За сите што трескаат глупости за Албанија дека нечини прво да се запрашаат дали вкусовите на сите се исти. Јас го имам поминато цело крајбрежје на Албанија од Велипоја до Ксамил и секое место си има свои предности и свои недостаоци зависи кој што бара. Но некој да рече нечини Албанија како туристичка дестинација тој лаже или не нашол тоа што го барал, а секој бара различно. Некој вода чиста, некој ситен песок, некој место за журки, некој ефтино, некој бара самотија на плажа а некој голема плажа. Бара скриени плажи бара забава. Се има во Албанија од 1но до 101но, само треба да се информираш.
Читам некој бил Ксамил и вели нечини нема каде да излезеш нема забави. Има на 15 км е Саранда, влез до 17 часот. И Ксамил има плажи рај за очи, мали но стокмени од рајот. Тиркизно море и бела песок.
Драч да, градска плажа катастрофа, но има други плажи . Голем град кој сака ефтино.
На Север, Свети Јован и Велипоја. Свети Јован или Шенѓин огромна плажа со 1000 големи хотели до плажа, се и сешто, од забава до јадење и слично. Песок ситна како Велипоја или Улцињ па малку се мати. Во близина се влива Дрим тука е закопан Скендербег. Има и диви плажи.
Шпиле исто интересно. нема многу маркети и слично но преубава плажа.
За мене најубави се плажите се измеѓу Валона и Саранда. Химара, Дерми, Ливади бич, Џипе сите на тој потег.
Валона е како Беверли Хилс со палмите покрај море кога се возиш со кола. И тука разни убави плажи само не градската. Горе е Звернец ситна песок а надоле од Радхиме ситни камечиња и чиста убава вода. Околу други плажи како Бора Бора со забава за млади и Вега бич и други.
Итн, Итн, Итн. А да не пишувам за места кои не се на море, како Сино Око, Коман, Ѓирокастра, Розафа и друго.
Така да секој кој ќе пише нешто негативно за било што прво нека се информира и нека размисли што бара и за колку пари.
Само една споредба. Неа Потеидаи _ Грција гарант биле многу и многу се одушевени од местото. нека ми објасни некој зошто? Два ресторана и две продавници, плажа со песок за бетонирање и дупки и во морето ежови/ Но некому и тоа му е убаво,
Наздравје
Точно така.
Јас бев скептик за Албанија кога бев пред 4 години, меѓутоа го истражив убаво местото, сфатив дека не е така лошо и баш фино поминав.
Единствена маана е лошиот и далечен пат.