Ајвар

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Ајвааар :vozbud: Мммммм...
Што ми требаше да кликнам на темава :(

Вчера го направија ајварот, и нормално, како и секогаш, дури е топол - макање од шерпата со сиренце, се прејадов вчера... (и секогаш).
А, денес, за доручек ајвар со сирење, за ручек ајвар со салама, а за вечера сменив малку - ајвар со чајче. :pipi:

И сега пак сум гладен да му се сневиди. Ојдов да јадам ајвар! :salut:
 
Има останато 2-3 тегли уште од лани, јбг, само ја така поише што си јадам од цела фамилија, другите ретко. Со нетрпение чекам да дојде викендов, тогаш ќе се прави нов, топол со домашен леб и сиренце, мх мх, мераци..
 
Пред зграда. Сега за сега не стигнало никакво известување, ако бидне и тоа наздравје.
 
а да ве прашам , како тоа правите? каде? зар немаше забрана за правење ајвар ?????
Имаше забрана за правење пред зграда, во двор во куќа секој може да си направи или на тераса.

Него мене ми е чуден народов, како не се договорат сите станари на одреден ден за запалат ќумбињата на балкон и да види владава што закони носи:tapp:
 
Пред зграда. Сега за сега не стигнало никакво известување, ако бидне и тоа наздравје.
како сега -засега? нели од пред две години забранија да се прави ајвар??? пече ракија? тресе од тераса, ќеси у маркети ...
ништо не ми е јасно
и не сум против правење ајвар, ракија... баш напротив - ДОМАШНО си е домашно - него многу нејаснотии -
а ко за пример само, БГ е во ЕУ нели -ама кој ги шљива законите нивни - цела Бугарија периодов мириса на печени пиперки, Софија,Пловдив, Ст.Загора.... ама НИЕ СМЕ СКОПЈЕ - имаме европски закони и уште поевропски казни за плитките џебови на ѓраѓаните .:nesvest:
 
Имаше забрана за правење пред зграда, во двор во куќа секој може да си направи или на тераса.

Него мене ми е чуден народов, како не се договорат сите станари на одреден ден за запалат ќумбињата на балкон и да види владава што закони носи:tapp:

Баш поубаво, `ко за Прочка ќе се соберат сите комшии на купче! Ова е најјако нешто што го направила Владава бе. Прво никој не проверува кој и каде прави ајвар. Не е Гоцка глупа сама да си пише казна. Второ, ајварот е едно од омилените наши јадења, зарем мислиш дека се спремни да ни го скршат меракот до толку?! Плус сега сите си ги откупија местата доле пред зграда, па дома никој не може да ти каже што да правиш, а ако има некој што не му се прави пред зграда и не сака да се дружи со комшиите, ќе си појде кај некое другарче што има куќа и... ајварот готов.

И да не се расправаме јадете ајвар кој се прави во друштво, посладок е!
 
Да да, жените лупат пиперки, мажите пијат пивце, абе мераци :)
 
ооооооо, имало измени - не сум знаел
од Министерството за внатрешни работи утешуваат: ајвар може да се прави! -
Стриктно не постои забрана за правење ајвар пред зграда, но што и да прават граѓаните, отпадоците мора да ги соберат и да ја остават површината чиста доколку нешто правеле. Во спротивно, доколку остават смет, а се фатени на самото место, следува казна од 50 евра - вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.
Но, кому да му веруваме? На законот, на полицијата или на апетитот?
http://www.spic.com.mk/kat/skopje/ke-pravite-li-ajvar.html
 
Да да, жените лупат пиперки, мажите пијат пивце, абе мераци :)

Да, ама претходно мажите запалиле ќумбе и ги испекле :vozbud: абе има народецов наш финти за спремање ајвар :pos:

п.с. треба да се направи една ајваријада, ама целодневна :vozbud: може ќе се пријават 2-3 тима.
 
Да, ама претходно мажите запалиле ќумбе и ги испекле :vozbud: :pos:

.
ama zhenkite se zadolzheni za meshanje, a mazhite za punenje( tegli)
vozbud.gif

--- надополнето ---

Нека ми дојде некој инспектор.Ќе дојде добро за потпалок.
hahaha, toa ke bide isto ko da potpaluvash so avtomobilski gumi-
 
ama zhenkite se zadolzheni za meshanje, a mazhite za punenje( tegli)
vozbud.gif

--- надополнето ---

hahaha, toa ke bide isto ko da potpaluvash so avtomobilski gumi-

хах знаев дека вие мажите ептен си го знаете редот :smir:

--- надополнето ---

Нека ми дојде некој инспектор.Ќе дојде добро за потпалок.

Или ќе им земе некоја тегла за проверка :pos: :pos: :pos:
 
Баш поубаво, ќе се соберат сите комшии на купче! а ако има некој што не му се прави пред зграда и не сака да се дружи со комшиите, ќе си појде кај некое другарче што има куќа и... ајварот готов.

И да не се расправаме јадете ајвар кој се прави во друштво, посладок е!

па и јас тоа го викам :vozbud:
Сама не е добрo да прајш ајвар,сам не е добрo, исто така, но
сам и сама на самo е много добрo!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom