Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.461
- Поени од реакции
- 35.249
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Алкохолот е многу повеќе од "средство за опуштање и забава". Без обзир дали си негов љубител или не, добро е да оддвоиш неколку минути и да ги знаеш следниве факти за него.
Веројатно знаеш дека алкохолот влијае на мозокот и ја ослабнува кординацијата, рефлексите, чувството за проценка и помнењето. Но, знаеш ли дека влијае и на телото и дека може да ги уништи органите? Се апсорбира директно во крвотокот и може да го зголеми ризикот од разни болести, вклучувајќи го и ракот. Познато е дека во комбинација со цигарите значително го зголемува ризикот од рак на дебелото црево кај младите.
Најголемата концентрација на алкохолот во крвта се наоѓа 30 до 60 минути по конзумацијата. Преку крвта доаѓа во сите телесни ткива, а највеќе во црниот дроб, бубрезите, мозокот и мускулите. Големите количества алкохол го оштетуваат црниот дроб, го иритираат желудникот и предизвикуваат чирови и гастритис, а предизвикуваат и болести на срцето и оштетувања на мозокот.
Алкохолот влијае на самоконтролата. Под негово влијание можеш да прејдеш граници кои на трезно никогаш не би ги поминал и да зажалиш за своите постапки и ризични однесувања.
Алкохолот може да те убие. Не само што големите количества алкохол испиени во краток рок можат да доведат до труење, кома и смрт), туку и до сообраќајни незгоди и насилства. Дури и доколку ти не пиеш, дружењето со оние кои пијат и немаат контрола над себе може да биде ризично.
Посебно опасно може да биде и мешањето на алкохолот со лековите. На пример, алкохол во комбинација со парацетамол (лек против болки или зголемена телесна температура) може да доведе до оштетување на црниот дроб. Во комбинација со други лекови може да предизвика мачнина, тегоби, повраќање, проблеми со срцето, потешкотии со дишењето, па дури и кома и смрт.
КАКО ДА ЗНАЕШ ДАЛИ ИМАШ ПРОБЛЕМ?
Понекогаш, ова е тешко да се каже, но постојат знаци кои упатуваат на препознавање на проблемот. Најмалку еден од следниве знаци може да укаже на тоа дека во прашање е проблем со алкохолот:
- редовно се опиваш
- лажеш во врска со количината на алкохол која си ја испил
- веруваш дека алкохолот е услов за добра забава
- често си мамурен
- се чувствуваш "прегазено" и депресивно
- забораваш што си рекол/рекла или си направил/а под дејство на алкохол
СИ СЕ ЗАЕБАЛ/А ДОКОЛКУ МИСЛИШ...
...дека пивото или виното се побезбедни од жестоките пијалоци. Едно шише пиво има подеднакво алкохол колку и чашка жесток алкохолен пијалок. Сеедно во кој облик доаѓа, од алкохолот можеш да се опиеш.
...дека алкохолот ќе ти помогне да се чувствуваш подобро. Малку алкохол може да те опушти, но не може и да те развесели. Алкохолот е депресант, бидејќи ја намалува мозочната активност. Доколку си во депресија уште пред да почнеш да конзумираш алкохол, грешиш доколку мислиш дека тој ќе ти помогне да се чувствуваш подобро. Напротив, алкохолот уште повеќе ќе те "избедира".
...дека нема да се вклопиш во друштво доколку не пиеш алкохол. Да се одбие алкохол е многу полесно отколку што мислиш. Не пијат сите алкохол и нема да те сметаат за фрик доколку одбиеш.