'Allo 'Allo!

  • Креатор на темата Креатор на темата Gray Foxx
  • Време на започнување Време на започнување
Многу добра серија:pos::pos::pos:Треба да ја даваат пак на тв.Многу пати ја имам гледано и пак се кинам од смеење кога ја гледам:pos::pos::pos:
 
Инспириран од муабети низ темиве за феноменалнава серија а и воодушевен од истата ја отварам оваа тема. Фанови повелете....

It is i Lekler.....

еве го легендарнот р'не

[MEDIA]http://youtube.com/watch?v=Wkz1ecxrQO4[/MEDIA]
 
Listen to me very carefully, I shall say this only once. :)

Добра серија... првите 20-30 епизоди многу ме смееше (кога ја даваа на Сител мислам)... ама после некако падна хуморот, стана репетитивна... финтите почнаа да се повторуваат, се едни исти реплики.
Ама сепак спаѓа во групата на култни серии... респект.
 
Инспириран од муабети низ темиве за феноменалнава серија а и воодушевен од истата ја отварам оваа тема. Фанови повелете....

Мислам дека има тема за “Ало Ало“. Не сум најсигурен можно е и да грешам...
 
Мислам дека има тема за “Ало Ало“. Не сум најсигурен можно е и да грешам...

Абе ништо не излезе, не ми е прва тема да правам, досега не ми се случило дупла да отворам, сепак сега ќе пребарам дали има некоја со варијации во името, фала на забелешка.:smir:
edited: Нема !!!
 
Абе ништо не излезе, не ми е прва тема да правам, досега не ми се случило дупла да отворам, сепак сега ќе пребарам дали има некоја со варијации во името, фала на забелешка.:smir:
edited: Нема !!!

Извини тогаш, те натерав да пребаруваш за џабе. Веројатно во теми каде што се пишуваше за серии читав многу за Ало Ало па затоа мислев дека има посебна тема.

Инаку помина веќе долго време откако последно ја гледав и освен на главните фори, аферите на Рене, смотаниот цајкан и Гестапо-вците кои ми се посебно изгубени, не се сеќавам на многу, па ја нарачав од другар да ми ја симне од интернет. Штом ја добијам ќе ја изгледам одново со уживање и ќе пишувам на темава.

P.S.
Дали се сеќавате на пародијата на “Ало Ало“ што ја направија за една нова година на МТВ (Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Дади Ангеловски и компанија...)
Е, и тоа беше лудница :vozbud:...
 
Омилени ликови ми се Флик, Мишел и Ханс (тој капетанот со очилата).
Кога си отиде Ханс од серијата (на руски фронт го пратиле) и кога го сменија Флик, не беше толку смешно како на почетокот, ама сепак серијава е најдоброто нешто што сум го гледал.
 
нема да набројувам омилени ликови и сл. само ќе кажам дека со ханзо бевме до тој степен опседнати со серијава што ги знаевме имињата на сите глумци (што ги даваа на шпица) на памет. инаку неодамна дознав дека Ало Ало била пародија на некоја друга серија со слична тематика, но сериозна.
 
Ееее, гуд ол` дејс оф основно...Немавме попаметна работа. :pos:
Уште од тогаш сакав да бидам Флик, еве сега научив и да поткривнувам како него. :pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom