Повторно јас со мојот случај, пред 5 дена продавачот го одби мојот диспут со образложение дека преговарал со мене за мирно решение:
Вчера ме праша дали стигнал продуктот и јас му одговорив дека сеуште не е стигнат.
Денес ми прати порака дека ке ме рефундира исклучиво преку Paypal бидејки немал интернационална картичка.
Бидејки таква услуга Paypal нема во Македонија, прилично јасно e дека таа опција пропаѓа.
А повторно праќање на истиот производ не доаѓа во предвид , бидејки немам намера да чекам уште три месеци за да стигне.
Што може да се направи во ваков случај, зар неможат да ги вратат парите преку системот на Alipay?
Кое е вашето искуство и потенцијално решение?