Алергија на сонце

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми се јави на лицето, се нафрлав цела.. не знаев одпрво што да правам и од што е..затоа што никогаш не сум имала проблем со бубулици, иако имам мрсна кожа, никогаш не сум имала такви проблеми. Отидов кај мојот матичен лекар и после неколку мин разговор, ми рече дека ми е од сонцето, затоа што имав и на градите како црвенило а и рацете ме чешаа иако реално не можев да забележам црвенило на нив... а и чудно ми беше да е од сонцето, затоа што не се изложував толку многу.
Сепак за црвенилото на градите ми даде една крема... ќе протарашкам после да видам точно како се викаше, а за лицето ми препорача да земам од нивеа кремите.
Секако после неколку недели, состојбата се стабилизира и црвенилото беше повлечено, исто така и чешањето го снема.
Се има јавено само уште еднаш после тоа.. али тоа беше кога бев во грција на одмор.. и мислам дека беше нешто и од водата, затоа што сите што бевме на тоа место се нафрлавме, не само моиве.. него и други луѓе што ги запознавме таму ни рекоа дека и нив им се случува истото. Е сега.. дали тоа беше пак од сонцето.. или плус уште нешто.. не знам.. ако некој имал искуство нека каже. Ја тоа го излечив со она млекана за сипаници што ги зимаат.
 
И јас имам алергија на сонце, ми се јавува на секое летување како црвени флеки по кожата и чеша неподнисливо.
Минатата година по препорака пиев CaC, шумливи таблети. Не се појави нити црвенило нити чешање. Мачкање со крема се подразбира.
Се пијат по една на ден, да ти заврши дозата пред да појдеш на летување.
 
  1. Лоратидин една недела пред одење на одмор и пиење во текот на целиот одмор ( препорачливо пред спиење, за да не ви се намалени моторните функции).
  2. Избегнување алкохол деновите додека сте на одмор.
  3. Избегнување на конзервирана храна.
  4. Мачкање со Еуцирин крема за сончање која има плус фактор за заштита од алергија на сонце. Скапа е ама вреди.
  5. И бонус совет, ако веќе ви се појави алергија и топчињата т.е црвенилото е неподносливо од што чеша постојано - користете од онаа белата течна пудра за сипаници со анестетик. Го суши местото и веднаш го смирува чешањето. Лошо е што има кратко дејство од саат - два ама можете повеќе пати да се мачкате.
  6. Не се туширајте со премногу топла вода и не останувајте на сонце во периодот од 12 до 16, ниту под чадор.
И избањајте се еднаш и за мене. :)
 
Јас имам алергија на сонце веќе подолг период и се научив да живеам со неа.
Ме фаќа во пролет и во есен, кога сонцето е слабо, но многу јако пече. Летно време не. Се манифестира со црвенило под очите и ситни брунчиња на подочњаците, вода ми тече од носот и кивам цело време. На периоди и ми се лупи кожата околу носот. Порано со недели не сум испаѓал од дома додека е алергијата најсилна.
Најдобар лек е Лоратадин апчиња и Фликсоназе спреј за нос.
Користете ги секојдневно од кога ке сетите и најмала иритација од алергијата се до крајот на сезоната. на почетокот ке ве тераат на спиење, но ке ги навикнете.
Многу ке ви помогнат.
Друг совет за црвенило на кожата. Течно пудро со анестетик. Делува локално и моментално.
 
Како поминавте со алергијава летово? Јас се напраив лом, буквално цели нозе, раце, грб. Не пиев апчиња, за три дена само ми помина. Чудна алергија е ова, али ќе се посереш од чешање додека трае :D

Сакав да прашам, дали имате некои други проблеми од оваа алергија освен чешањето? Затнат нос, тешко дишење и слично?
 
Мене ми се појавија 10 ситни како вруќаници, не знам мош е и алергија ама другиот ден ги снема:pipi:
 
Како поминавте со алергијава летово? Јас се напраив лом, буквално цели нозе, раце, грб. Не пиев апчиња, за три дена само ми помина. Чудна алергија е ова, али ќе се посереш од чешање додека трае :D

Сакав да прашам, дали имате некои други проблеми од оваа алергија освен чешањето? Затнат нос, тешко дишење и слично?

Јас пиев ЦаЦ таблети секој ден, се мачкав со еуцерин 50-ка фактор на сензитивните места и одлично пројдов. Само еден ден ми се појави алергија, тоа е последниот кога се намачкав со Блек-ап 20-ка фактор заради брзање.

Така што ова ЦаЦ е ефтина и добра работа - 10 таблети за 150 денари, една на ден. Еуцеринот е поскап (прескап) - 1200 денари за 150 милитри. Но, алтернативата е Докторс средство за мачкање, исто така 50-ка фактор, него го користев на вториот одмор и се беше океј, а чини околу 400 денари за 300 милитри.
 
И кога си веќе потемнат продолжуваш да се мачкаш со кремиве?
 
И кога си веќе потемнат продолжуваш да се мачкаш со кремиве?

Да, кога не се мачкав врз темниов тен ми се појавуваа тие шари од алергијата, онака како Warning...

Не знам што е ова, ама више не се заебавам. :D
 
Еве уште еден задоволен од Докторс во Мац. Нема грешка со млекото :) поантиалергенско нешто нема.
 
Лани и се појави алергијата на мојата девојка, за годинава докторот и рече да пие витамини, сабајле магнезиум, навечер калциум и годинава одлично пројде, немаше ни трага од алергијата.
 
Лани и се појави алергијата на мојата девојка, за годинава докторот и рече да пие витамини, сабајле магнезиум, навечер калциум и годинава одлично пројде, немаше ни трага од алергијата.
Oва пред да оди на одмор и да се изложува на сонце треба да ги пие или ?
 
Мене алергијава ми го зафркнува цело лето.Бел сум ималце на пожешко дасе посончам еве некои си 15-20 минути и си ебувам мајката.Се вџашувам цел и тоа како со линија, има линија и од еднава страна сум жар црвен од другава бел.Најмал проблем тоа како обично изгореница.. но по неколку часа црвенилово постепено се повлекува и за 1-2 дена умирамммммммммммммм,значи скоро ич не сум црвен а ме боцка како со игла цело тело од папук на горе, не се трпи искрено ми иде да се расплачам и те исчешува некој и така по 4 сати пак и во текот на 2-3 дена мораш да истрпиш 10 такви напади минимум со помал интенизитет како одеш кон 3-4 ден...Ништо не ми помага, затоа си се капам со блуза после 4-5ти ден на одмор . :eek: Кога ќе фати алергијава ми иде со нож да земам кожава да си е одерам е толку неубо е.Значи не е стандард алергија како на сите што висе јавува како точки и малце да се почеша.Нз што да правам одам во 6 на плажа и со 50 фактор намачкан.Килл ми
 
Мене ми се појавува некаде петтиот или шестиот ден од одморот и нема спас. После кога ќе се вратам од одмор ми поминува.
 
Back
На врв Bottom