Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
http://novatv.mk/foto-pukaat-zidovi-vo-taze-renovirana-klinika-vo-skopje/

од памтење ова е или гинекологија или неврохирургија. Пострашно е ако е гинекологија зошто зградата ја кренаа пред помалку од 5 години :facepalm: Треба да се направи јавна кампања Силванева Бонева да ги донира парите или кај поплавените или за санирање на болницава. Ама санирање - санирање а не фуш санирање со најбофал материјал што постои и парите во друг џеб.
 
Што коментар имаш за 12 000е патни трошоци за само 6 месеци?
Дoкaз ќе ти пoбaрa, пoсле aкo сaкa ќе ти oдгoвoри, aкo му oдгoвaрa нели. Бидејќи тaквите кaкo негo oдгoвaрaaт сaмo кoгa им oдгoвaрa, кoгa зa нештo oдгoвoрoт е спрoтивнo oд тoa штo им гo кaжaле тoгaш ќе си ќутaт или ќе ти гo свртaт муaбетoт. Сo тaкви безмoзoчњaци не мoже дa се прaви муaбет, кoгa некoј не oдгoвaрa нa прaшaњa и се oбидувa нa секoј нaчин дa oдбрaни криминaлци тoј не зaслужувa дa му се збoрувa. Имa тoлку мнoгу прaшaњa нa кoи немaaт дaденo oдгoвoр туку oдмa вртеле кoн другo. Гo спoмнувaaт минaтoтo, кo дa живееме вo 2002, спoмнувaaт нештo штo е веќе зaд нaс сaмo зa дa гo свртaт муaбетoт и дa не oдгoвoрaт. Би кaжaл декa требa дa се зaсрaмaт, aмa тие немaaт срaм, дa имaa срaм и бaрем мaлку пaмет немaше вaкa дa збoрувaaт.
 
http://novatv.mk/foto-pukaat-zidovi-vo-taze-renovirana-klinika-vo-skopje/

од памтење ова е или гинекологија или неврохирургија. Пострашно е ако е гинекологија зошто зградата ја кренаа пред помалку од 5 години :facepalm: Треба да се направи јавна кампања Силванева Бонева да ги донира парите или кај поплавените или за санирање на болницава. Ама санирање - санирање а не фуш санирање со најбофал материјал што постои и парите во друг џеб.
Ortopedija. Odlicno, srede operacija, vo operativno pole si paga parce boja, nikomu nisto, podzacisti malku, i sosij. Ova e od poodamna i uste ne e sredeno.

Sekade e taka na Klinika, tolku neplanski se raboti, sto mislis namerno go propagaat Klinicki. I toa sto se vlozuva, vo oprema, vredna milioni evra, e nekoe tretoklasno gubre i ne funkcionira, ili funkcionira so servis sekoja nedela, bukvalno.
 
Што е ова бе, како тапети да кинеле? Очекував да видам напукнатини, малце влага, а не да видам цели ѕидови одрани.
 
ti go postavi kriteriumot 'prosek na faks'
ilija dimovski nema zavrseno faks.
spored tebe,gwbelsce nema pravo da izleze od doma,ne pa da im postavuva prasanja na akademski gragjani kako katica janeva.[DOUBLEPOST=1475186345][/DOUBLEPOST]on a happier note
'o.spasovski rece deka smenite vo MVR se da se spreci partiziranje na ministerstvoto' zatoa nov nacalnik na SVR skopje e telohranitelot na Shekerinska.
mu posakuvam uspeh vo cuvanjeto na sheke..ovaj redot i poredokot.
Нека не излегува Димовски, што има врска тој со муабтот.[DOUBLEPOST=1475258522][/DOUBLEPOST]
Чекај бе за 6 месеци е ова само??? Ххахахахах браво Силванче! Иреал и Ѓорѓи знаете со молив да напишете 12.000 еура?:))
Јас не сум зел 12000 евра, што имам врска со тоа?
 
Мене тоа ич не ме изненадува, јас очекувам и повеќе, на пример да се руши цел ѕид. Најавуваат едни исти проекти веќе 4 години, "реновирале" болници, еве гледаме. Не за џабе здравството ни е на дното во Европа, ама не сакаат да признаат, переа мозоци преку Шител, сега кога ќе почнат да се уриваат болници ќе ги прашам тие што ги бранат кој е крив. Бранко можеби? :)
 
Караванот си врви кучињата си лаат...
Сакаш да кажеш грабежот си врви?[DOUBLEPOST=1475261138][/DOUBLEPOST]Проневериле 17 милиони, проневериле па шо? Како ајвар пред зграда да правеле сега..
 
12,000 евра...12,000 евра...за шест месеци..луѓето работат цел живот и не можат да видат со голо око или фатат со раце толку пари освен кога се зема кредит ама и тогаш не ги гледаш туку само како цифра напишани на лист..12.000 евра и сето тоа било законски...што да кажам повеќе.
 
Колумна на Мирка Велиновска: Ебате универзумот во кој Kатици се идоли и идеали!
Вести 30 September 2016 07:06
Mirka-Katica.jpg


Е, па почитувани жители на Македонија, мои сограѓани, изминатава недела конечно и практично се уверив во точноста на дијагнозата дека хистеријата и пизмата се симптоми на стравот од немоќта. Цела недела деноноќно ја следев работата на ООН и нејзините тела и во живо гледав како специјалната империја САД со се своите два европски везира, Британија и Франција, во Советот за безбедност ја загубија и последната трошка од својот кредибилитет како цивилизирани држави. За фактот дека ја загубија нивните дипломатски претставници се длабоко свесни. А тоа особено ги исплаши, па несвојствено паднаа во хистерија уште на самото заседание на специјалната седница на Советот за безбедност што тие го свикаа за темата Сирија. Беше незаборавно. Гледајте ги секвенците или интегрално на интернет. Ќе видите дека не се поинакви од собитијата во нашиот македонски парламент. Kратко: По неуспехот на тешко постигнатиот договор на САД и Русија за примирје во Сирија, со бомбардирањето на позициите на сириската армија од страна на американски дрон и напад и уништување хуманитарен конвој упатен кон сардисаниот Алепо од страна на нејзините сојузници од ИСИС и Ал-Нусра, се откри конечно дека Вашингтон го саботира секој обид за прекин на војната во Сирија, без да води сметка за жртви и последици. Kога ~ е во интерес, за неа не важат ни правила ни човештина. Зошто? Па затоа што самата лани во ООН си се прогласи специјална, демек посебна. Чиста хитлеровштина. Е, бидејќи беше фатена на дело и документирана без фотомонтажи, а тоа значи дека режијата по нејзино сценарио овој пат целосно киксна, нејзината дипломатска претставничка во ООН и Џон Kери збеснаа до толку што сосема личеа на Kатица Јанева и Зоран Заев. Прво, негираа дека бомбардирањето е нивно дело, потоа не признаваа дека и конвојот настрада од нивните платеници. Потоа, Kери кажа дека САД се изведувачот на злосторот, ама ненамерно, односно по грешка зашто од високо не се гледа кој гине на земјата. Уште една грешка, ви се молам! Kако, на пример, уништувањето на Либија, Ирак, Судан, Kонго. Зборот грешка на американски јазик изгледа означува апстрактно уметничко дејство кое не може да се претвори во број на убиени, осакатени, рушевини. Вака „размислуваат“ ептен специјални или посебни, психопати, дегенерици, манијаци или вандали, вулгари, варвари. Специјалниве влегоа и во хистерија. Почнаа да ја напаѓаат Русија, која еднострано го обелодени договорот од Женева за примирјето. Нејзината политика во Сирија ја прогласија варварска. Се заканија дека ќе бараат ООН да ја обвини за воени злостори во Сирија. Веројатно против џелатите и керберите на ИСИС и Ал-Нусра. Kери дури рече дека Москва живее во паралелен свет. Демек, надвор од оној „реалниот“ во кој Америка управува со остатокот од планетата. Првпат во историјата на ООН како тема на дискусија се најде и известувањето и на една телевизија. „Русија денес“ беше нападната за своето небалансирано покривање на настаните од Ист ривер. Зошто? Па затоа што во живото студио што ги следеше настаните од ова заседание на ООН учествувале и угледни американски општественици, професори, дипломати, аналитичари кои ја критикувале американската нецивилизирана, варварска политика. Програмата не ~ била балансирана како онаа на Си-ен-ен. Виталиј Чуркин н` врати со анализа на докажаната „балансираност“ на американските „медиуми“. Kако секој нормален и рационален дипломат, пушти заклучокот да си го донесат и учесниците на овогодишното заседание и светската публика. Поразот беше инстантен. Вашингтон тешко дека кога било ќе закрепне од ова фијаско на својата специјална пропагандна политика. Говорот на Ердоган додека зборуваше, го слушаа 30 милиони твитерџии во светот. Додека кредибилноста на Обама по неговиот настап во ООН на светско ниво одговара на онаа што ја ужива Шекеринска во Македонија. И сеа шо праиме? Дечкиве во залез (запад) во хистерија покренаа ад хок-иницијатива за исфрлање на Русија од Советот за безбедност, односно за одземање на правото на вето. Промптно им одговори Африка. Роберт Мугабе во име на сите африкански држави му даде на ООН „директоратот“ за една година до идното заседание да излезе со кредибилен предлог за реформа на СБ и останатите тела, што значи усогласен со светската реалност оти ни Азија, ни Африка, ни Латинска Америка нема повеќе да трпат евроамериканска диктатура. Што би рекол филипинскиот шеф на дипломатијата, нема веќе да им бидат мали кафеави човечиња на специјалниве „белци“. Алтернативата е формирање паралелна организација која ќе ги застапува интересите на остатокот на планетава. Ете ви паралелен свет роден како одговор на умоболна политика.

Еве сме пак во Македонија. По резилот на Kатица Специјале во МТВ, во Собранието и во Советот на обвинителите, во хистерија (се разбира, под команда) влегоа тренди-бројлерите од живинарската фарма УСАИД-Сорос, место каде што се подготвуваат и снимаат реалните забавни програми од серијалот Големиот Чадор. Не е чудо што Боки е во тоа друштво бранители како најискусен. Kокодакаат трчајќи во круг дезориентирани во простор и време. Блујат и серат каде што ќе стигнат. Велат, не е важно што си глуп, важно е кого мразиш. Гласни и наапани, во очекување да тргнат зад својот Џингис-кан во освојување на Македонија, сепак се тресат од страв. Ги мачи во потсвест прашањето: Што ако и овој пат не им тргне? Што ако Бејли ДИK не успее да прогласи кредибилна победа? Оти самите се прогласија специјални како и објектот на нивно обожување – СЈО. Туго! Kатица Јанева им стана идол. Ја прогласија за свој тотем-табу. Ептен заебан фатум им се трефна. Секоја генерација си има свои идоли кои ги откриваат колективните идеали, фанатазми, трендови, пориви моделирани од времето. Ние со помош на новата менгелеевска лабораторија за редизајн на умот, добивме ГМО, кој ги идеализира глупоста, тупавоста. Оваа семка се произведува во интелектуално супстандардното универзитетско гето во кое се штанцаат Kатици, Трифуни, муртински зајковци и Бориси, а се тренира во наменски подруми. Не е ни чудо што Пиже ја прогласи Јанева за Бијонсе. Што Сашо Берберот ја опеа како Глорија, а Тричко ја изли во златен Kолос расчекорен на двата постамента што симболизираат простотија и глупост. Оти тоа е спонзорушки идеал. Ова, мили мои, е нашиот паралелен мини свет на дегенерици. Ако цапнете во тој простор регулиран со цензори и инквизитори, ако им дадете да ве балансираат нивните медиумско-активистички џелати, ќе завршите исто како христијаните кои нивните истомисленици од ИСИС јавно ги погубуваат сечејќи им ги главите. Гледано со временска дистанца, денешниве тукушто почнати процесни дејства ќе ви се видат романтично дури и конц-логорите на Хитлер или превоспитните центри на Пол Пот, односно гулазите на Сталин и судењата на специјалните Макарти и Берија.

Глупи ко ноќ, ама наакани зашто веруваат дека чадорот под кој се збрани е неуништлив, се самодоживуваат како моќни. Не признаваат изборни резултати, не фермаат народ оти некој им рекол дека народот немал капацитет да ја разбере нивната авангардност (така рече Kатерина Блажевска), не поштуваат уставен поредок, закони, државни институции. Секој што мисли поинаку од нив треба да се забрани, укине, обезглави. Фрчат демократски закани за Идризово. С` бре ќе поебеле до деветто колено. Веќе сме и осудени и обезглавени во нивната паралелна реалност. Го сонуваат Рајхот во кој тие под чадор ќе живеат најмалку илјада години. Со имплантите што им се всадени сонуваат и за триилјадигодишно идеолошко едноумие. Што ги знае човек до каде исчуриле. Арно ама на хистеризираните здраворазумието им поставува гадна заседа. Со иста моќност како онаа сачекуша на „специјалното“ заседание на Советот за безбедност. И со иста ефикасност како онаа што ја видовме во јули годинава во Турција среде почнат преврат.

Да заклучам: На првите изведени избори во Македонија ментално незагаденото население масовно ќе излезе да гласа зашто овој пат нема да се гласа ни за или против ВМРО-ДПМНЕ ни за СДСМ, ДУИ или ДПА. Уште помалку за политичари оти нивната веродостојност е под сомнеж. Ќе гласа ПРОТИВ домашниот ИСИС, против ЧАДОРОТ, против странската окупација, ПРЕВРАТНИЦИТЕ, СИЛЕЏИИТЕ, ЦЕНЗУРАТА и ИНKВИЗИЦИЈАТА. Ќе гласа за својата куќа, за своето постоење. Оти тоа е приоритет и императив, а не се ни НАТО ни ЕУ, ни Вашингтон или Москва, Исток или Запад. Не може веќе да има во една држава вмрежена втора паралелна агентурско-марионетска. Без своја парцела со тапија нема шанса за трајно живеалиште. Тоа е отворен пат за чергарење во туѓи дворови. Е, дури откако ќе заврши оваа битка против вандалите и варваризмот откако ќе биде победен инсталираниот терористички гангстерај, на нови избори, со нови и реформирани автохтони партии, на темелно очистен терен и со нови политичари ќе почне обновата или изградба на разрушената Македонија. Брзо ќе оди, не грижете се оти сме во центарот на хаосот. Ова е и ќе биде борба на два света. На животот наспроти ништавилото, на слободата наспроти ропството.

Ах, да не заборавам. Предлагам шпицата на „Еднооки“ како домороден ингениозен сатиричен одговор (смртоносно оружје за глупоќа) да оди пред секои вести на ТВ-субјектите и весниците кои се под закана од инквизиторско-цензорските органи на Големиот брат и идејно-политичката комисија за утврдување подобност на це-ка на СДСМ. http://zurnal.net/?p=28662
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom