Алкохол

  • Креатор на темата Креатор на темата Fabullous_178
  • Време на започнување Време на започнување
Алкохолот е многу повеќе од "средство за опуштање и забава". Без обзир дали си негов љубител или не, добро е да оддвоиш неколку минути и да ги знаеш следниве факти за него.

Веројатно знаеш дека алкохолот влијае на мозокот и ја ослабнува кординацијата, рефлексите, чувството за проценка и помнењето. Но, знаеш ли дека влијае и на телото и дека може да ги уништи органите? Се апсорбира директно во крвотокот и може да го зголеми ризикот од разни болести, вклучувајќи го и ракот. Познато е дека во комбинација со цигарите значително го зголемува ризикот од рак на дебелото црево кај младите.

Најголемата концентрација на алкохолот во крвта се наоѓа 30 до 60 минути по конзумацијата.
Преку крвта доаѓа во сите телесни ткива, а највеќе во црниот дроб, бубрезите, мозокот и мускулите. Големите количества алкохол го оштетуваат црниот дроб, го иритираат желудникот и предизвикуваат чирови и гастритис, а предизвикуваат и болести на срцето и оштетувања на мозокот.

Алкохолот влијае на самоконтролата. Под негово влијание можеш да прејдеш граници кои на трезно никогаш не би ги поминал и да зажалиш за своите постапки и ризични однесувања.

Алкохолот може да те убие.
Не само што големите количества алкохол испиени во краток рок можат да доведат до труење, кома и смрт), туку и до сообраќајни незгоди и насилства. Дури и доколку ти не пиеш, дружењето со оние кои пијат и немаат контрола над себе може да биде ризично.

Посебно опасно може да биде и мешањето на алкохолот со лековите. На пример, алкохол во комбинација со парацетамол (лек против болки или зголемена телесна температура) може да доведе до оштетување на црниот дроб. Во комбинација со други лекови може да предизвика мачнина, тегоби, повраќање, проблеми со срцето, потешкотии со дишењето, па дури и кома и смрт.

КАКО ДА ЗНАЕШ ДАЛИ ИМАШ ПРОБЛЕМ?

Понекогаш, ова е тешко да се каже, но постојат знаци кои упатуваат на препознавање на проблемот. Најмалку еден од следниве знаци може да укаже на тоа дека во прашање е проблем со алкохолот:

- редовно се опиваш
- лажеш во врска со количината на алкохол која си ја испил
- веруваш дека алкохолот е услов за добра забава
- често си мамурен
- се чувствуваш "прегазено" и депресивно
- забораваш што си рекол/рекла или си направил/а под дејство на алкохол

СИ СЕ ЗАЕБАЛ/А ДОКОЛКУ МИСЛИШ...

...дека пивото или виното се побезбедни од жестоките пијалоци. Едно шише пиво има подеднакво алкохол колку и чашка жесток алкохолен пијалок. Сеедно во кој облик доаѓа, од алкохолот можеш да се опиеш.

...дека алкохолот ќе ти помогне да се чувствуваш подобро. Малку алкохол може да те опушти, но не може и да те развесели. Алкохолот е депресант, бидејќи ја намалува мозочната активност. Доколку си во депресија уште пред да почнеш да конзумираш алкохол, грешиш доколку мислиш дека тој ќе ти помогне да се чувствуваш подобро. Напротив, алкохолот уште повеќе ќе те "избедира".

...дека нема да се вклопиш во друштво доколку не пиеш алкохол. Да се одбие алкохол е многу полесно отколку што мислиш. Не пијат сите алкохол и нема да те сметаат за фрик доколку одбиеш.
 
Мислам дека многу од "опуштачките" вредности на алкохолот,се поврзани и со самосугестијата.Ако некој силно верува дека алкохолот ке го направи повесел,дека ке придонесе за негово подобро расположение,тогаш,тој човек и ке биде повесел додека пие.Депресијата што ке ја доживува другиот ден, е друга приказна.Оттаму,човек почнува да верува дека само алкохолот е единственото нешто што може да го направи хепи,и така почнува зависноста од него.Воа е само мое нестручно мислење,по логика.
Како и да е,според тоа што го кажаа повекето,алкохолот е прилично штетен за психичкото и физичкото здравје за човекот...а и дека предизвикува и зависност.
abe kako mozite da nepiete jas ako ne zgnetam dve tri raki od sabajle mi se tresat raceve nisto nemozam da fatam znam oti e stetno ama toa e toa taka sum navknal a za odviknuvanje potesko no bi sakal da probam
Ништо лично,ама текстов е пример за човек кој неможе без алкохол.
 
^Fabullous_178, тоа шо го пиша важи и за едно опојно средство кое ти го конзумираш и браниш по форумов:)

На темава...
Да не го заборавиме и "врвот", односно јаготката на шлагот која ја добива секој редовен конзуматор на алкохол...*drum roll*...Делириум тременс. Тие што го преживеале викаат дека бил не баш пријатен.
 
-Види,намерно не ја спомнав марихуаната на темава,бидејки не сакав да правам никакви споредби и за да не речете дека пропагирам нејзина употреба.Ама ме влечеш за јазик...
1.Марихуаната не предизвикува зависност.Во тоа сум сигурен сега,повеке од било кога,бидејки не сум дувал еден месец,и воопшто досега не сум осетил некоја потреба.Да не се лажете,не дувам оти НЕМА,не оти не сакам:):)....(има разлика помегу желба и потреба)
2.Марихуаната не предизвикува губење на самоконтролата.Барем не во таа насока,каде би посакал да повредиш некој.Сте слушнале ли некој да се однесува насилно под дејство на марихуана?
3.Неможе да те убие.Докажано е дека не постои предозирање од марихуана.Може да се случи да повракаш,ама ништо повеке од тоа.Исто така,позитивно влијае на способноста на управување со возило и ги намалува можностите за сообракајка.
-Се у свему,има многу голема разлика мегу трава и алкохол.
 
Ах ниедна свирка не поминувa без да конзумирам алкохол, но сепак не претерувам. Пиам колку што сметам дека ми треба за да се опуштам. Тоа се од прилика еден, два, а понекогаш и три(ретко,многу ретко) коњака. А инаку така да излезам и да пијам алкохол многу ретко се дешава на пример ако немало свирка одамна па да седнеме со другарките или со дечкото и да пиеме коњак или пиво(знаете се случува понекогаш да ти недостига алкохолот :) па да си речеш ај вечерва да пиеме),ама тоа е многу ретко.

А да и на родендени исто така си потпивнувам. А во животов само еднаш сум претерала (или два пати) :)
 
Абе пиел непиел....слушаме како 12-13годишници завршуваат на гликоза...епа нормално дека тоа ќе се деси кога алкохол има у секоја трафика...ама пак позитивно е тоа што од кога ќе заврши на гликоза...после тоа кога ќе помириса алкохол срцето ќе му прерипува :)..

Значи полошо е за оние што сакале да се опијат да се направат магариња а немале прилика...ете тоа е лошо бидејќи тој смета дека ќе му помине младоста а нема да има спомен од тоа како се дрвосал....со што ќе дојде до фаза каде што после секое пијанство ќе смета дека сеуште има фора додека не заврши на гликоза...

А инаку по една чаша црвено вино да се испие дневно е здраво...со што да не речам си го продолжувате животот бар за 10години...

п.с И немора да кажуваат дека бил штетен алкохолот или сл. туку нека им објаснат како се пие алкохолот за да се долови правиот филинг од него...со тоа мислам дека сите останати што ќе се прават дрва ќе бидат окарактеризирани како сељачишта...:vozbud:
 
Да, се пијанам за викенд понекогаш....пример еднаш на два месеци....супер ми е нити повраќам нити глупости правам...само си сум расположена за играње и сите ги сакам тогаш...:vozbud::pipi:
Штетно е, се што е претерано е штетно, ама се прават исклучоци и ако не е често, зошто да не? :toe:

Колку често не е често девојче?
 
Колку често не е често девојче?

Без навреда, ама стварно глупо прашање...Колку често не е често?
Епа, под не често може да се подразбира повремено, е сега за кого како, за некого ќе биде на неколку дена, за некого на неколку недели итн....
 
Порано ако излезев и не се начукав се враќав дома одма под брза постапка, не ми беше интересно.. За среќа се откажав од таа глупа навика и сеа пијам ама ЕПТЕН најретко.. Последно што памтам да бев пијана е пред неколку месеци.. Гледам да пијам помалце и онака освен вино жестоките пијалоци што порано ги пиев ептен, као добро утре ми беа, сеа ми се гадни и ги одбегнувам.. И тоа искрено си го сметам за огромен напредок. Коњак, Водка и такви работи ги пиев чисти без проблем, сега и една чаша да е мора да е со МННН кока кола или кој било друг пијалок за да не го осеќам алкохолот толку, осеќам гадење од него. И стварно сум си горда на себе за тоа.
 
Браво!

Порано ако излезев и не се начукав се враќав дома одма под брза постапка, не ми беше интересно.. За среќа се откажав од таа глупа навика и сеа пијам ама ЕПТЕН најретко.. Последно што памтам да бев пијана е пред неколку месеци.. Гледам да пијам помалце и онака освен вино жестоките пијалоци што порано ги пиев ептен, као добро утре ми беа, сеа ми се гадни и ги одбегнувам.. И тоа искрено си го сметам за огромен напредок. Коњак, Водка и такви работи ги пиев чисти без проблем, сега и една чаша да е мора да е со МННН кока кола или кој било друг пијалок за да не го осеќам алкохолот толку, осеќам гадење од него. И стварно сум си горда на себе за тоа.

Ако ти шкоди, прекини и со тоа. Според годините (ако ти се точни) не би требало ни да помирисаш алкохол. За твое добро! И за доброто на тие околу теба (твоите родители).

Благослов Божји ти посакувам
 
Без навреда, ама стварно глупо прашање...Колку често не е често?
Епа, под не често може да се подразбира повремено, е сега за кого како, за некого ќе биде на неколку дена, за некого на неколку недели итн....

Поарно ИЧ.
'Капка по капка, МОРЕ'
 
Поарно ИЧ.
'Капка по капка, МОРЕ'

Се согласувам пошто и ја сум антиалкохоличар....не дека не пијам, ама многу ретко, а и за тоа треба да има посебен повод, како на пример роденден или слично па ќе се напијам малку колку да не се двојам од останатите
 
Се согласувам пошто и ја сум антиалкохоличар....не дека не пијам, ама многу ретко, а и за тоа треба да има посебен повод, како на пример роденден или слично па ќе се напијам малку колку да не се двојам од останатите

Пиењето во овој случај (но и што било друго нешто во животот) не треба да се прави заради тоа што 'и другите така прават'. Знаеш што велат постарите: 'ако некој скокне во бунар, и ти ли ќе скокнеш?'

Биди си свој!:wink:
 
Пиењето во овој случај (но и што било друго нешто во животот) не треба да се прави заради тоа што 'и другите така прават'. Знаеш што велат постарите: 'ако некој скокне во бунар, и ти ли ќе скокнеш?'

Биди си свој!:wink:

Ја ако не сакам да пијам, воопшто нема да пијам и крај:wink:....сакам понекогаш да се напијам(иако многу ретко) па тогаш ги искористувам приликите кога мое друштво пијат да седнам да се напијам и ја, а инаку постојат многу работи шо ги прави моето друштво, а шо не ги правам јас....
Сите правиме заедно некои одредени работи, ама секој си е свој, а исто така од друга страна и никој не е принуден да прави работи шо не ги сака само затоа шо друштвото ги практикува....
 
Sakam da se napijam no samo vo dobro drustvo..i pokraj mnogute gluposti sto gi imam napraveno pod djstvo na alkohol pak sum negov povremen obozavatel
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom