Amazon rainforest

  • Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување
B

Beginner

Гостин
Не најдов соодветна тема за ова па ако има модератор нека го префрли постот.
[/URL]
Амазонската прашума погодена е од пожари од толкав размер што чадот се гледа и од вселената, со оглед на тоа што од минатиот четврток евидентирани се 9.500 пожари, а секоја минута огнената стихија уништува површина во големина од едно и пол фудбалско игралиште.
Амазонија се нарекува „бели дробови на светот“ поради тоа што нејзините прашуми произведуваат 20 отсто од светскиот кислород, пренесува хрватскиот портал Index. Доколку биде уништена, светот ќе се соочи со катастрофа од невидени размери, крај на светот што го знаеме, бидејќи Амазонија создава не само кислород, туку и нè заштитува од многу опасности за кои не сме свесни ни дека постојат.
Кога доаѓа до пожари од значителни размери, стеблата што горат во атмосферата наместо кислород испуштаат јаглерод диоксид, кој дополнително ја загадува атмосферата, а кога би исчезнала Амазонија, голем дел од јаглерод диоксидот не би се трансформирал по пат на фотосинтеза во кислород, туку би останал каде што е, што ќе доведе до големо загадување на воздухот.
Тропските дождовни шуми и савани, во интеракција со атмосферата разменуваат големи количини вода и се сметаат за исклучително важни во одржувањето на локалната, но и регионалната клима. Всушност водата која ја испуштаат растенијата во атмосферата преку испарување и транспирација и која преку реките доаѓа до океаните, значително влијае на светската клима и циркулацијата на океанските струи.
Исто така, модерната, но и традиционалната медицина со векови користи растенија и други организми за да произведе лекови. Научниците сметаат дека во Амазонија, во смисла на лековит потенцијал, детално се проучени помалку од еден отсто од растенијата, а со оглед на тоа дека површината на тие шуми се намалува, исчезнува и потенцијалот за откривање нови медикаменти на тоа подрачје.
Според истражувањето „Ефекти од уништувањето на тропските шуми врз климатските промени и земјоделството“, објавено во списанието Nature атмосферското влијание од целосно исчезнување на тропските шуми, покрај зголеменото ниво на стакленички гасови, може да доведе до рапиден пораст на глобалната температура за 0,7 Целзиусови степени, што би значело удвојување на глобалното затоплување забележано во 1850 година.
Исчезнувањето на шумите ја менува влагата и протокот на воздух, што доведува до дополнителни промени, од флуктуирачки врнежи до зголемување на температурите кои се подеднакво опасни и веднаш ја погодуваат животната средина. Влијанието нема да ги погоди само тропските шуми. Велика Британија и Хаваи би можеле веднаш да бидат погодени од зголемени количества на врнежи, додека централниот дел на САД и Франција може да ги погоди суша, изјави авторката на студијата Дебра Лоренс од Универзитетот Вирџинија.
Бидејќи дождовните шуми ја претвораат водата од почвата во влага во воздухот и со тоа ја ладат атмосферата, тие се најважниот дел од процесот на создавање и регенерирање на влагата. Кога би исчезнала Амазонија, воздухот во таа област ќе стане сув и загреан, а ветровите ќе го носат низ целиот свет, создавајќи хаос.
Зголемувањето на температурата во тропските предели предизвикано од уништување на шумите или пожарите создава големи воздушни маси кои се движат нагоре. Кога влегуваат во горната атмосфера, тие предизвикуваат бранови или телеконекции, кои се движат во различни насоки. Моделите презентирани во оваа студија посочуваат дека исчезнувањето на амазонските дождовни шуми би имало значително влијание врз климата во некои од најважните светски земјоделски региони.
Во друг напис, објавен во Nature, се објаснува како намалувањето на шумите би влијаело на животот на луѓето. Освен загадувањето на воздухот и глобалното затоплување, светот може да биде погоден од хронична глобална суша.
Дефорестираните подрачја се подложни на хронични суши што ја отежнуваат речната пловида и ја нарушуваат индустријата и земјоделството. Понатаму, според истиот напис, дрвјата испуштаат влага во воздухот, па недостигот на дрвја ќе доведе до недостиг на влага во воздухот на глобално ниво.
Еколозите, кои се занимаваат со движењето на атмосферската влага, предвидуваат дека доколку исчезнат дождовнните шуми, според најдоброто сценарио, 15 отсто помалку врнежи ќе паднат на подрачјето на Амазонија а, во најлош случај, ќе стане суво како пустината Негев. Затоа, тие предупредуваат дека е исклучително важно да се спречи трајното уништување на амазонската прашума.
Голем дел од научната јавност се согласува дека и без огромните пожари во Амазонија, климатските промени претставуваат мошне сериозна закана за нашата цивилизација. Според анализата на „Напредниот центар за обнова на климата“, тинк-тенк од Мелбурн климатските промени се опишани како „краткорочна до среднорочна егзистенцијална закана по човековата цивилизација“. Во анализата се посочува дека доколку човештвото веднаш не преземе нешто, последиците можат да бидат стравични. Околу милијарда луѓе би морале да се исселат поради неподносливи животни услови, а уште две милијарди ќе се соочат со недостиг на вода. Земјоделството ќе пропадне во суптропските подрачја, а процесот на производство на храна драматично ќе се наруши во целиот свет.
Според „најцрното“ сценарио претставено во анализата, цивилизацијата може да исчезне до 2050 година. Но, ако покрај постоечката индустрија, стакленичките гасови, раст на бројот на населението, пластичниот отпад во равенката го додадеме и уништувањето на Амазонија, што значи рапидно зголемување на загаденоста на воздухот, глобални суши, промена на океанските струи, дополнителен јаглерод диоксид и раст на температурите, тогаш, како што забележува хрватски Index, може сценариото не е песимистично, туку реално.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Никој кур не го боли за ништо. И Сибир и Амазон горат истовремено!!!!!!!
Намерно е запалено и намерно нема медиумски алерт , бидејќи цврсто не газат!
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Нема нема, цитрони ми ги направија.

Вести не гледам, гледам тоа што сакам под влијание на кралски прав... али за вакво зло , треба да има алетри за спас, греота шумицата.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Јас лично сметам дека шумите што горат во сибир и јужна америка е многу малку за да се отствари еден детски сон во кој детето е сведок на самоуништување на човекот. Да имам моќ, лично би запалил уште многу шуми широм светот за процесот на уништување да трае побрзо. Се надевам дека оваа ситуација со пожарите ке продолжи и ке биде многу катастрофална за желбите на едно мало дете да бидат конечно отстварени.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.071
Поени од реакции
21.943
^^ Админ за мене ако може еден ладен Амстел а за дечково со гас маската над мене пушти му еден бан. Фин чоек е .
Автоматски споено мислење:

Нема по ``нормален и безболен`` начин за соопштување на јавноста дека треба да се исече големо пространство шума за изградба на фабрика, рудник, воена база, стадион, аеродром,плантажа .... од тоа да се запали шумата и да испадне криво глобалното затоплување.
Пробуваа владите и корпорациите во 90тите со преговори да успеат да ги откачат екологистите ама во 99% од случаите губеа. Вака секогаш ќе има дежурен кривец со догорче од цигара што случајно потпалил цела шума.
Никогаш местата од ``случајниве`` пожари не биле пошумени пак туку напротив на нивно место било нешто изградено.
Будали кај нас у западна Македонија на изгореното саделе посебен тип на печурка што расте на таква површина.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Па ако се соберат милијарди за Амазон ќе ги вратат дрвјата изгорени?
Да, ќе посадат нови кои ќе израснат во иднина, вака ќе си остане една широка полјана.
Автоматски споено мислење:

^^ Админ за мене ако може еден ладен Амстел а за дечково со гас маската над мене пушти му еден бан. Фин чоек е .
Автоматски споено мислење:

Нема по ``нормален и безболен`` начин за соопштување на јавноста дека треба да се исече големо пространство шума за изградба на фабрика, рудник, воена база, стадион, аеродром,плантажа .... од тоа да се запали шумата и да испадне криво глобалното затоплување.
Пробуваа владите и корпорациите во 90тите со преговори да успеат да ги откачат екологистите ама во 99% од случаите губеа. Вака секогаш ќе има дежурен кривец со догорче од цигара што случајно потпалил цела шума.
Никогаш местата од ``случајниве`` пожари не биле пошумени пак туку напротив на нивно место било нешто изградено.
Будали кај нас у западна Македонија на изгореното саделе посебен тип на печурка што расте на таква површина.
Смрчки, не знак колку ги саделе или сами си никнале, тие никнуваат во изгорени шуми од даб, бука, габер.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Да, ќе посадат нови кои ќе израснат во иднина, вака ќе си остане една широка полјана.
Можат да се посадат и без милијарди и милиони.
Плус процесот за да се врати во првобитна состојба ќе трае години.
Друго е Нотр Дам и друго е Амазон.
Плус, сигурен сум дека има донации и за ова, само ете, луѓето обожаваат вака глупости да си пишуваат демек дволични биле сите останати, и како им се помага само на моќните држави.
А еве, кога сме веќе кај тоа, македонците се луѓето кои можеби најмалку рециклираат во Европа, се едни од најголемите загадувачи, али ипак на фејсбук врие слики и постови за Амазон и како тоа сите се погодени од ова што се случува и колку нив ги боли за планетата земја.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Можат да се посадат и без милијарди и милиони.
Плус процесот за да се врати во првобитна состојба ќе трае години.
Друго е Нотр Дам и друго е Амазон.
Плус, сигурен сум дека има донации и за ова, само ете, луѓето обожаваат вака глупости да си пишуваат демек дволични биле сите останати, и како им се помага само на моќните држави.
А еве, кога сме веќе кај тоа, македонците се луѓето кои можеби најмалку рециклираат во Европа, се едни од најголемите загадувачи, али ипак на фејсбук врие слики и постови за Амазон и како тоа сите се погодени од ова што се случува и колку нив ги боли за планетата земја.
Теоретски и Нотр Дам може да се реконструира без милиони, ама во пракса за без пари ни таму ни во шумата ќе отиде да сработи нешто.
Северните Македонци се еден од најголемите олоши што живеат на планетава, со наендерталскиот мајндсет векови им требаат за да стигнат до свеста за рециклирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom