Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
А така викаш...?
:pos:
кутар cool...
оооооооо кутар Toecutter - не велам јас тие кажуваат - читај поубаво :)
што не ја прашаш Sandra од Halmstad - на форумов е , нек каже како живет иселеници во Шведска
 
Ете ти си во Бугарија како живеете во европејската држава?
 
оооооооо кутар Toecutter - не велам јас тие кажуваат - читај поубаво :)
што не ја прашаш Sandra од Halmstad - на форумов е , нек каже како живет иселеници во Шведска

Сигурно поубаво од тука, дека ако не е им е поубаво ќе се вратат. Логичен заклучок зарем не.
 
Пффф кое прашање...искрено помислата на тоа дека би требало да останам цел живот тука ме плаши најмногу од се и ако неможам да си одам од тука , камен врзан за нога и во Вардар :noze: Не сеа озбилно без претерување тука ич не ми се седи и ич не ја сакам државата така да пари без размислување
 
Ok seto toa, prikaznite i falbite na mnogumina koi se nadvor i nivnata sprotivnost, vecnite prikazni kako ne cini i e kriza....
No sepak vo duhot na objektivnosta...ti go pisuvas postot na temata

Ако-морам-да-одберам-татковината-или-парите-што-би-одбрал

....ziveejki i rabotejki nadvor od RM...
Sto dovolno kazuva...:)

;)

Имаш некој проблем со кредибилитетот на сторијава или со мојот личен кредибилитет? Да чујам...
 
Па странство многу пари е широк поим. Да направиме споредба помеѓу САД просечен живот и просечен живот во Р.М. Е сеа јас просечен живот за 4члено семејство во Македонија разбирам да имаш одредено работно време од 8часа, 5 дена во неделата, некое поново количе, куќа/стан во твоја сопственост, летен одмор во вистинска смисла на зборот, ручек/вечера во ресторант фамилијарно барем еднаш неделно и сите други благодети кои ти ги нуди просечниот живот. А овој живот опишен погоре не е просечен живот во Македонија и за да го живееш треба минимум од 1500евра примања на месец.
 
за споредба - го повикав на форумов Xenomorph_ -
но, незнам од која причина човеков затаја- o_O
 
Па странство многу пари е широк поим. Да направиме споредба помеѓу САД просечен живот и просечен живот во Р.М. Е сеа јас просечен живот за 4члено семејство во Македонија разбирам да имаш одредено работно време од 8часа, 5 дена во неделата, некое поново количе, куќа/стан во твоја сопственост, летен одмор во вистинска смисла на зборот, ручек/вечера во ресторант фамилијарно барем еднаш неделно и сите други благодети кои ти ги нуди просечниот живот. А овој живот опишен погоре не е просечен живот во Македонија и за да го живееш треба минимум од 1500евра примања на месец.

Заборави на куќа/стан во твоја сопственост во странство, посебно ако целта ти е држава со развиена економија.
Останатото е донекаде можно, но пред се во Западна Европа / Америка+Канада / Австралија..

Секако, можеш да се врзеш со кредит на 30 години, но тоа веќе е друга приказна.
 
Куќа/стан во твоја сопственост ми беше во контекст за просечниот живот меѓутоа во Македонија, за сопствена куќа во Западна Европа, Америка или Канада како што спомна се согласувам дека е премногу скапо, треба да се обврзаш на хипотека, а во поголем број случаи се купуваат и веќе изградени куќи, реткост е да купиш земјиште и да се обврзаш да градиш куќа. Инаку познато е дека Американците се селат премногу и живеат на многу различни места под ќирија а и ќиријата споредена со просечните плати не е скапа.
 
добро бе луѓе- зошто не напишете конкретно- (вие кои сте во странство) колку плаќате кирија за стан/куќа - колку чини м2 при купување на истите, колку чини нов автомобил , колку е пр.цената на интернетот, колку се месечните основни комунални услуги(вода, струја, ѓубретарина, гас) колку се основните намирници, колку чини ручек/вечера во ресторан и на крај колку е просечната плата таму. Само така ќе може да споредиме- а не пишувате како таму се земале паааари, со нив можете се’ да си приуштите.... што е тоа СЕ’??????
 
Имаш некој проблем со кредибилитетот на сторијава или со мојот личен кредибилитет? Да чујам...

Nein herr Peter.
Не со кредибилитетот на сторијата ниту со твојот личен кредибилитет туку со едностраноста на сликата која ја сликаш за ситуацијата во иноземство....:)
Од иноземство...:)
Кажи ја и другата страна, да видиме оти сеуште секојдневно бега млада раја од РМ...а голем дел не се враќа....мора да има нешто...:D
 
Куќа/стан во твоја сопственост ми беше во контекст за просечниот живот меѓутоа во Македонија, за сопствена куќа во Западна Европа, Америка или Канада како што спомна се согласувам дека е премногу скапо, треба да се обврзаш на хипотека, а во поголем број случаи се купуваат и веќе изградени куќи, реткост е да купиш земјиште и да се обврзаш да градиш куќа. Инаку познато е дека Американците се селат премногу и живеат на многу различни места под ќирија а и ќиријата споредена со просечните плати не е скапа.

Поентата, всушност, ми беше дека не може животот во странство и кај нас да се споредува според некаква листа, колку и да е комплетна. На крај на краиштата, киријата е скапа отприлика колку и месечната рата, но банките нема веднаш да ти поверуваат дека си во состојба да ги плаќаш редовно ратите, затоа што кредитниот рејтинг ти е сомнителен. Прашањето на темава е идеализирано, но ајде да го доиграме орото штом сме се фатиле на него.

1. Пред се, тешко се доаѓа до работна дозвола, посебно со македонски пасош.
2. Претпоставката „да имаш пари и пристојна работа и семејство„ значи да си веќе социјализиран, а тоа не се случува преку ноќ.
3. Каде и да заминеш во странство, ќе треба да се прилагодиш на локалната култура. Низ Европа НЕ се зборува англиски колку што би помислиле, посебно не во секојдневниот живот - треба да се научи јазикот. Англискиот *можеби* ќе ти биде од полза на работа. Дури и ако го научиш јазикот, ќе помине време додека да стекнеш какви-такви пријатели, најчесто подалеку од социјалниот круг во кој си живеел во Македонија.
4. Ќе треба да се навикнеш дека повеќето со негодување гледаат на новите имигранти, посебно од Источна Европа. Можно е да сфатиш дека повеќето за Македонија или немаат високо мислење, или воопшто не ги интересира.

Не дека не сакаат сите да заминат во странство, ама не е баш се така идеално.

Гледам @cool@ сака конкретни бројки.. зависи од земјата. Сметај дека просечна кирија во Западна Европа за стан од 60на квадрати е 700-1000 евра во кој било пристоен град. На јадење не одат премногу пари, веројатно 200-300 евра месечно, вклучувајќи ги и оброците на работа. Не е толку проблем во цените на производите, туку на услугите - ако не си поврзан со локалците или со други имигранти кои веќе имаат свои шеми, нема ефтино да поминеш ако треба да викнеш електричар, на пример. После сето тоа најверојатно ќе останеш со околу 300-500 евра заштеда на крајот на месецот ако паметно трошиш. Главното прашање е - колку тие пари ќе ти вредат во земјата каде што си? Ако ти е поентата со нив да се к*рчиш во Македонија, како што гледам дека повеќето им забележуваат на гастербајтерите - браво, секоја чест. =)

А и не е така лесно да се вратиш ако не си успеал во странство.. ;)
 
Поентата, всушност, ми беше дека не може животот во странство и кај нас да се споредува според некаква листа, колку и да е комплетна. На крај на краиштата, киријата е скапа отприлика колку и месечната кирија, но банките нема веднаш да ти поверуваат дека си во состојба да ги плаќаш редовно ратите, затоа што кредитниот рејтинг ти е сомнителен. Прашањето на темава е идеализирано, но ајде да го доиграме орото штом сме се фатиле на него.

1. Пред се, тешко се доаѓа до работна дозвола, посебно со македонски пасош.
2. Претпоставката „да имаш пари и пристојна работа и семејство„ значи да си веќе социјализиран, а тоа не се случува преку ноќ.
3. Каде и да заминеш во странство, ќе треба да се прилагодиш на локалната култура. Низ Европа НЕ се зборува англиски колку што би помислиле, посебно не во секојдневниот живот - треба да се научи јазикот. Англискиот *можеби* ќе ти биде од полза на работа. Дури и ако го научиш јазикот, ќе помине време додека да стекнеш какви-такви пријатели, најчесто подалеку од социјалниот круг во кој си живеел во Македонија.
4. Ќе треба да се навикнеш дека повеќето со негодување гледаат на новите имигранти, посебно од Источна Европа. Можно е да сфатиш дека повеќето за Македонија или немаат високо мислење, или воопшто не ги интересира.

Не дека не сакаат сите да заминат во странство, ама не е баш се така идеално.

Гледам @cool@ сака конкретни бројки.. зависи од земјата. Сметај дека просечна кирија во Западна Европа за стан од 60на квадрати е 700-1000 евра во кој било пристоен град. На јадење не одат премногу пари, веројатно 200-300 евра месечно, вклучувајќи ги и оброците на работа. Не е толку проблем во цените на производите, туку на услугите - ако не си поврзан со локалците или со други имигранти кои веќе имаат свои шеми, нема ефтино да поминеш ако треба да викнеш електричар, на пример. После сето тоа најверојатно ќе останеш со околу 300-500 евра заштеда на крајот на месецот ако паметно трошиш. Главното прашање е - колку тие пари ќе ти вредат во земјата каде што си? Ако ти е поентата со нив да се к*рчиш во Македонија, како што гледам дека повеќето им забележуваат на гастербајтерите - браво, секоја чест. =)

А и не е така лесно да се вратиш ако не си успеал во странство.. ;)
Тие 300-500 евра треба да се чуваат за времињата кога децата треба да се стекнат со високо образование. Ако се к*рчиш со нив во Македонија и децата нема да може да работат ништо повеќе од физичка работа.

Стварно е тешко да се вратиш од странство без пари. Особено ако си од помал град. Сум гледал примери, цело време се цел на потсмев на дежурните душегрижци.
 
Не ја разбирам баш дилемава.
Што точно значи тоа да се " придонесе за татковината" . Да се умре за неа, затоа што некој политичар сакал да си игра real-time компјутерска игрица и да си ги исполнува болните идеали? Или можда да се биде политичарот што ги прави тие работи? Или да се биде некој од оние научници и филозофи кои што придонесуваат за човештвото, па со тоа да се чукаат во гради луѓето кои најверојатно му го усрале животот додека овој бил жив.

Искрено не би ни имало дилема ако оштеството не ги тера луѓето да бегаат од него и да идат да работат како чистачи, пекари, возачи и други " чесни професии" во други држави.
Секој би бил патриот кога би имал услови да заработи добро во својата земја и да живее достоинствено. Размислете колкава емиграција има во скандинавските земји на пример, и дали они се најпатриотските нации заради тоа, или затоа што имаат едни од највисоките БДП по глава на жител во светот затоа што имаат најниски стапки на криминал и генерално имаат бајаги перспективи во животот.
Многу ќе придонесуваш за државата ако се однесуваш како човек што се грижи за својата иднина и гледа да си ја направи подобра. Ќе придонесуваш ако ти се трудиш, како и сите други, она да биде во сосотјба да придонесува за тебе.

За мене овде нема дилема. Ќе придонесувам за државата кога ќе бидам во можност во неа добро да заработувам и кога во неа ќе имам перспектива, со тоа и ќе бидам најголем патриот. Секој друг што е " непатриот " не е тоа зашто така сака, туку зашто условите го натерале да биде тоа
 
Nein herr Peter.
Не со кредибилитетот на сторијата ниту со твојот личен кредибилитет туку со едностраноста на сликата која ја сликаш за ситуацијата во иноземство....:)
Од иноземство...:)
Кажи ја и другата страна, да видиме оти сеуште секојдневно бега млада раја од РМ...а голем дел не се враќа....мора да има нешто...:D

Е тај разлок не знам, гос`н Прстоногосечо -- тај феномен и за мене је јоште мистерија. :) За жалос`, одавно не спаѓам у туј младу рају, па не можу да ти одговорим зашто они бегав натам-наам. Ево, и од мене ед`н апел, шо се вика, да се изјасне омладинци зашто јоште не су се повратили из инострансво. Да не им је онај рогати нешто потшепнал на увце, да му ебу главу сатантистичку, со опроштење на све даме на овај форум...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom