Ај на чај!

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Чај од Јаболка :love: ти ибам вкусот да ти ибам, сум го начекал во маркет 70 денари. Одличен вкус, повелете на по една шоља чај и тазе пита од јаболки од мајка ми :)
 
Откако баталив кафе, се навлеков на чај. Го пијам во текот на целата година, најмалку три шолји на ден и сакам да се заебавам со мешање. Избегнувам кесички.
Микс од rooibos, сушени јаболка со цимет и сок од лимон. Експериментот успешен!
 
Последно што купив да го пробам е зелен чај (Sencha) со жен шен во пакување од Vitalia. Има и 3% цвет од роза за арома. Мераци <3

За да не горчи многу е важно како се припрема. Ставам 1 кафена лажичка во 250-300мл топла вода на ~80° и го држам не подолго од 5 мин. Ако сеуште горчи тогаш е утнат во приготовката. Исто ми горчеше еден зелен чај што го купив рефус од КАМ маркет во кесичка за 50 ден, најверојатно беше слаб квалитетот па не сум купил од тој повеќе. Јас го пијам без никаков засладувач затоа многу внимавам како го приготвувам.

Зелен чај ми е омилен. Ги сакам и планинскиот (ментол), нане, коприва, камилица, хибискус и др. но избегавам чаеви на база на цвет поради алергии.
 
Чај од брусница, со троа повеќе шеќер во него...ммммм според мене нема подобар чај од него.(y)
 
Повеќе користам домашни, набрани и сушени од баба ми или од мене. Уживам во подготвувањето најмногу кога го пијам. Милини. [emoji4] [emoji4]
2eaee16aea2f1e42000917896ce96755.jpg
 
Али и во Кашмир имаат добри чаеви само извадете го од металниот филтер потоа од коа ќе го претурете во чаша прецадете го со филтерот. Многу е повкусен така. Убајни.
 
Чаеви

Чајот е веројатно една од најстарите напивки во човечката историја. Го има во сите делови на светот. Постојат различни видови на чаеви - студени (ледени), овошни, билни и сл. Во некои култури имаат мошне важна улога - нивната конзумација е издигната на ритуал - Англија, Кина, Јапонија, но и во Русија, Индија и во други краишта. Чаевите се познати по тоа што помагаат при лечењето на разни болести, имаат превентивна улога и сл.
Јас ги пијам. Сум пробал зелен, од липа, од кантарион, црн, од нане, маточина, шипинка, жалфија, камилица и повеќе овошни. Го пијам со мед. Но сакам да направам и експеримент со рум, мед и млеко.
А вие? Дали воопшто пиете чај :smir:?
Кај да најдам чај од маточина? Сум слушнал добар бил против главоболки.
 
Кај да најдам чај од маточина? Сум слушнал добар бил против главоболки.
Би требало во аптеки да има, ако не најдеш од некој што си одгледува. Од маточина е добар и за несоница и смирување :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom