Il Fenomeno
non mollare mai
- Член од
- 14 март 2007
- Мислења
- 3.226
- Поени од реакции
- 707
28 лица уапсени во акцијата против корупција на патарините
Министерството за внатрешни работи утринава започнало голема акција за приведување на повеќе лица вработени во македонските патарини, кои биле осомничени за примање на мито, дознава Нетпрес од полициски извори.
Според сознанијата, акцијата наречена “змиско око“, започнала утринава и сеуште трае, а во неа требало да бидат приведени повеќе од педесетина лица низ целата земја.
До овој момент биле приведени 28 осомничени лица вработени на патарините во Скопје, Велес, Куманово и Тетово. Сите тие биле однесени во полициската станица во населбата Автокоманда.
Оваа акција следувала по неколкуте претходни во изминатиот период, кога за примање на мито беа уапсени повеќе полицајци и цариници од граничните премини кон соседните земји.
МВР најави дека утре ќе ги соопшти резултатите од акцијата.
Извор: Нетпрес

...nema vise pola-pola.