Ако бог го створил светот, кој го створил бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Само еден проблем. Додека комунистите беа/се атеисти, Турците веруваат во Бог. Е сега dawn, кој Бог е поправ? Кој постои а кој не? Може со право силувале. Пробувале да не носат на прав пат, кај правиот Семоќен. ;)

(инаку не се сеќирај има многу примери каде што христијани колеле во името на Бога)
 
The Crusade's all over The Middle East :) За почеток :)
 
dawn напиша:
се се разбира, ама кој разбере нека разбере, кој не не....

те разбирам што сакаш да кажеш...

да тазе сум на форумов и по се изгледа и тазе ке си одам од форумов :D џабе муабетиме овде... ме потсеќате на Турско ропство кога било... Турците сакале со векови да ја уништат верата на секаков начин и не успеале па вие ќе успеете?... комунистите толку време се бореа да ја уништат верата, тогаш со убивање и колење и силување, и во комунистичко со разни санкции итн. не успејаа... па вие ќе ја уништите, или атеистиве денешни, итн. ? сите тие ги снема а верата во Бог остана...

исти сте као Турците у Турско кога не заглавија, и као комунистите, и остали... ама Македонија највеќе патела од предавници...
Се ќе помине само верата ќе остане во светов... се до еден ден кога намерно ќе биде земена од Господ... ама тоа е друг муабет...

толку се моиве импресии

Имаш тотално погрешни импресии, бидејќи покрај релативно големиот број на членови на форумов кои не веруваат во бог, сите ги почитуваат и негуваат адетите и традицијата која е изграден од страна на на македонската православна црква, освен тоа никој не ти пречи да си веруваш во господ, како што кажав јас дури и го охрабрувам тие што веруваат во господ да продолжат да веруваат во господ.
Инаку има тема дали верувате во господ и таму има накета па види колку процентуално веруваат а колку не веруваат во господ.
 
dawn, ја не сум сретнал атеист (вклучувајќи ме и мене) кој што сака да ја уништи верата. Едноставно не се слагаме со некои аспекти во христијанството, или пак некои од нас се огорчени од понашањето на религиозните луѓе.

Тоа не го сметам за обид да се уништи верата. Атеистите ко прво никад не пробуваат да натераат некого да биде атеист, додека христијаните во главно се понашаат агресивно и нападно кон атеистите.

Нема ништо лошо да си атеист. На крај краева знам многу христијани кои што прават грешни работи, многу многу повеќе од атеистите. Затоа јас им препорачувам на христијаните да се борат најпрво со тие во нивните редови.

Јас како атеист се осеќам како посовршено суштество од некои религиозни типови, бидејќи си имам изградено свои вредности, кои што во 70 посто се слични со тие од библијата, само не дозволувам да бидам роб на христијанството.
 
Bada Bing! напиша:
Само еден проблем. Додека комунистите беа/се атеисти, Турците веруваат во Бог. Е сега dawn, кој Бог е поправ? Кој постои а кој не? Може со право силувале. Пробувале да не носат на прав пат, кај правиот Семоќен. ;)

(инаку не се сеќирај има многу примери каде што христијани колеле во името на Бога)

зборам за Christiany ако не си сфатил... мора ли секогаш со цртање да се објаснува? таа вера се уништувала...

pcjodamaster напиша:
The Crusade's all over The Middle East :) За почеток :)

The Crusade's биле само искористувачи на христијанството, исто и во Инквизицијата.... јас друго зборам... ама ај тешко иде сфаќањето тука...
 
Ти читаш воопшто? Реков дека е исламот вера, и они убивале/силувале во името на нивниот Алах, исто како што христијанит убивале/убиваат во името на нивниот Бог. Кој е во право?
 
Bacillus gagous напиша:
Имаш тотално погрешни импресии, бидејќи покрај релативно големиот број на членови на форумов кои не веруваат во бог, сите ги почитуваат и негуваат адетите и традицијата

епа тоа е апсурдното со повеќето луѓе, ке ги прашаш дали си христијанин, ке ти речат: да, а ќе ги прашаш веруваш ли во Господ? или дали Исус воскреснал? ќе ти речат НЕ... тажно што македонскиот народ пати од непознавање на верата...

Bada Bing! напиша:
Ти читаш воопшто? Реков дека е исламот вера, и они убивале/силувале во името на нивниот Алах, исто како што христијанит убивале/убиваат во името на нивниот Бог. Кој е во право?

а ти читаш дека зборам за Христијанската вера?

ни едните ни другите, тие наводно "христијани" што го правеле тоа било ТОТАЛНО спротивно од Христијанството, тоа не биле христијани како што е во Библијата... само го искористиле христијанството...
И јас сега да земам да речам дека сум будист и да земам да убивам, тоа ќе значи дека сум бил стварно будист и дека тоа е учењето на будизмот?
 
Dawn, ако си решил да дискутираш на темава, не користи толку три точки, и не пишувај цело време "ама ај не е битно..." затоа шо тоа те прави прилично несигурен и не се искажуваш доволно за ние да разбереме што сакаш да кажеш (а можеби и ти незнаеш) па само се вртиме во круг.
Друго, имаш погрешно сфаќање за атеистите. Не се обидуваме да ја уништиме верата,не ги мразиме христијаните, и не ги напаѓаме лично. (за разлика од фанатикот лиомкд). Едноставно не веруваме во господ, и дека тој е создавател на се, и дека работите се одвиваат по волјата негова итн итн.
 
Гижо напиша:
dawn, ја не сум сретнал атеист (вклучувајќи ме и мене) кој што сака да ја уништи верата. Едноставно не се слагаме со некои аспекти во христијанството, или пак некои од нас се огорчени од понашањето на религиозните луѓе.

Тоа не го сметам за обид да се уништи верата. Атеистите ко прво никад не пробуваат да натераат некого да биде атеист, додека христијаните во главно се понашаат агресивно и нападно кон атеистите.

Нема ништо лошо да си атеист. На крај краева знам многу христијани кои што прават грешни работи, многу многу повеќе од атеистите. Затоа јас им препорачувам на христијаните да се борат најпрво со тие во нивните редови.

Јас како атеист се осеќам како посовршено суштество од некои религиозни типови, бидејќи си имам изградено свои вредности, кои што во 70 посто се слични со тие од библијата, само не дозволувам да бидам роб на христијанството.

те сфаќам и се слагам со тебе...
тоа е дека денес е се каша попара... тоа е долга приказна... дури и во Библија е пишано дека заради таквите верници и сличните работи што се прават меѓу верниците... нема да поверуваат луѓето во Господ... итн.
 
Дали ескимите ќе горат во пеколот оти кај нив не е стасано светото писмо и не се крстени?

Лицето на антихристот.

Eskimo%20Web.JPG
 
dawn напиша:
те сфаќам и се слагам со тебе...
тоа е дека денес е се каша попара... тоа е долга приказна... дури и во Библија е пишано дека заради таквите верници и сличните работи што се прават меѓу верниците... нема да поверуваат луѓето во Господ... итн.

there you go. ја сфаќаш сега причината.

Затоа...сметам дека тоа што ја го правам, и како го живеам животот, е по христијански од одредени христијани. Побогу, можам слободно да кажам и дека сум бољи христијанин од мнозинството христијани. (иако сум атеист)

Тажно е тоа за христијанството.
 
Samara напиша:
Dawn, ако си решил да дискутираш на темава, не користи толку три точки, и не пишувај цело време "ама ај не е битно..." затоа шо тоа те прави прилично несигурен и не се искажуваш доволно за ние да разбереме што сакаш да кажеш (а можеби и ти незнаеш) па само се вртиме во круг.
Друго, имаш погрешно сфаќање за атеистите. Не се обидуваме да ја уништиме верата,не ги мразиме христијаните, и не ги напаѓаме лично. (за разлика од фанатикот лиомкд). Едноставно не веруваме во господ, и дека тој е создавател на се, и дека работите се одвиваат по волјата негова итн итн.

доволно објаснувам за конкретните работи што се муабетат... а за тоа ама ај... неќам да навлагам од тема во тема... или па премногу да се објаснуваме....

Гижо напиша:
there you go. ја сфаќаш сега причината.

Затоа...сметам дека тоа што ја го правам, и како го живеам животот, е по христијански од одредени христијани. Побогу, можам слободно да кажам и дека сум бољи христијанин од мнозинството христијани. (иако сум атеист)

Тажно е тоа за христијанството.

е тажно е...
само не би требало одма да се отфрли целото христијанство и верата во Господ заради луѓето... зашто знаеш дека сите луѓе се грешни и не совршени и сите грешат... еден е само совршен.. знаеш кој...

А за боњи христијанин... можеш да кажеш за делата дека ти се боњи од некој "христијани" ама христијанството не се сведува само на делата... пред се е љубовта кон Исус, Господ вика...АКО ме љубите ќе ги исполнувате мојте заповеди... значи не се работи за тоа прај вака или така итн. туку се се работи до љубовта кон Него, зашто законот само заробува, а љубовта ослободува... ако се трудиш по законот ќе бидеш како роб, а ако од љубов го почитуваш законот тогаш си слободен, исто као со девојка, ако ја сакаш ќе ти биде убаво со неа... а ако си со неа од други пориви и не ја сакаш тогаш нема да уживаш во врската... ќе бидеш како роб на нешто...
А ако робуваш под закон тогаш само ќе паѓаш.. зашто нема совршен за да го исполни целиот закон, а во Исус дојде и не ослободи и ни даде благодат...итн.
 
Затоа ти реков 70 посто од вредностите ми се тие

Но, јас тоа љубов кон господ го заменувам со љубов кон сите, љубов кон мене. Господ е енергијата што не движи, енергијата е љубовта, љубовта е господ.

Ова е некој вид на моја религија. Прво треба чоек да се преиспита себе си. Повеќето христијани здраво за готово си го земаат верувањето во господ. Ја би препорачал, пред да почнеш да веруваш во нешто размисли прво за тоа.
 
Е да блиску си тука негде :D слично со Господ... пишува Бог е љубов... како што знаеме љубовта во светов е нај нај нешто... ако некој осетил права љубов ќе сфати дека нема боље... не зборам само за таа... има 3 вида на љубов... нели... една е таа маж жена, друга е меѓу фамилии пријатели и уште една е кон Господ...

Да се слагам, пред се мора да се испита да се бара талка... од сите страни да се разгледа за да се впуштиш во нешто... во овој случај христијанството...
неможеме се здраво за готово да земаме... затоа Бог ни дал разум за да ги согледуваме работите...
да, јас сум испитувал и барал и проуцувал и доживувал...итн. затоа го бранам ова и зборувам за ова... затоа што претходно сум го проучувал... а ти не би верувал се што сум доживеал на моја кожа и затоа зборувам...
 
Морате да се сложите со еден факт:
На темата „Веруваме ли во Господ?” со ДА одговориле околу 70%...
На темата „Еволуција, креационизам или двете?” Еволуција одбрале 77%

Прашање... по можност да ми одговори dawn...
Чиј проблем е ова? На црквата која не работи доволно за информирање (ширење, задржување на таа вера) или на луѓето кои искажуваат дека веруваат во Господ но не знаат што значи таа вера (пример: безусловно прифаќање на Библијата која го става во преден план креационизмот)?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom