Ак не ви чинит не идајте

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
E сеа и хамбургерон од Меџик стотче го напрајле. Мислет нас пари ни се претурет од џебојве, ијаме за расфрлање кај стигниме. И тостон италјано од МекДоналдс го напраја 35 место 33.
Бар пицана Славија си останала 70, толку е и чаршија.

Пак муабетов со еден таксист.
Влегвам в кола и му кажвам кај да ме носит.
Таксистон: Имат гужва бе по кафичине? Имат туристи ногу?
Јас: Имат, како немало. Ќе ги бричите сеа скопјанине.
Таксистон: Нее, бе. :kesa:
И возеше стотка на сат после по кривинине, ќе се отпревртев од пенџере ми се чинеше. Го изнервирав пустиот. :(
 
Абре љуѓе. Јас лично ќе фатам да бојкотирам. Мислам стварно не е во ред, плажине ги напрајле цели со бетон, да немаш кај да постелиш крпа и да се сунчаш без да плаќаш посебно за лежалка, пијачка па крај краева и превоз.
Друго, таксистине се дегени со тапија.
Трето, спрајт, кока кола и остало се по 100 денари. Ај шо имет намера да ги крадет туристиве, не’ крадет и нас Охриѓаниве.
Ич да не им дојт ни еден турист до година.

Да сум ко вас, наредна година болкада на влез у Охрид па шипки после туристи за молзење :)
 
А седвам јас во Irish pap и си порачав хамбургер. Фала богу цена 100 денари, и ај сеа тое ќе се напијам и еден спрајт. Хамбургерот 100 спрајтот 80 :pos2::pos2::pos2::pos2:

А и да пекара Арома кренала цена бурек 60 денари, квалитет НУЛА
 
E сеа и хамбургерон од Меџик стотче го напрајле. Мислет нас пари ни се претурет од џебојве, ијаме за расфрлање кај стигниме. И тостон италјано од МекДоналдс го напраја 35 место 33.
Бар пицана Славија си останала 70, толку е и чаршија.

Meџик значит ти е синоним за алчност!!! Па упм, како мојт така не знам, од 70вче (вон сезона), па 80, па 90, па сеа 100!!! Ненормални се или ДА? :uvo:
 
Абе види СЕКОЈ би платил 100 денари за хамургер, ама барем квалитет да е бе да ти е милина шо си дал 100 денари
 
Да бе, секој би платил 100 денари за хамбургер, ама на лето, ко ќе имаш крзно за да те стрижет, тогаш само.
 
А седвам јас во Irish pap и си порачав хамбургер. Фала богу цена 100 денари, и ај сеа тое ќе се напијам и еден спрајт. Хамбургерот 100 спрајтот 80 :pos2::pos2::pos2::pos2:

А и да пекара Арома кренала цена бурек 60 денари, квалитет НУЛА
60 денари буреконннннннннн?:nesvest:
Аман бе, стварно ја претерале...

ова лето цениве стварно скокнаја
 
Абе види СЕКОЈ би платил 100 денари за хамургер, ама барем квалитет да е бе да ти е милина шо си дал 100 денари

Брат то да, ама работава е шо е истиот квалитет и ко бил 70 и сеа на 100, да не речам сеа и помал е, пошо се знајт за 100че требит да е нешто екстра квалитетно хамбургерче, пошо реално многу се 100 денари за хамбургер, барем за мене многу се.
Умреа времината ко можеше за 50 денари да си јајш квалитетен хамбургер, сеа и за 100 не си сигурен шо јајш.
 
Абре љуѓе. Јас лично ќе фатам да бојкотирам. Мислам стварно не е во ред, плажине ги напрајле цели со бетон, да немаш кај да постелиш крпа и да се сунчаш без да плаќаш посебно за лежалка, пијачка па крај краева и превоз.
Друго, таксистине се дегени со тапија.
Трето, спрајт, кока кола и остало се по 100 денари. Ај шо имет намера да ги крадет туристиве, не’ крадет и нас Охриѓаниве.
Ич да не им дојт ни еден турист до година.

A да и да додам нешто, морам.
Кока колата е ЛИМЕНКА. Лименките ги земет 15 денари, ги продавет 90-100 денари. Каде-како, зависит.
Да не помислит некој дека сум угостител, кажвам само колкај магариња не’ прает.
 
Да бе, секој би платил 100 денари за хамбургер, ама на лето, ко ќе имаш крзно за да те стрижет, тогаш само.

Кога може седмица во Скопје и лето/зимо да зима по 100+ за хамбургер што се 100 денара за во Охрид, туристичко место.
 
Ајде де, настрана хамбургерот.
Шо останвит за бурекот, кока колата и слично?
Не мудрувај, дерет многу.
 
абе море 90 динари е хамбургер во Пинк Пантер таму јадете :pos: :pos: :pos:
 
Абе вие скопјанишчава богати сте, ак не друго навикнати сте на скапотија, ние овде цела година за една цена, на лето за друга! :helou:

Епа сега за другите кои не се занимаваат со туризам ќе им биде скапо така е тоа, иначе еве во Велес цените се дупло поефтини од овие ама немаме енѕеро такво :)

абе море 90 динари е хамбургер во Пинк Пантер таму јадете :pos: :pos: :pos:

Ќе заштедат дури 10 денари.
 
Епа сега за другите кои не се занимаваат со туризам ќе им биде скапо така е тоа, иначе еве во Велес цените се дупло поефтини од овие ама немаме енѕеро такво :)

Aбе никој не викат енѕеро море, ејзеро е :)
Зш Вардар мал ви е? Тук заборајв, не се дишит од шо е загаден..
 
Aбе никој не викат енѕеро море, ејзеро е :)

Од кај испадна па сеа ејзеро озбилно така викате или се зафркаваш ? :)
Имаме и езеро ама филмови може да се снимаат за него .. а во Вардар дојди пробај да се бањаш па кажи дали е добро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom