не е џабе земен...
 
W

Werther

Гостин
Кога сме веќе кај АМЦ: за годишнина за моето работење во фирмава, од моите работодавци добив подарок ТВ „Филипс„ ЛЕД, 32 цола, 200 хз. модел 4007, за новата 2013 г. За беља, телевизорот не го отворив, скплоив и проверив веднаш по добивањето, туку кутијата ја отворив дури 7 месеци подоцна. Изненадувањето беше непријатно: скапанициве од АМЦ ми утрапиле модел од телевизор кој го имаат користено како изложбен модел, кој веројатно е „работен„ барем 3 смени дневно!

Телевизорот е рекламиран, а скапаниците од АМЦ се прават луди и велат дека телевизорот бил купен „одамна„, небаре е купен пред нашата ера а не за новата 2013-та година.

Она кое не можам да го „сварам„, тоа е простотилакот и дрскоста со која скапаниците од АМЦ продаваат производ на фирма, која има свои газди, кои на скапаниците од АМЦ им платиле, а скапаниците од АМЦ им „тутнале„ користен производ! Безобразлук невиден...

Наравоучение: заобиколувајте го АМЦ во што поголем лак! Лично, у живот нема да влезам во продавниците од тие скапаници, а камо ли да купам нешто од кај нив....
Ќе страдаат во адот ако не се покајаат и не го прифатат Ристоса за свој спасител !
 
Член од
9 февруари 2013
Мислења
32
Поени од реакции
11
Да им е*** се по список на АМЦ .. мојата случка со нив е следна.. купив лаптоп АЦЕР (не се разбирам ислрено и ми беше предложен од продавачот) таман одам дома работам пола сат и оп син екран.. се рестартира.. пак пак.. после 3 месеци сервиси натиго дајмиго прифакјаат да ми го сменат.. и одбирам АСУС .. нема да ви се верува .. блокира на Мозила, корел нејке ни да чуе, пак сервиси ме влечкаа додека не ми помина гаранцијата и еве останав со него нерви си кинам.. им пишував на фб страната и ме блокираа.. Се на се .. бегајте од тамо па макар и за без пари да ви даваат.. нервите нема кој да ви ги плати ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ќе страдаат во адот ако не се покајаат и не го прифатат Ристоса за свој спасител !
Дали „ќе„ или „не ќе„, тоа е нивна работа, а она кое е мое, тоа е дека кај ќе стигнам, ќе ги пљукам и по луѓе ќе советувам да не им падне на памет да пазаруваат нешто од АМЦ.

Пред 7 г. купував ЦРТ монитор од АНХОЧ и од таму ми завалија „запакуван„ монитор „Хјундаи„, а всушност беше изложбен модел, абен по цел ден. Наредниот ден им го тупосав мониторот директно у дирекција и ми доставија навистина нов и неотпакуван модел без да писнат. Батката од продавницата од АНХОЧ во ГТЦ кој ми го подвали мониторот од тогаш го немам видено да работи како продавач.

Нешто слично ми се случи пред некои 3 месеци, кога купував звучни кутии (од сосема трета продавница), кои ми беа подвалени како „нови„ и „неоптакувани„ Штом ги отпакував дома, ми стана јасно за што се работи па почнав да ги отекувам вработените од фирмата, се‘ додека не се нафатија и не ми набавија навистина нови и неотпакувани модели.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Ja со АМЦ никакви проблеми сум немал.Компјутерот ми е од нив од 2008,првиот монитор што го земав имаше 3 мртви пиксела,ми го заменија и еве го до ден денешен тера. Тастатурата ми е од првиот ден исто и маусот..заедно вредат 500 ден. и уште работат перфектно.
За сервисот само имам забелешки,спори се..додека ми беше под гаранција закачив вируси и да ми го средат им требаше 2 недели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom