Албанија добива кандидатски статус за членство во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата ADP
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа не е нешто ново. Неосманизмот винаги е залагал на државите от западен Балкан поради една проста причина - тамо деосманизациja не беше спроведена никога.
 
Браво за Албанија. Алал да им е
 
Бесна војна во Албанија: Дилери со митралези ја нападнаа полицијата
Членови на банда рано пред зори употребиле гранати, минофрлачи и митралези против неколку стотини полицајци кои се обидоа во познатото албанско селоЛазарат за време на операција да разбијат производство на дрога, но никој не е повреден, соопштува албанската полиција.
Токму за ЕУ се.
 
(y) Samo napred!

ЕУ: Кандидатски статус за Албанија
Албанија и официјално станува земја-кандидат за членство во Европската унија. Шефовите на дипломатии на земјите од ЕУ денеска (24.06) донесоа соодветен заклучок кој до крајот на неделата треба да го усвои и Советот на ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска соопшти дека министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле околу доделувањето на кандидатски статус за Албанија, додавајќи дека раздвижување на евроинтеграциите во регионот има и за Црна Гора, со која ЕУ ќе започне три нови преговарачки поглавја.

„Честитки за Албанија и добивањето на кандидатскиот статус, за кој одлучија министрите. Ова е признание за напорите во правењето на реформите и уште поголемо охрабрување за натаму“, објави еврокомесарот на својот Твитер-профил.

Сепак, за оваа земја да ги почне официјалните преговори за членство, потребно е прво да добие таква препорака од Европската комисија во рамки на прогрес- извештајот кој ќе се објави во октомври, а потоа и Европскиот совет на Самитот во декември да даде дозвола за тоа.

Во однос на Црна Гора пак, Филе исто така на Твитер соопшти дека ЕУ со Подгорица ќе отвори уште три преговарачки поглавја, со што вкупно бројот на досега отворени поглавја се зголемува на 12, од кои две се веќе завршени.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска и утре одржуваат министерски состанок во Луксембург, а Европскиот совет пак ќе заседава во четврток и петок, кога ќе бидат разгледани предлозите и кандидатите за највисоките функции во Европската комисија, по неодамнешните европски избори.
 
Честитки до Албанија,шо да кажам,ќе чекаат доста долго време,а и да стигнат до крај,пак Грција ќе стапи и со нив во проблеми ... Албанија има уше многу на поле економија,малцинства,демократија да се поправаат,има мали светли точки со Македонците таму ....

Црна Гора уше неколку поглавја доби,тотал број 12 како шо читав се на се ..
 
Честитки до Албанија,шо да кажам,ќе чекаат доста долго време,а и да стигнат до крај,пак Грција ќе стапи и со нив во проблеми ... Албанија има уше многу на поле економија,малцинства,демократија да се поправаат,има мали светли точки со Македонците таму ....

Црна Гора уше неколку поглавја доби,тотал број 12 како шо читав се на се ..

Ne veruvam! Tie treba najprvo da odgovarat za genocidot nad Camite ( Cameria )

;)
 
Во ЕУ не се влегува поради реформите и заслугите, туку поради интерес на моќните држави.

Кога можат да дадат кандидатски статус на мочалник држава во коишто уште нема извршено фискализација, а каде што царува дрога, криминал, корупција и цели региони посадени со дрога не знам какво друго мислење да имаш. Но, ова е само почеток. За да влезе Албанија во ЕУ ќе им треба миниум 10 -12 години можеби и повеќе. И никој не те прима таму да те прави богат, туку чирак.
 
Процеесот на прием во ЕУ може да трае различно за различни држави, самиот статус кандидат не е гаранција и за прием, Турција има статус на кандидат од 1987 година речиси 30 години, некои земји беа кандидати 7, 9, 11 години...
 
Процеесот на прием во ЕУ може да трае различно за различни држави, самиот статус кандидат не е гаранција и за прием, Турција има статус на кандидат од 1987 година речиси 30 години, некои земји беа кандидати 7, 9, 11 години...
Мижи асан да ти баам е така кажано,како им текне прават филтер услови ... Јас лично не сум за Еу,најдобро ми е како Швајцарија,надвор од Еу,само партнерство за соработка и економија,тоа ...е сеа наша задача да запнеме и да ја средиме економијата ... поголема тежина би имале како земја ...
 
Честитки за Албанија , мора да ги користат сите овие признанија за да напредуват повише економски ... но политичарите не им чинат воопшто, не им е гајле , би започнале и граѓанска војна само да стигнат на власт.

Само во морето да постават ред , Албанија ќе има доволно пари, имаат многу неискористени природни богатства, меѓу останатото и младото население треба да им биде предност.
 
Дај Боже нека влезе Албанија у ЕУ што побргу!
 
Не верувам да примат башибозук држава за 10 години, но штом ги примија Бугарија и Романија, се е можно. Само како ли планира мозокот на ЕУ (Германија) да ја одржува унијата со прием на не баш добро средени држави. На Балканот кој од кој е поутепан.[DOUBLEPOST=1403710767][/DOUBLEPOST]
Mnogu si vo pravo za seto ovaa sto si go napisal , no sepak da znaes deka pred nas ke vlezat vo EU , ne skokam vo vozduh jas , no ovaa ne e triumf za Albanija , tuku od deneska ke treba duplo poveke da se grizhi da se izgradi vladeenjeto na pravoto , vojnata protiv korupcijata , i tn tn.

Повеќе шанси има вонземска цивилизација да воспостави контакт со земјата отколку да ја наречеме Албанија организирана и функционална држава.
 
Последно уредено:
Најдоброто што може да и се случи на Македонија е Албанија да стане членка на ЕУ.
 
Браво навивам за Албаниа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom