Ајвар

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Ајвар...не го јадам, не дека немам пробано, но не ми причинува некое посебно задоволство:toe:
Кај мене дома сите го јадат, посебно брат ми. Да може и ќе си легне со теглите. Уствари ете он и за мене јаде:)
Како и да е, се ближи периодот на правење ајвар и лупење пиперки, така да наскоро ќе слушам како ми викаат ај земи полупи малку:) Само не капирам зашто би лупела, кога не јадам. Ама оваа година ќе му правам некогаш друштво на брат ми додека јаде, со надеж дека и јас почесто ќе практикувам да јадам АЈВАР:)
 
АЈВАР, уф едвај чекам да дојде сезоната на ајварот. Најомилено јадење во зима ми е дефинитвно лепче со ајвар и сирење. Јадам по десетина кришки од сечениот леб, па сега видете колку го сакам ајварот. Една тегла ми се троши во две јадења, а минатата зима, јадев по цели денови и за доручек и за ручек и за вечера. Последниве години не ми прават ајвар по дома, па затоа се задолжени да ми купуваат. Од сите ајвари најомилен ми е Баш Ајварот...
Зависен сум од ајвар:vozbud:
 
Ахх меко лепче домашно и биено сирење со ајвар...ах ах ах..мераци..
 
Сега е сезона за правење ајвар. Кај мене задутре почнуваат да прават.
 
Фала за информацијава, кај да најдам сега ајвар?! :(

Инаку обожавам ајвар, со сирење, со јајца, со кашкавал... ууууууф ајвар :vozbud:

Сезона е ќе јадеш за некој ден сигурно ќе ти направат :)
 
Некој да сакат да почастит една тегла?
 
Леле ми се смачи веќе од овие ајвари лупење пиперки и слични глупости, ама се мора кога ќе си помислам во зима кога ќе ме чека една тегла на маса...ммм
 
Леле, леле, леле, одвај чекам деновиве или следната недела да ја отворам сезоната на ајвар! Леле, леле, леле! :vozbud:

Си љубам ајвар. :icon_cool
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom