Поентата, всушност, ми беше дека не може животот во странство и кај нас да се споредува според некаква листа, колку и да е комплетна. На крај на краиштата, киријата е скапа отприлика колку и месечната кирија, но банките нема веднаш да ти поверуваат дека си во состојба да ги плаќаш редовно ратите, затоа што кредитниот рејтинг ти е сомнителен. Прашањето на темава е идеализирано, но ајде да го доиграме орото штом сме се фатиле на него.
1. Пред се, тешко се доаѓа до работна дозвола, посебно со македонски пасош.
2. Претпоставката „да имаш пари и пристојна работа и семејство„ значи да си веќе социјализиран, а тоа не се случува преку ноќ.
3. Каде и да заминеш во странство, ќе треба да се прилагодиш на локалната култура. Низ Европа НЕ се зборува англиски колку што би помислиле, посебно не во секојдневниот живот - треба да се научи јазикот. Англискиот *можеби* ќе ти биде од полза на работа. Дури и ако го научиш јазикот, ќе помине време додека да стекнеш какви-такви пријатели, најчесто подалеку од социјалниот круг во кој си живеел во Македонија.
4. Ќе треба да се навикнеш дека повеќето со негодување гледаат на новите имигранти, посебно од Источна Европа. Можно е да сфатиш дека повеќето за Македонија или немаат високо мислење, или воопшто не ги интересира.
Не дека не сакаат сите да заминат во странство, ама не е баш се така идеално.
Гледам @cool@ сака конкретни бројки.. зависи од земјата. Сметај дека просечна кирија во Западна Европа за стан од 60на квадрати е 700-1000 евра во кој било пристоен град. На јадење не одат премногу пари, веројатно 200-300 евра месечно, вклучувајќи ги и оброците на работа. Не е толку проблем во цените на производите, туку на услугите - ако не си поврзан со локалците или со други имигранти кои веќе имаат свои шеми, нема ефтино да поминеш ако треба да викнеш електричар, на пример. После сето тоа најверојатно ќе останеш со околу 300-500 евра заштеда на крајот на месецот ако паметно трошиш. Главното прашање е - колку тие пари ќе ти вредат во земјата каде што си?
Ако ти е поентата со нив да се к*рчиш во Македонија, како што гледам дека повеќето им забележуваат на гастербајтерите - браво, секоја чест. =)
А и не е така лесно да се вратиш ако не си успеал во странство..