Алергија на сонце

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
И мене ме фати некое црвенило, ама кој ти знае дали било алергија. Првиот ден кога искочив да се сончам, уште вечерта ми се појави црвенило на различни места, помеѓу градите, ми беше опфатен поголемиот дел од левата груда, позади на едното рамо, и на едниот лептир :D
Прво мислев дека е изгорено, ама па како ќе изгорам на различни места, а и не ме ни печеше, туку само кога ја чепкав кожата на тоа место, осеќава како ја иритирам.
Кога бев на сонце, и откако ќе се намачкав со кремата за сончање, 30ка фактор, некоја нова германска, ме прелажа тааа аптекарката, живо ѓубре беше тоа кремата, преку ден бајаги црвен на делови од телото, и кога ќе се вратев од плажа и откако ќе се истуширав, и се мачкав со млеко за тело и малце по малце исчезнуваше ццрвенилото.
Е сеа работата е што откако се исунчав, на тие места кај што бев црвен, како флеки ми се сега. Па дај кажете ако има нешто за мачкање, за да не одам флекосан :D Не се познава многу, ама ипак двои малце :)
 
Мене ми се јави само напред на пределот над градите, ама среќа многу малце е и не чеша. Ваљда не е толку проширено зашто се шљакав со крема со 50ка фактор, ама за беља еднаш влегов во вода ненамачкана, и тоа после 6 беше, али доволно беше за да се појави. Не мачкам ништо посебно, само Соларис и помалце Јекодерм зашто ужасно смрди. :(
 
Хммм интересно, како што читам на повеќето алергијата им се појавила на Бугарското море .... исто и мене, да е има нешто овде :cautious: Инаку мене ми помага 50 фактор на Ниевеа, а го користам така што недела дена пред да одам на одмор се мачкам по дома, како и во текот на целиот одмор нормално, само што го мачкам и навечер пред спиење и на сабајле пола саат- саат пред одење на плажа и на плажата пак, и по секое излегување од вода обавезно. Исто помага и консумација на лимони, што повеке толку подобро. Оваа година во Охрид некако добро пројдов, само последните 2 дена ми се појавија, ама не беше баш јако сонцето кога јас бев, а и ладна водата таму па поретко влегував (со алергијава на сонце сум само кога сум во вода, онака строго под сенка, сончање- ни под разно). Инаку интересно е тоа што само во Дојран не ми излегува алергијата, таму можам слободно дури и да се сончам (иако не ризикувам да се сончам подолго од 15 мин. дневно :) ) и досега 3-4 пати што има одено во Дојран алергија никако не ми излегло :) Значи решението одете во Дојран, се разбира доколку не ви се лоши од водата додека ја гледате :D
 
Back
На врв Bottom