Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
...ама лично, криво ми е. Затоа што Охрид е дефакто прекрасен. Но, некој има и потреба да знае дека плаќа за да добие нешто за возврат. А, не за да го третираат ко нижа форма на живот)

Уште поодамна имам кажано дека цените во Охрид треба да бидат уште 10 пати повисоки. Охрид ваков каков што е, нема простор за масовен туризам. Но, затоа е идеален за елитен туризам, само за тие на кои крајот од џебот им ѕирка од под ногавицата. :)

Ама за тоа да се оствари, има еден мал проблем. Првин ќе треба да се иселат охриѓаните, бидејќи со таков табиет тешко се прави туризам.

П.С. Знам дека за последнава изјава, Серпико ќе ме мава со терлаците. :smir:

П.П.С. За тие што не знаат и јас сум охриѓанка, такашто ова го кажувам најдобронамерно. :)
 
Ама за тоа да се оствари, има еден мал проблем. Првин ќе треба да се иселат охриѓаните, бидејќи со таков табиет тешко се прави туризам.

П.С. Знам дека за последнава изјава, Серпико ќе ме мава со терлаците. :smir:

П.П.С. За тие што не знаат и јас сум охриѓанка, такашто ова го кажувам најдобронамерно. :)

Да, ама ти си веќе иселена со решен аутлендерски статус. Јас допрва требит да барам чаре :(

Немат мавање со терлаци. Требит тро време да поминит, едукација, образование. Тие шо мафтет со табли Апартментс да имет видено барем во животот шо значит апартман, итн итн.

Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека колку што на поединци во Охрид мора да им се замери за однесувањето кое не придонесува во создавање на подобра туристичка клима, толку и на поединци гости може да им се забележи за потценувањето на Охрид и што тој би требало да нуди за парите кои ги плаќаат.

Муштеријата е секогаш во право, во некоја културна земја. Овде, ни лук јал, ни лук мирисал.

А за цените Прл, т.е. стратегијата апро по капацитетот и можностите, се согласувам потполно. Но последните 5-6 години се оди во потполно обратен правец (зборувам за асортиман на услуги).
 
Да бе ќе накачувате цена.За тие пари ја у турција ќе идам бе будали.Како второ не мрзите од дното на душата,викаш чаша вода,ти носи шише и ти наплаќа.Фала богу дека нема да идам во охрид кој е будала нека оди.За тие услуги зимате 10пати поише.
 
Да бе ќе накачувате цена.За тие пари ја у турција ќе идам бе будали.Како второ не мрзите од дното на душата,викаш чаша вода,ти носи шише и ти наплаќа.Фала богу дека нема да идам во охрид кој е будала нека оди.За тие услуги зимате 10пати поише.

ќе си фатиш женска од охрид и ќе си седиш таму за безпари...ако те сакаТ бабата:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека колку што на поединци во Охрид мора да им се замери за однесувањето кое не придонесува во создавање на подобра туристичка клима, толку и на поединци гости може да им се забележи за потценувањето на Охрид и што тој би требало да нуди за парите кои ги плаќаат.

Муштеријата е секогаш во право, во некоја културна земја. Овде, ни лук јал, ни лук мирисал.

Тука се согласувам. Меѓутоа, со оглед на фактот дека не само на лето, туку и преку годината доаѓам, не би рекла дека се "поединци" во прашање што се однесува на замерка во однесувањето. На какви се` ситуации не сум налетала, ехаха да не почнувам. Нејсе, не мора да ги селиме охриѓаните, но посекако мораме да го отселиме табиетот, нели? :smir:

А има и друга вистина која морам да бидам фер и да ја признаам. Точно е тоа дека и гостите се неподносливи понекогаш. И да биде трагедијата поголема, најчесто се тоа македонците. Барем досега не сум имала проблеми со странците. За чудо тие многу повеќе го ценат фактот дека летуваат во Охрид отколку нашинците.

Врти сучи, пак од нас самите си потекнува проблемот. :toe:
 
Тука се согласувам. Меѓутоа, со оглед на фактот дека не само на лето, туку и преку годината доаѓам, не би рекла дека се "поединци" во прашање што се однесува на замерка во однесувањето. На какви се` ситуации не сум налетала, ехаха да не почнувам. Нејсе, не мора да ги селиме охриѓаните, но посекако мораме да го отселиме табиетот, нели? :smir:

А има и друга вистина која морам да бидам фер и да ја признаам. Точно е тоа дека и гостите се неподносливи понекогаш. И да биде трагедијата поголема, најчесто се тоа македонците. Барем досега не сум имала проблеми со странците. За чудо тие многу повеќе го ценат фактот дека летуваат во Охрид отколку нашинците.

Врти сучи, пак од нас самите си потекнува проблемот. :toe:

Молим лепо. Пуштам рака.

Без никаква намера да ги поставам моите репери за културно однесување како ултимативна категорија кон која некој треба да се стреми, и јас го делам твоето мислење дека табиетот треба да се промени. Треба да учиме од турците, кои се генијалци за гостопримство (како домаќини во Охрид). Треба да учиме од (за жал) странците, кои се максимално коректни (како гости во Охрид). Па не може бе своето да си го потценуваме и да очекуваме дека затоа што ни е „во двор“, треба да се прават специјални метании.

Критика за она што треба да се критикува, осуда за прекумерните критизери кои прават контрапродуктива.

И конечно, Бисеро ле моме Бисеро, околу градското справување со туризмот....знајш и сама дека рибата смрдит од глата, па и пастрмка да е....
 
Како град во кој се наоѓа поголемиот дел од македонската историја а и изобилува со природни убавини, Охрид е град во кој првично треба да се отиде за да се разгледаат сите цркви, манастири, Самоиловата тврдина, куќата на Робевци, изворите на Свети Наум, познатиот чинар во центарот на градот итн. Туристичко место не значи експлоатирање на водени површини (иако тоа е голем плус за градот), туку значи експолатирање на сè што вреди да се погледне, поточно експлоатирање на работите на кои времето оставило свој траг.
Мислам дека цените за престој во Охрид се малку нереални во однос на тоа како живее цела Македонија. Меѓутоа, јасно е дека охриѓаните со задоволство ја чекаат летната сезона за да си се насоберат парички. Сепак, сметам дека цените можат да бидат повисоки, но само за оние кои доаѓаат од странство. За туристите од земјава цените треба да бидат и не толку “жешки“.
Е сега, табиетот на охриѓани е друга работа. Некако имам приметено дека охриѓани сакаат да се водат по она When in Rome, do as Romans do... Но и покрај ова, према странските туристи замижуваат и се многу поблаги со одност. Сепак, од странство се, за да дојдат пак следната година мора да им угодуваат. А охриѓаните свесни дека скопјани а и останатите од цела Македонија до година повторно ќе немаат баш пари за да се пржат на некоја морска плажа, си дозволуваат малку поладен однос.:):):):) Златен Охрид, каков и да е, во срце ми е. Ем корени ми влечат од таму, ем летните периоди од детството таму си ги оставив.
 
Скопјанишча, полека со топлата вода!

Уанаби поп или рок-стар личностите сосема ги разбирам, стварно блескаво изгледат таквиот сон. Ама зато никако не можам да ги сфатам уанаба фолк-ѕвезда луѓето чиј сон е да бидат ко оние од Пинк, телевизијана, не пејачкана, да се разбериме. А во Македонијава и никогаш не се створи некоја фолк естрада или пак некоја ѕвезда ко шо ги имат кај соседиве. Добро, извини, ја заборајв Благица Павловска. Жената која своите дојки ги сметат за национално благо и ги ваѓат по весници во секоја можна прилика. Дури и Памела Андерсон мојт да и подзавидит, жими тебе. Колку се израдвев ко прочитав пред некое време дека му била верна на маж је, кој да ти бил затвор, та освен шо му била верна дури и зела да варосат и да зачистит по дома, да не случајно немојт да ја поднесит промената ко ќе се вратит, да не го мавнит дамла ако наместо затворскиот лукзуз на кој е навикнат најт флека на ѕидон...

И остај шо му била верна нему, дури и на Бога да ти била верна, читам како и се јавил Св. Јован на сон и и кажал во која црква да однесит три кила масло за да имат со шо да прает салата летово попојте таму. Добро, можда и не беше приказната со масло, не памтам баш пошо одамна беше, ама многу добро ги памтам фотките, море не да ги памтам, ми останаја ко траума од детство и ги сонвам понекогаш... Благица, распослана на плочки во поза „си го барам паметот, да не ми го видел некој“, или качена на скала во поза... море бегај таму, какви пози, ти викам трауми си имам сега, се будам понекош во пет сабајле и си повторувам „нема секс без Саше, нема секс без Саше, има будали колку да сакаш, има...“ И стварно имат. Само уште не можам да сфатам кој се палит на братски подадената дојка или чесниот асексуален збор на тетка Благица...

Од каде Благица на почетоков на приказнава охридска? Епа баш пред да почнам да ја пишам приказнава вртев по канали на телевизорон и случајно на една телевизија налетав на некој батко со име Рубинчо и ми го разубај денов да ти кажам право. Еден од оние гореспоменатите уанаба фолк-ѕвезда луѓе. Нешто слично ко оние шо пееја „Две солзи ми капнаа“ или „три кила банани“ само позабавен. Батево викат – „ Нека пукнат сите знаааај, за нас двајца нема крааај, нека пукнат сите знаааај, за нас двајца нема крааај. Јас за тие зелени очи љубовна рана срце ми кочи, јас за тие зелени очи минувам безброј неспани ноќи...“. Не знам дали пукнале сите ама јас стварно пукнав... од смеење. Покрај вака ретардиран текст уште и ко ќе фрлеше некој манијакален поглед кон камерманот, па ко ќе заденсаше, ко ќе се свртеше за 360, ко ќе се расфрцкаше со газон... да ти е криво шо не си камерманот.

Рубинчо да ти кажам право секој ден би го гледал, барем ќе те насмејт чоекон. А шо да речиш вести ко ќе гледаш, да не знајш на која попрво да се расплачиш. Таман си ги забришал солзите, оп – поскапел бензинот. Таман си решил да се возиш со автобус, го поништиле тендерот. Али ко ќе гледам вести најмногу се радвам ко ќе видам како двајца полицајци наоружани со противтенковска артилерија и црни чорапи на глајне носат некоја тетка пред пензија во оние пепел, мепел акции. Е дури тогаш си викам, имало правда бе да му онадам матер, браво бе Гордано, стварно најјака си. Сигурно и теткине шо ги носат то си викет дур пробвет да се сетет дали пресумпција на невиност беше да не ти ја удрет глата ко ќе те ваѓет од Дифендер или да ти дозволет да се нашминкаш за пред камерине и блицојне.

Пред некој ден и кај нас во Охрид, ми се чинит за прв пат, имаше вакво спектакуларно апсење на некој чоек шо пренесвел оружје од Албанија.Аку, аку, дај малку и охриѓани да се уверат во познатата девиза „секој е невин се додека не се докажит спротивното, или дури не излезит на телевизија“, или во онаа на Енди Ворхол дека во развиените општества ќе дојт време кога сите ќе доживеат свои пет минути слава. И пошо Вучиќ одамна ги заврши својте пет минути, МВР останвит храбро да ја бранит оваа девиза. А ако случајно не те стигнит пендрекот на правдата, и така не се прославиш, отсега ќе мојш негде во ЕУ да тргниш во потрага по својата слава.

Ќе ни ги укинат визине бе ееееееееееееј! Можда не ќе мојме да работиме по Европа ама сигурно ќе мојме да ојме на одмор таму. За пари не е проблем, ние пари немаме, а и шо ќе ни се, ко не е се во парите. Најмногу се радвам шо конечно скопјанишчана ќе можат да одат во некоја европска земја да видат малку каква е таму услугата па да не се жалат после дека во Охрид не чинело. А кај нас све европско имплементирано. Или ако ништо друго бар европски цени имаме, а тие пак муабети ни ваѓет. Ам шо море, Струга пубо дан е? Или пубај плажи дан имет, или спасители на плажите дан имет, или дан те пречекат некој на автобуска... Добро, додуша не сум бил на автобуска таму па не знам шо се дешават али пред некој ден поминвам кај нашана автобуска и осеќам ме влечит некој за мајца. Се вртам да видам шо е работава и ко гледам, една бабичка ми се смејт и ме тргат настрана.

„Абе синко, ти си онај шо пишит по весници за скопјанишчана?“ „Тој сум“ – гордо и враќам. „Е, убо кај шо те најдов, ти ми требеше“ – викат бабичкава и потскокнуват од радости. „Шо бе бабе, шо си олку среќна, да не беше кај Брацо да те опуљит?“ „Пу, пу, скраја било, ја Павлета мој си го сакам и не го давам ни за Брацо ни за Брацојца“ „Не бе бабе, не ти зборвам за швалер, за Брацо ти велам, онај бајачон од Хрватска, пред некој ден Скопје шо беше“ „Аууууу, за него ми велиш... абе слушнав за него и му велев на Павлета да појме до Скопје ама тој ми велит – Туристиве кој ќе ти ги чуват, ќе ни ја кренат и куќа и све, не мојш да си сигурен во скопјанишчава. И убо ми рече да ти кажам право синко, не мојш раат да си од нив, а и ја кај Митра комшивкана секој ден одам, та на кафе и на грав знајт да гледат, и ни пари не ми зе...“ – и уште недовршена реченицава ја гледам бабичкава, се затрчвит накај влезон од автобускана и почвит да се карат со некој колега нејзин.

„Море Коле, рековме дек ја ќе ги земам овие, шо прајш сега вака? Малку ти беја тие прееска?“ – фати да се карат бабичкава со чоеков, а дур се караа туристиве си излегоа и веќе и такси си фатија. Таман си реков да избегам дан ми се фрлит и мене да ме карат ил тепат ама дури се спремав веќе се врати и ми викат „Пу, да би пуст останал, онај Коле сите туристи од пред рака ни ги земат, туку шо ќе ти велев тебе... Е, да, напиши, кажи им таму на скопјанишчана да не лажат по многу и да не претервет со барањана.“ „Е шо бабе, шо ти барет скопјанишчана, кажи си, таман ќе ми се најт за следнава колумна...“ „Шо барет... речи шо не барет. За соба од 500 денари сакет и клима внатре да имало, ко ова хотел да е. Еден пак и компљутор или како се викет оние пустине, си донесол, и го уклучвит во штекон, кузнајт колку струја трошит. Едни дечишта некни распуштиле некој музики ѓаолски со дерење, ко им се качив горе, им кажав убо, ги избркав два дена порано... Едни други ми барет чисти чаршафите да биле, а тие само два дена користени, тие шо беа пред нив лежеа само, ја не знам шо сакет, секој ден да перам јас... Пак и научени се, секој ден по два-три пати да се капеле, бољерон нон-стоп уклучен, ко тие да ми ги плаќет сметкине за струја. Абе ако ме вервиш само за струја не ни стигет парите шо ги ваѓаме од гостиве. А и не знам шо луѓе ќе беа, ние напред на времето в село еднаш месечно дали се капевме речи, а овие по неколку пати во еден ден. После од ко почнавме на работа ни рекоја таму секоја недела демек да се капиме ама ај убо то, ама шо било ова... Мало дан им е езероно, искапи се овде, искапи се таму, па пак овде... Молимте кажи им таму, пошо ја не можа веќе да се расправам...“ – ми кажа бабава и замина кај Коле, некој нови гости дојдоа... „Бабеееее, како рече дека се викаш, да знам шо да напишам?“ „Стојна, Стојна напиши таму, и кажи им убо...“

Епа еве ви кажвам убо... Скопјанишча, полека со топлата вода, се карат баба Стојна. Потака ме застана и еден таксист, тој викат скопјанишчава им го земале лебот, пошо Вип, мобилнион оператор, почнал да носит луѓе по плажине со комбе за 2 денари, сега никој со такси на плажа не одел. И слушнал дека Космофон планирале да почнат педалинки да издавет за 4 аТи-Мобајал соби за 7 денари. „А ЕВН струја ќе дават за топла вода?“ – му враќам јас, со надеж дека конечно ќе се решит проблемов на баба Стојна.

Ако не се решит нејзиниот проблем, барем се реши проблемот на уметнициве чии концерти во рамките на „Охридско Лето“ беа закажани во црквана Св. Софија. Владикана Тимотеј уште еднаш докажа дека парите се најбрзиот пат до Бога. Џабе ти е и на виолина да знајш да свириш, и да пејш. За да те чујат светците од небото, а посебно светциве од џипојне, требит да си брцниш во џебот, кој требит да е шо подлабок, бидејќи брзината со која молитвите стигвет до Бога е правопропорционална со големината на сумата која ќе им ја дајш. Немат врска шо државава им дават поклон црква на најубото место во Скопје, битно е тие да не дает нешто така... Пошо нели, Тимотеј ја изгради или реставрираше црквана Св. Софија па сега мојт да го рекетират „Охридско Лето“ или Министерствоно за култура, или пак сите граѓани кои сакет да влезат во некоја од црквиве низ градов а за каде треба да платат по стотче. Еден турист да влезит во пет цркви денес, ете ти ја сумата шо ја ваѓат баба Стојна од истиот турист, а кај нејзе дури и топла вода ќе потрошит.

(ак не се приметвит, авторот е охриѓанец)
(Колумната е објавена во неделникот Сега на 23 07 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 13 08 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 18 08 2009 )
 
На Роџер Санчез кога бил пред неколку дена... 250 денари мало Скопско!!!!!!!!!!! Веќе е претеризам ова!
 
Мал и скромен придонес кон промоцијата на нештата кои неизмерно вредат во Охрид:





И нешта кои не чинат:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom