Amazon (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоццццце
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.amazon.com/gp/browse.html?ie=UTF8&marketplaceID=ATVPDKIKX0DER&me=A25ZA1PKZT9RNA – Голем избор на адаптери за лаптоп (11$ шипинг)​
http://www.amazon.com/gp/browse.html?ie=UTF8&marketplaceID=ATVPDKIKX0DER&me=A174CY8CR6S3G5 аксесоари за телефони, компјутери ..(14$ шипинг)
http://www.amazon.com/gp/browse.html?ie=UTF8&marketplaceID=ATVPDKIKX0DER&me=A318KZKAVS7VOQ – игри, аудио опрема, разни додатоци ..22$ шипинг
http://www.amazon.com/gp/browse.html?ie=UTF8&marketplaceID=ATVPDKIKX0DER&me=A119K31BOSN2QF – кабли, мултимедиа (8$ шипинг)
 
Ако не е преголема книгата, ќе ти ја донесе поштарот дома, и нема ништо да платиш, ако е поголема, може да ти остават ливче дома, па да одиш да си ја земеш, и тогаш може ќе ти побараат стотка за поштарина. Данок, ниту царина, за таа вредност, нема.
Само да напоменам дека книги и ДВД филмови се целосно ослободени од плаќање царина на било која вредност.Ова од лично искуство. ;)
 
Само да напоменам дека книги и ДВД филмови се целосно ослободени од плаќање царина на било која вредност.Ова од лично искуство. ;)
Нема царина, ама има ДДВ, провери во тарифникот на царина ќе видиш. Личното искуство не е исто со законот.
 
Кој ДДВ бе чоек.50 пати иам нарачано од странство денар ДДВ не ми зеле.
 
Кој ДДВ бе чоек.50 пати иам нарачано од странство денар ДДВ не ми зеле.
Не се инати. Знам дека е така, и ја имам нарачувано безброј пати све и свашта. Ама ете го сајтот на царина, имаш тарифи, провери. За дискови царина 0%, ДДВ 18%, за книги царина 0%, ДДВ 18/5%. Тоа е законот. Зошто не ги бараат тие пари, прашај ги следниот пат. Но имаат законско право да ги наплатат, и за непријатно изненадување понекогаш ги наплаќаат, тоа што тебе не ти се случило до сега не значи дека во иднина нема да се случи.
 
Не се инатам.Тоа со 18 % ДДВ по некоја логика се однесува на дискови и книги за комерцијална употреба(повеќе од 2 парчиња).Дај го членот од законот за царина каде што пишува за ова.
п.с.ме интересира онака информативно колку од тие безброј порачувања си платил ДДВ???
 
Не се инатам.Тоа со 18 % ДДВ по некоја логика се однесува на дискови и книги за комерцијална употреба(повеќе од 2 парчиња).Дај го членот од законот за царина каде што пишува за ова.
п.с.ме интересира онака информативно колку од тие безброј порачувања си платил ДДВ???
Еве, 8523 40 11 00 тарифна ознака за дискови, 4901 за книги. Внеси ги тука ќе видиш. Нема разлика комерцијална, некомерцијална употреба, поклон или било што. Во законот е јасно пишано дека за сите производи по пошта со вкупна вредност на пратката над 45 евра, се пресметуваат давачки според предвидените тарифи.
2 пати имам платено давачки, а еднаш ме викнаа во царина да платам па таму се смилува вработениот и го ослободи. Инаку сум имал нарачки и со доста голема вредност, техничка стока, патики и уште нешто, за која ќе требаше да платам по закон неколку илјадарки, па воопшто не ми бараа. Тоа не значи дека треба да речам дека за тие производи не наплаќаат. Конкретен пример, 2 пати нарачував екстерен хард диск, првиот пат не ми побараа ништо, вториот пат очекував исто да пројдам, ама ми наплатија околу 800 денари ДДВ.
 
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=365

Епа прави законот разлика меѓу некомерцијална и комерцијална употреба.
И конкретниот мојот пример се однесуваше на книги и двд-а.Тие се ослободени од било какви давачки ако се од некомерцијална природа.Еве нека се јави некој да платил ддв на овие производи.Јас никогаш не сум платил,нити некој мој познаник што нарачувал платил било кога ДДВ.
 
Ете го пишува токму тоа што ти го реков, над 45 евра се плаќаат давачки, а нигде не пишува дека за книги не се плаќа. Официјално важат стапките кои ги има во тарифникот, па ако нарачаш книга над 45 евра вредност, и ти побараат пари, ќе платиш, затоа што тоа го предвидува законот, и немаш основа за жалба. Причината поради која најчесто не го прават тоа не ја знам, може е некаков премолчен договор, или па воопшто не ја гледаат вредноста сметајќи дека книгите се ефтини, неам поим. Дали е така во 100% од случаите не би се осудил да речам, да не се изгори некој со непланиран трошок, иако и моето искуство потврдува дека за книги и дискови не ми барале пари, дури и кога вредноста им е над тие 45 евра.
 
Vucjak има право, законот е јасен (над 45 евра се плаќаат давачки). Значи можно е ако сакаат да ви наплатат давачки, иако за книги тоа ретко се применува. Претпоставувам дека тој само сакаше да предупреди на таа можност. Туку мене ме интересира дали некој од вас има нарачано поголеми работи од Амазон (пр. телевизор). Сакам да земам еден ама не знам какви се трошоци би можело да повлече кога ќе стигне кај нас.
 
Така ми изгледа или форумов е затворен за нови членови, никој не ми одговора на прашањата.
 
abe sakam da zeam vakvo nesto i nekoj drugi raboti za ist telefon
http://www.amazon.com/Case-Mate-HTC...QW/ref=sr_1_29?ie=UTF8&qid=1308418582&sr=8-29
ali koga na pola od proizvodive mi vika deka ne se prakja do lokacijata :D Чаре ? дајте некој со продава вакви дрндалашки :D
ке се договориш со риселерот...пиши му маил мош ке ти го прати..на мене ми правеа така повеке пати
и ако може некој да најде мп4 копија на ипод нано 5ген или ипод нано 3ген...има ги мн во маде ин цхина ама не пракат никако а по 20 долара се ?
 
ако може некој да најде мп4 копија на ипод нано 5ген или ипод нано 3ген...има ги мн во маде ин цхина ама не пракат никако а по 20 долара се ?
 
Vucjak има право, законот е јасен (над 45 евра се плаќаат давачки). Значи можно е ако сакаат да ви наплатат давачки, иако за книги тоа ретко се применува. Претпоставувам дека тој само сакаше да предупреди на таа можност. Туку мене ме интересира дали некој од вас има нарачано поголеми работи од Амазон (пр. телевизор). Сакам да земам еден ама не знам какви се трошоци би можело да повлече кога ќе стигне кај нас.

Јас не би порачал ТВ или било што така поголемо, а "понежно" од нет. Прво додека да стигне кај нас пакетот ќе прошета доста, а со тоа и шансата да стигне со физичка штета се зголемува. Второ не знам точно колку ќе ти наплатат, најмалце што може да платиш ти е 5% од цената, а најмногу 33% (за точност прашај некој од увозниците на тв, би требало да сакаат да ти одговорат на прашањето). Трето кај нас царениците се такви гадови што ако некој од нив му фрли мерак на телевизорот може да ти направи дубара, дека се работи за пратка до физичко лице. Во реалност не постои институција во РМ која ќе те одбрани од нив(царениците)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom