Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не можат да донесат закон кој би важел ретроактивно, ниту во цела нивна неписменост и презир спрема правото. Дури и најнепсимените селани од најзабателното село од Македонија кои добиваат субвенции ќе им се смеат на такво нешто. :)
Задолжително применување на поблаг кривичен закон
Член 3
(1) Врз сторителот на кривично дело се применува законот што важел во времето на извршувањето на кривичното дело.
(2) Ако по извршувањето на кривичното дело е изменет законот, еднаш или повеќе пати, ќе се примени законот што е поблаг за сторителот.
(3) Ако со овој закон е пропишана нова алтернативна мерка, мерка на безбедност или воспитна мерка, таа може да се изрече само ако одговара на некоја порано пропишана мерка и ако не е понеповолна за сторителот.
 
немам намера да учествувам во никакви насилни протести. А за првиот дел си до некаде во право иако играва уште не е завршена. Пак ќе си се договорат и едните и другите да нема чист победник и губитник. Пак ќе си коментираме овде еј виде како го заеба му го накрши и тн.во следниве месеци :)

Играта е завршена уште пред да почне, да не кажам раните 90ти. Што поголема маса на вразумени луѓе кои сфаќаат со кој си имаат работа без да ствараат идоли и да гајат лажни илузии, тоа побрзо до мирен живот, ама тешка работа тоа.
 
Интересно е како се плашеле да не остане некој дел од опремата неуништен ... на две места ја однеле, пепел да ја прават, ја сотреле целата.

Поздрав
selfije-620x330.jpg


Најдоа лек за Бранко и Зајко, за Љубе и Љубчо, за Али и Тачи, за А1 и А2 ... ама изгледа се сопнаа на женскиве.
 
Последно уредено:
Играта е завршена уште пред да почне, да не кажам раните 90ти. Што поголема маса на вразумени луѓе кои сфаќаат со кој си имаат работа без да ствараат идоли и да гајат лажни илузии, тоа побрзо до мирен живот, ама тешка работа тоа.
Ако не веруваш во идоли (ај нека не се идоли тоа е претерано, туку некаков пример или нешто такво role model) тогаш многу други елементи врз кои се потпира државата ќе ослабнат. Не само тука туку насекаде во светот е така. Затоа имаш унифицирана историја, нација, патриотизам и други концепти.
 
СЛУЧАЈ ТЕЛЕКОМ: Пенов, Жерновски и Јани Макрадули земале поткуп од Маѓар Телеком од 2 милиони евра!

dok11.jpg



и што праиме сега со случај Телеком, а и прашање е зошто па СЈО го бара ??
 
СЛУЧАЈ ТЕЛЕКОМ: Пенов, Жерновски и Јани Макрадули земале поткуп од Маѓар Телеком од 2 милиони евра!

dok11.jpg



и што праиме сега со случај Телеком, а и прашање е зошто па СЈО го бара ??
За да ги ослободи луѓето, duh...
 
ДУИ денес им го сврте грбот за измените на закон за кривична постапка.
Од ДУИ допрва ќе гледаме чешити. Посебно после избори, кога ќе треба да се прави влада на пример. Тогаш ќе има, шо би рекол Влатко Ѓорчев - многу емоции! Анкл Сем си го кажа своето и тие ќе си играат во ритамот на r`n`b-то на западниот шејтан!

Инаку, јасно ми е дека за поддржувачите на ликот и делото на лицето НГ, прв патриот меѓу патриотите антички, останува дека ова е се дело на странските служби, силите на злото небесни и земни и домашната петта колона а СЈО едноставно не важи, не е уставно, кој го е.и и ќе си тераат по старо, ќе ја бранат републиката од пламенот и комбињата и кротко ќе си носат списоци до локалните штапски капоа како и досега, сета да е!
Јасно ми е деца златни, куд уџе лубеница орах се не задржи, не ви е лесно. Ама пропеаа бе пилињата веќе и враќање нема.
 
Последно уредено од модератор:
Во државите во кои власта и позицијата се слаби од вакви или онакви причини се случува хаос. Ако ти си спремен на хаос тогаш во ред. Овде фактот е дека има јака власт со реална поддршка и слаба опозиција. Сега се оди на тоа да се ослабне власта и да влеземе во еден долгорочен ќорсокак налик на Украина или некои други земји во кои амбасадорите твитаа и шеруваа фејсбук постови.

Ова е веќе параноичен изговор што се користи пред свршен чин.

Никој нема потреба да ја става Македонија во ќорсокак бидејќи нема причина за тоа. Зошто би не ставиле во украински ќорсокак? Имаме проруска власт? Имаме нафта или други ресурси за крадење? Промена на курс имаме?

И едните и другите имаат јасна позиција дека САД е нашиот татко и господар и од тоа нема бегање. Тоа и Груевски и Заев го имаат покажано мал милион пати. Како и да заврши кризата тоа нема да се смени.
Така да овој изговор за "мрачни сили" нема никаков контакт со реалноста и се користи за политички цели за луѓе со основно образование што уште дркаат на Слобо, Путин и Русија. Иако во последно време пали и кај порафинирана раја.
 
СЛУЧАЈ ТЕЛЕКОМ: Пенов, Жерновски и Јани Макрадули земале поткуп од Маѓар Телеком од 2 милиони евра!

dok11.jpg



и што праиме сега со случај Телеком, а и прашање е зошто па СЈО го бара ??

{Едит од модератор: Без навреди]

СЈО е формирано за да постапува по предмети прозилезени од снимките. Колку треба да си глуп за ова да ти го повторат милион пати, и пак да го прашаш истото?

А што се однесува до овие наведените, ако било кој од низ земал поткуп, му посакувам да скапе во затвор.
 
Да бе и Роко е член на СДС од 1991. Сеуште е активен. Само реално си кажува на форумов што не може во ОО.[DOUBLEPOST=1459422809][/DOUBLEPOST]
Па нормално избори. За што да зборам, дека ќе апсам некого дека ќе колам бесам? Тоа не го можам. Можам само да гласам.

Не избори. Криминалните дејства немаат разрешница на избори, туку на судови. Ова ти е елементарна работа.
 
СЛУЧАЈ ТЕЛЕКОМ: Пенов, Жерновски и Јани Макрадули земале поткуп од Маѓар Телеком од 2 милиони евра!

dok11.jpg



и што праиме сега со случај Телеком, а и прашање е зошто па СЈО го бара ??

Овој предмет е веќе со години во рацете на вмро и во полиците на Јавното Обвинителство. Чудно до сега не е постапувано по истиот.
 
Ова е веќе параноичен изговор што се користи пред свршен чин.

Никој нема потреба да ја става Македонија во ќорсокак бидејќи нема причина за тоа. Зошто би не ставиле во украински ќорсокак? Имаме проруска власт? Имаме нафта или други ресурси за крадење? Промена на курс имаме?

И едните и другите имаат јасна позиција дека САД е нашиот татко и господар и од тоа нема бегање. Тоа и Груевски и Заев го имаат покажано мал милион пати. Како и да заврши кризата тоа нема да се смени.
Така да овој изговор за "мрачни сили" нема никаков контакт со реалноста и се користи за политички цели за луѓе со основно образование што уште дркаат на Слобо, Путин и Русија. Иако во последно време пали и кај порафинирана раја.
Од какво значење беше Косово за Америка па таму да има база Бондстил и да се формира незавиност? Државите се борат за секое парче земја каде може да имаат влијание на регионот. Никој не вика дека некој во Америка или ЕУ не спие ради тоа што се случува во Македонија ама сигурно не се оставени работите да се одвиваат нормално. Не фантазирам дека Груевски, Георгиевски, Црвенковски а најмалку Заев се некакви независни и силни политичари но секој од нив е различен. Ние имаме ограничен простор за "играње" а од тој што е на власт зависи како ќе го искористи тој простор. Се додека другата страна отворено зборува за компромиси се слика со странски амбасадори и се радува кога овие ќе прднат нешто од брисел или вашингтон, јас ќе бидам против нив.
 
Зошто СЈО не го презема случајот кога двајца комшии се расправаа за ограда во 1953 год во Свирипичино,едниот бил оштетен 5 цм и до ден денес ја бара правдата по судови.Се моли Фатиме да го превземе случајот и да го стави како приоритетен.
 
Еве ај вака, СЈО лови криминалци а испаѓа Верушевски и останатите од Шпион не се?. Кога ќе почнат со нив едвај чекам.[DOUBLEPOST=1459426501][/DOUBLEPOST]
Еве ај вака, СЈО лови криминалци а испаѓа Верушевски и останатите од Шпион не се?. Кога ќе почнат со нив едвај чекам.
БОРИС ЗМЕЈКОВСКИ: (ВМРО-ДПМНЕ) Почитуван претседателе, дами и господа пратеници, предлагам како посебна точка од дневниот ред на нашата денешна седница да се донесе заклучок со кој ќе се задолжи Владата на Македонија посебно министерот за внатрешни работи Јован Трпеновски, да се забрани било какво натамошно уништување на документацијата од работата на Службата за јавна и државна безбедност, до изборот на новиот министер за внатрешни работи.
Овој заклучок го предлагам, бидејќи преку дневниот печат се укажува дека се уништува документацијата од архивска историска вредност на Македонија. Ова особено за клучните периоди од развојот на Македонија, како и друга документација со кое уништување се загрозува нормалното функционирање на оваа служба и интересите на Републиката.
За контрола на извршувањето на овој заклучок, предлагам веднаш да биде формирана собраниска комисија и веднаш да пристапи кон утврдуваше на изнесеното во ова барање и согласно со наодите евентуално да се побара одговорност за таквата незаконска работа
Искажано во 1991 година.
Ајде сега комуњари, што ќе кажете. Сте се промениле. Треба да ве гласаме.... А?
 
Последно уредено:
selfije-620x330.jpg


Најдоа лек за Бранко и Зајко, за Љубе и Љубчо, за Али и Тачи, за А1 и А2 ... ама изгледа се сопнаа на женскиве.
Жена ако не го исцеди животот од тебе, кој друг!? :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom